Остај јас се изедов, многу виновно се осеќав, ама на крај немаше проблем за терапијата, оздраве и по 3 дена почна да ја прима и сега е во ред. Веројатно е вирусот, давај од оние капките за гадење, лесна храна и пробиотик и ќе помине.
Спомна докторката ама рече не би требало вакцинирана е. Почнавме со антб денес две дози, гледам тоа црвеното малку како проширенко е на местото, а отокот вака визуелно ист ми е. Ќе видам сабајле како ќе е ако не ќе одиме на контрола пак за дали ќе е з венски антб. Понеделник ехо има и тогаш рече док ќе видат дали е паротиднта жлезда или друга. Кои симптоми ги имаше и како ги лечеше?
И јас бев вакцинирана, нема веза тоа. Јас имав и на двете страни, прво на едната па на другата. И мене ми рекоа тогаш не би требало вакцинирана е, не ме лечеа прописно. 3 недели ми стоеја ради тоа, место недела, 10кг ослабнав и е едена од најболните работи на која се сеќавам дека сум ги проживеала. Инаку бев 8мо тогаш. Температура, оток со топлина под ушето, прво мал па стана голем како диња, не можев да отворам уста со сламка јадев. Потечени јазли низ цело тело и на крвна слика се гледа мислам. Јас би инсистирала и тоа да проверат. За секој случај не го мешај, заразни се.
Ти благодарам ќе речам да испитаат и тоа. Многу чудно никој во околина не ми пријавил нит па во градинка имаат кажано такво нешто. Се надевам не е тоа, а ако е тоа што може комликации и дали со антб те лечеа?
Нема компликации среќа, не се сеќавам за ант, ама мислам дека не, вирусно е. Ама пак има одредена терапија која олеснува.Кај машките може да се појави оток на тестиси, кај девојчиња на јајници, ама ако се мали тоа не се гледа. Ретко, екстеемно ретко може менингитис да предизвика. Ама нека не ти оди таму умот.
Малава ќерка пак се раскашла. На 7 негде и дијагностицираа грип А , тука баш пишував, кашлаше и тогаш ама не беше она толку многу, сега од завчера почна пак на 10 мин, тогаш во болницата ми кажаа ќе кашла долго време колку е тоа долго не знам, ама дека ќе се влоши не очекував. Дали има врска ова со грипот што го пројде или е нешто ново па сега. Нема секрет од нос , само кашлицата досадна на 5 мин ама се слуша шлајм. И давам Бисолвон сируп против кашлица е пак од вчера го почнав. И сега не знам дали би помогнала инхалација да и направам купивме таков апарат.
Малата имаше излив на колк два месеци по ред,не е страшно само си треба строго мирување да лежи по потреба сируп бруфен, за излив на колк не се дава антибиотик така нас ни беше кажано освен ако се леукоцитите високи па затоа секоја недела правевме крвна слика и секоја недела имавме ехо на колкчиња
Ќерка ми, 5 години, скокаше од стол на мала масичка и неубо доскокна и на работ на масата со сета сила на дундето се удри. Сега ја гледам потечено малку местото и внатре во вагината малку крв од ударот. Сериозно е? Не ми се носи на болницата оти врие грип. Не знам шо да прам сега.
Cinkovit (health aid), immuno cink za deca (hemofarm) или probival сум давала јас. Овие последниве се плус и пробиотик.