Носете приватно кај што биле членката погоре, ете на 14 месеци поминале добро. Моево е поголемо, соработува се, Битола ние на болница бевме. Мајчински инстинкт не лажи, ако мислиш дека има одете и побрзо.
На мала (21 месец) и падна телефонот на прстето на ногата и моментално подсина. Почна она да оди да трча од кога се инаплаче ама сега ми е на мисла, плис прстето и е како црвенко.. треба ли некој посебен третман, маст, облоги или било што? Пошо ноктињата ептен и се мекички уште
Дали некој имал ситација кај дете 4ипол години, носот затнат и никакви други симптоми (можеби малку солзење на очи но веќе пие сируп за алергија). Спие мирно ама секрет низ грло голта ли голта кога ќе се сврти. Да напоменам не течат ни мрсули ни водичка, буквално ништо.
Сумамед антибиотикот уште колку денови делува? Ќерка ми го испи завчера ама уште секрет има баш сега во сон се закашла ептен неколку пати и поврати секрет на крај. Се надевам дека уште делува?
Мајки,ќерка пиеше алмацин..и' давав и пробиотик секако. Еве два дена се жали како мешето ја боли,дали е можно од антибиотикот? Досега не е имала така болки од ат. И што да и давам да не ја боли меше? Има малку дијареа и давам и пробиотик.
Јас и давам од чоколадните мечиња ги сака што знам. Може и да сменам ако продолжи да се жали,ат не давам веќе заврши,ајде може и меше ќе помине.
Синко трет ден со вирус. Не повраќа (само првиот ден), во ве-це еднаш дневно (диареа) и е малаксан. Одбива да јаде, по 2 бисквити неколку пати дневно. Пие чај. Пие ентерофурил и пробиотик. Како да му помогнам? До кога ке трае вирусов?
И мојата е таква 3 ти ден денеска.Сакам да заврши ова...не можам да ја гледам таква,башка што и се разгалува кога е така,тоа е па друга прича.
Еднаш дневно не е дијареја, течна столица е. Дијареја е ако има 5-6 течни столици во еден час на пример. Ентерофурил за една течна столица не се дава, за повраќање па ич. Пробиотик, електролити и многу течности. Сува и лесна храна, незачинета и најарно варена за понатаму. Ќе се оправи, не давајте антибиотици без добра причина, макар бил и ентерофурил.
Мајки, ќерка ми е скоро 2 години. Ја приметувам сега во спиење престанува да дише 3-4 секунди па пак продолжува. Дали е ова нормално? Дали некоја има искуство ? Утре ќе ја носам на лекар
Мајки, 3 ден температура. Над 38,5С давам наизменично еферелган и блокмакс на 5-6 саату. Вечерва до 40С стигна, а бевме 2 пати на лекар, чисти градички денес. Наводно вирус е и траело и до 10 дена. Мене ми е ова премногу. Дете скоро омалаксано, треска, црвени очи, сува кашлица....како ќе ја издржиме ноќва, не знам. Или Козле да одиме?
Од понеделникот имате темп до среда му траеше до 39 одеше црвено грло имаше антибиотикот пие од средатата кашла со слајам го искашлува ама незнае да го плукне до кога трае кашлицава?
Duplo. Tri dena pie uste tri deluva. Ama obicno se pijat dve dozi , znaci sest dena. Taka do sega nas ni go davale. Moze i e alergiski ili virusno sekretot pa zatoa da ne ne deluva antb. sto e cudno da ne deluva Sumamedot e jak.
Takov e gripot. 40 i tesko se simnuva, trae nekolku dena, pa den dva e ok i posle uste nekoj den povtoruva.
Хелоу мајки. Претходно пишав,ќерка ми ја чувам во изолација дома веќе 3 недели, бидејќи сакаме конечно да се направи операција на кила. Последно јануари беше болна, примаше и антибиотик заради бактерија во носот. Скоро месец дена е супер здрава, без ни малку секрет од носот, со апетит, весела... Пред две недели имаше ЦРП 17, а кс одлична. И давав изопринозин. Пред една недела ЦРП падна на 3, кс повторно одлична. Закажавме операција за во петок на 07.03. Ме мачи што цело време поткашлува, значи не знам од каде. Нити секрет, нити црвено грло, кс супер. Посебно наутро. После попладне ќе се смири. Ноќе мирно спие без еднаш да се накашлат. Дури и некој звук се јавува во градите како свирење пред да се искашла. Потоа чисто дише Од што може да биде? Алергија? Нити се подобрува нити се влошува. Се слушнав со матичната ми рече само инхалација три пати дневно со физиолошки. Ме фаќа страв дали ќе ја фатат заради анестезијата. Веќе од септември никако да биде. Некој совет за оваа досадно поткашлување? @Annath @KuklickaSk ве тагнувам како најискусни и најактивни тука. Ви благодарам
Ние опериравме трет крајник, син ми беше со обилен секрет од крајникот. Здрав на слушалка, крвна слика супер и го оперираа со толку секрет. Што значи фати анестезијата и на толку секрет и подкашлување од што се слеваше.
Ти благодарам. Со целосна анестезија бевте? Не знам дали исто третираат, бидејќи два пати не вратија од болница поради ЦРП 8 а требаше помало од 6. Другиот пат заради црвено грло