Дали ларингит секогаш се лечи со кортико инхалации или некогаш може само со физиолошки инхалации да помине? Исто ако чита некоја мајка од другиве држави ме интересира таму каков е пристапот за лечење пошто баш памтам дискусија дека инхалаторите не се баш достапни за домашна употреба. Во амбуланта одите за терапија или на друг начин се лечите?
@happygirl како сте? ние денес бевме и на матичен, правевме и кс, црп во вис, скоро 50 ама матичнава ми вика може и да е од вирусот зошто леукоцитите се мирни, освен температура нема ништо друго симптоми, ни даде само повеќе течности, електролити и Изопринозин сируп
Најпресно да ти кажам, братучеда имам Германија, малото 11 месеци имаше ларингит, апсолутно ништо, никаква инхалација, никаква терапија, доктор бугарин имале, само надвор да излегувале на ладен воздух, креваше и тт, така направија помина. Ете така, ние ги иструвме со кортико децава.
Eve nie sme Germanija moeto iskustvo e nikogas nemam inhalirano maliot e 5 godini, setanje na ladno, nekoi kapki i kupki so nekoi masla.
Јас. Неам користено ништо за инхалација, освен физиолошки. 2 пати ларингит, ја држеше 2 3 дена, од кој првиот пат во март. Испаѓавме на секој пола саат, пред спиење отворав спалната пола саат пред да легне, сладолед правев, и помина.
@PollyPocket @lackygirl @SanelaS Фала ви многу што споделивте. Ќерка ми во рок од еден месец два пати имаше ларингит. Првиот пат ја фати напад сред ноќ, со многу јак стридор, се гушеше. Испаничив многу, многу лошо звучеше. На итна во систина отидовме, не прими педијатар пулмолог, и даде урбазон инекција, инхалации со кортико и физиолошки и сируп аериус да намали воспаление. Сирупот не и го давав пошто не сум го видела во извештај дека е препишан, помина за три дена и без него. Ај ќе речам ок, стварно страшно звучеше, можеби беше за таква терапија. Секако одма ја ставив пред замрзнувач пред да одиме во болница, малку се смири ама не беше доволно. Надвор беше толку загадено што немаше шанси да ја вадам на таков воздух. Сега пред една недела пак направи вирусен ларингит и не звучеше толку лошо ко првиот пат. Мене лично ми изгледаше дека може да пројде со поблага терапија. Отидов на лекар, пак дадоа кортико инхалации. И се изнервирав, си викам детево зарем секој пат ли вака ќе го лечиме. Читам германкиве само свеж воздух им препишуваат, Лаванда зборува за скандинавија дека инхалатор не ни може да се поседува дома, ме интересираше да слушнам искуства. Ќе ги имам на ум советиве во иднина, барем кога ќе наслушнам ларингит на почеток, да пробам да го спречам пред да се влоши.
Со таков напад првото дете се разбуди сред ноќ, буквално воздух неможеше да прими, по пижами заминавме во итна каде што одма урбазон му дадоја плус инхалација со дексазон, од таму Бт на болница не пратија, значи тоа беше нашад, за тоа верувам дека требаше урбазон бидејќи детето се гушеше, те сваќам што кажуваш, полошо нешто сум искусила. Да не се повтори, имаше после пак ларингитиси ама не ваков напад.
Истиве препораки, со истиов сируп, бебо кашла ко 80годишен пушач и носот му тече, без температура без ништо ама ептен клапнат беше, само лежеше. Црп 2 кома нешто лимфоцитите ниски му беа. Нема потреба од антибиотик само сирупов и проспан ни даде матичната. Како кашлаше до вчера јас бев готова да го носам денес пак. Ама од ноќеска колку толку се смири. Едно ме интересира за што е сирупов? Или мода е сеа тој да се дава? Пошо на уште 2 другарки различни доктори имаме сирупов им го дале.
Мајки некоја финта за ставање Хлорамфеникол маст во носе, нејќе со Бибо стапче ми бега и плаче, синоќа и сабајле му бутнав директ со маста во нос ама ме осети и се расплака, да не има некоја друга финта да споделите?
Ставам и јас. Мијам раце, си ставам на двата прсти по малку и му ставам со прстот во носето. Не му пикам прст во нос, туку само кремчето што ми е на прстот. После тоа му го масирам носето одозгора за да се размачка нагоре маста. Пробував и јас со стапче претходно ама безуспешно, па вака ми кажа матичната и супер поминуваме. Само претходно да го исчистите носето со спреј и пумпа.
Не дека е во мода, ама го даваат за вирусни инфекции и пример сестра ми е фармацевт во аптека одма знаеше кој доктор ми го препишал вика таа и таа докторка најмногу го пишуваат, значи земаат процент...ама дека е добар сирупот добар е
И на синко неколку пати му го имаат дадено, не кога бил болен, туку превентивно, како терапија за подобрување имунитет. Дали и колку имал ефект не можам да тврдам. Во октомври месец бевме болни сите дома. Јас бев крш, толку болна не памтам откога не сум била, најверојатно rsv не имаше закачено. Почнав јас да пијам изопринозин капсули и за отприлика 24 часа се осетив значително подобро. Пак не можам да тврдам дека е само од нив или дека се чудо, ама јас верувам дека подбрувањето ми беше од нив.
@Giovanna ларингит некогаш поминува без кортико, некогаш мора кортико. Зависи од клиничката слика. Ах да и ако одите на итна секогаш ќе ви дадат најјака можна терапија затоа што гледаат најбрзо можно да ги средат пациентите. Плус е на итна си отишол значи стварно си успаничил. Мојот имаше неколку пати ларингит. Само еднаш има примано кортико за ларингит, другите неколку пати само со инхалации со физиолшки сме поминувале. Не се споредувај со Германија, таму е друга културата на луѓето. Ние тука кога е некој болен го топлиме, чај му даваме и се останато што е спротивно на тоа што треба за ларингит. А ако е за ладен незагаден воздух секаде во земјава има некој рид што е над маглата до кој лесно се доаѓа и може да се шета. Ама ајде кој би однел болно дете да шета во планина од нас? Болно дете дома се чува со триста партали на него пошто нели од ладно настинало.
Знам не е за тука прашањево, ако мора нека се премести, ама најфрекфентна е темава. Препорака за лекар нека е и општ семеен доктор само да е темелен и достапен, за дете од 8год во реон Ново Лисиче, Аеродром? Стигнавме денес да не може матичниот да го прими за преглед. На боледување бил, замена нема. Или да ми каже некој дали може во Јане да го однесам денес дали ќе го примат?