Од греењето може, воздухот се суши. Честа причина за кашлица е тоа. Не се секирај, немаш потреба ништо да правиш. Барем според мене, ако детето е здраво, активно, весело и има апетит, нема потреба ни од инхалации.
Од климата е, или алергиски. Пробај со аериус дали ќе се потсмири. Супер за црп-то, мило ми е што излезе дека не е ништо, како што пишав.
Ти благодарам. Се на се до 10 дена треба да помине? Инаку, црп 14 и и вклучија амоксиклав ноќеска. За нијанса е подобро, но изгледа ќе си тераме 10 дена.
Да, кратко после изопринозинот испитавм. Изгледа на заминување беше вирусот. Уште ова да помине, па ќе се пуштам малку. Пола година во набљудување и бркање симптоми ми помина. Чекањето е страшно. А за сосема дете да оздрави знаеме сите колку треба Ве гушкаме
Вчера вечер бевме Козле заради ларингитно кашлање и температура. Според КС докторот рече не може да одреди дали е вирус или бактерија. ЦРП 17. Рече да следиме до недела, дали ќе има температура до тогаш, ако да, да земеме Сумамед. Во меѓувреме инхалација. Е сега, многу полошо му е кашлањето, и на интензитет и квалитет. Има светол секрет во нос од сабајле, не е зелен, но еднаш пак имаше температура. Не знам што да правиме, дали Сумамед да земеме или да не го труеме ако е вирус.
Со лесно нека поминува. Знам што значи да спушти за неколку саати, малово така ми прави веќе неколку пати. Добар и на нога и во нареден момент го осеќам дека лошо дише, направил наод .
Вомитусхил чепчиња за повраќање колку пати на ден можам да ги клавам? За. 2 месеци ќе прај 3 години. Локомотив сируп можам да давам дека нема 3 години? Ексик веќе од болештини
Како беше тој спрејот за нос за децава што имаше јака пупмица, јак распрскувач и се чини до мозокот те одзатнува? Лани го земавме, годинава неможам да се сетам кој беше, изомар, синомарин, септаназал…сите ми се вртат во глава. Нешто мислам 360 имаше во името
Мајки од што може да излезе модрава точка на оково? Се слушнав со докторката вика личи на модринка,да почекам два-три дена па да и кажам. Иначе не е удрен. Дали некоја има вакво искуство?
Лелее со лесно да го минете. Не ви е страв да давате на деца Тамифлу? Или мора? Немам искуство со лекот, а не сум чула на некое дете да го дале затоа прашувам.
Имам јас пиено тамифлу повеќе пати. На дете од 17м ќе дадам по препорака на инфектолог кој дава и на своите деца. Лекот има многу малку несакани последици, а со оглед а тоа што малото до пред 15 дена беше со пневмонија од рсв, бирам да дадам лек кој би му спречил повторна пневмонија, а е одобрен за користење кај деца, отколку да ризикувам пак сериозен наод на плуќа.
Нека поминува само побрзо и полесно. Штом е со препорака од инфектолог, нема збор. Многу е лош грипов посебно кај возрасните, мислат дека им дошол крајот.
Му даде антибиотик? Јас би дала, без да се мислам. На ќерка ми, со црп 14 и многу црвено грло, тт 40С третиот ден, и дадоа амоксиклав. Веднаш го почна и еве денес е многу подобра. Грипот развива секундарна бактериска инфекција и во тој случај мора антибиотик. Подобро антибиотик, отколку секретот да се спушти на белите дробови.