Па баш затоа прашувам, ме интересира искуства да слушнам од повеќе различни страни. Некако имам впечаток дека кортико е стандардна терапија за ларингитис, што ете и кај ќерка ми во пракса почна да се покажува така. Искрено за првиот пат кога отидовме на итна не се ни сомневам дека мораше појака терапија, страшно звучеше и се гледаше дека се мачи детето за здив. Повеќе ми беше прашањето за вториот пат, а и генерално ме интересираше туѓо искуство. Драстично различниот пристап од другите држави секогаш ме зачудувал и лично сум отворена да прифатам некои добри практики кои ние тука немаме навика да ги применуваме. Инаку живеам на помалку од 100 метри до шума, од бебе е носена ќерка ми редовно. Ако зборам од личен пример, ни болна ни здрава никогаш не била тунтана во сто алишта, боса на плочки пролазе и прооде. А болно дете и те како би носела на воздух, но сепак правиме муабет за дете од скоро две години што уште не се движи стабилно на таков терен и бара друг тип на логистика и енергија што не е исто со шетање пред зграда. Нејсе, настрана цел муабет, загадениов воздух е нешто што најмногу не погодува сите што живееме тука, веројатно и придонесува потешко да се манифестираат одредени болести и колку и да шетаме по ридови, на крај дома мора да се вратиме. Штета што зборуваме за елементарни услови за достоен живот.
Od tamu se vrativme. Dadoa antibiotik, plus oteceni krajnici. Rekoa na kontrola da go pregledaat celiosno zasto e sega pod infekt. No sum zagrizena. Ima dve i pol godini.
Brufen помага за болка во уво, антифламаторен е и кај нас 3 пати не спаси да не дадам антибиотик баш за уво. Инаку и ќерка ми до 3, 3 ипол години стално страдаше од уво, еве сега скоро 2 години се нема пожалено.
Кај малите деца воспаление на уво е честа појава, бидејќи евстахиевата туба (каналот што го поврзува увото со грлото) е пократка, поширока и поставена под похоризонтален агол. Затоа се акумулира течност и се развива инфекција во увото. Воспаленијата ќе се намалуваат со растот на децата и поставувањето на каналот повертикално.
Мајки дали имате навика да броите чукање на срце во минута? Денес се ревакциниравме со шестовалентна и стрептокока, малата е скоро 2 годинки, малку закаснивме беше болна цело време. Сега ми качува температура 37.7 ама ќе ја следам не и давам ништо уште и некако забрзано ми дишеше, и измерив пулс, многу брзо некако, 125 во минута... се преплашив.. толку брзо во сон..
Немам навика. Никогаш не сум мерела, ама да не си во паника, изгуглај колку е нормално, со таа температура.
И носот и се затна, дише на уста. Ќе пукнам, зарем во ист ден и вакцина и се разболува а пред 2 недели завршивме со антибиотик. Убаво прашав во Јане, дали да вакцинираме денес или да почекаме уште некое време ама дадоа зелено светло. Значи многу сум глупава што ја однесов многу, кој ѓавол ме натера
Види капки или спреј кој смееш за таа возраст како оперил мералис септаназал, да и се одзатне носето. И да не си вакцинирала ќе се настинела не можеш да го спречиш и да си чекала пак може да фати нешто и да одложуваш уште повеќе.
И на големиот син му даде матичната изопринозин од вчера го пие, претходно два дена креваше само температура, сега само кашла ама некако ко по опаднат да ми е слабо јаде и еве сега заспа а преку ден никогаш не спие. Ќе дадам и електролити ќе земам и за кашлица некој туку колку време трае вирусов?? Тој поарен беше на почетокот отколку сега ко треба веќе да помини
Малку се три капки, и по симптоми очигледно му се малку, моево на 6 месеци пие 3 капки. Консултирај се со друг педијатар.
Пред спиење чистиме носе и кога ќе заспие немам проблем да ставам, ама насабајле дур спие му ја ставам втората доза и тогаш ме осеќа дека му чепкам во нос и се буди, за жал кога е буден не дава, ама ај ке пробам вака дур спие со прсти, значи крема на показалецот на двете раце и во исто време му го допирам носето во двете ноздрви, малку масирам и толку?
Да, баш така. Не мора да го будиш, нека си спие. Кога ќе стане ќе му ставиш. Тогаш не е во длабок сон и секако дека ќе осети. Кога е буден јас ставам на една рака, на показалецот и средниот прст. Го земам во скут и ставам во носето, со едната рака држам. За два дена се навикнува и нема да плаче и да бега, ќе види дека не боли. Исто беше и за заби миење, на сила малку, па сега дава. Се плашат и затоа бегаат и плачат.
Дали од салбутамол сируп можно е да се појави забрзано чукање на срцето? Се работи за бебе 1,4г. Катастрофа е, на левата страна цела е запушена, и дадоа и сумамед плус да пие.. прв пат сме волку многу болни сите, и најискрено се плашам за неа, да не има последици некакви...
Да, едно од несаканите дејства на вентолинот е тахикардија. Не знам зошто сируп ви дале, тој е уште полош од растворот за инхалација. Подобро да инхалира, барем повеќе локално само оди. Кај мојава и над 160 еднаш и отиде пулсот после вентолин и од тогаш атровент давам (фала богу многу одамна не сум дала). Последици нема да има, ама мачно е и долго оздравувањето.
Совет или искуство некоја мајка да има. Пред неполн месец имаше излив на десен колк. Му дадоа амоксиклав и бруфен. Крвна слика беше во ред. Пред една недела имаше секрет од носот и матичната даде амоксиклав. Немаше температура, ама се тресеше малку. Пред 4-5 дена почна да се жали дека го боли ногата. Ми рече таа што ме болеше, а покажува на другата. Во неделата забележав дека почна да криви, во понеделник го носам кај матичен. Крвна слика во ред и ми вели дека добро одел. Вчера стана со интензивна болка, не можеше да застане на нога. Ортопед не го прегледа. Се јавив на матичната и објаснив и ми рече мора да биде хоспитализиран. Претходно на преглед ме убедуваше дека во нејзината кариера нема сретнато да се повтори два пати во една сезона. Сношти го донесовме на педијатрија и не хоспитализираа. Резултатите се уредни. Чекаме утре преглед од ортопед. Да напоменам дека има и Бекерова циста на коленото. Каде да барам упат? Имунологија, ортопедија, радиологија?