Да, памтам дека сум тумачела таму резултати од вас, не ми е проблем формата на пишаното, и најмалку е битно. Референтни вредност за обичните граѓани по мене не ни треба да има, зошто им се? Секоја лаб си има свои референтни вредности, и по нив се резултатите. Здравството какво ни е, па не би коментирала за други. Се трудам колку што можам јас, од петни жили. Но само неколку птици не го чинат јатото. Затоа сега си работам чисто за мене, и за пред мене да сум со чиста совест. Искрено кога ги видов не ми беше ништо заметно, може зошто ги разбирам ознакиве, па не ми беше ни чуден резултатоток ми е
И јас го лечев син ми, сред зима на свеж воздух покрај море. За чудо воспалени уши, црп 29 и леукците 19,5 се смирија со свежиот воздух и овошјето.
Мајки што може да биде ова? Сега јаде во хранилка и случајно ја приметив... по раце и нозе (засега само по стапала и дланки) и малку накај лакти поситни точки има... Моб ми има некоја глупа опција и ми мазни, неможе да се исклучи... има повеќе на дланката одозгора...
Варичела има прележано? Додуша Матео имаше слични и ни рекоа молоски, вирусно, ама отидовме на дерматолог со едно ко лупа го гледаше вика каснато е. Со синопен помина. Ај однеси до лекар.
Малата е ова... нема она прележано варичела и на мене ми личи како варичела. Трудна прележав со неа и не се знае дали има антитела и може да очекуваме да фати некогаш... Гледам и ги чешка Сама сум до 3, па после 3 ке ја носам, каде само?
Малата моја е целата со такви, по дланките и по стапалцата, јас мислам од комари што ја касаат е, не сум ја носела на лекар. Едит: Еве слики од мојата, сега видов и на главчето има, кај нас деф е од комари.
Според мене ова е Варичела. Распрашај по луѓе што сте се дружеле дали имало некој. Иначе со лесно, во лето викаат полесно избиваат, ама па од пот поише ги чеша. Не знам совет искрено, мојот во зима изби. Со лесно!
Не е варичела ако нема по телото. Или каснато, или molluscum contagiosum. Ама, повеќе ме влече накај првото, намачкај синопен и види.
Ке видиме до вечер, на синко на чело му излезе прво варичелата, па затоа си викам нема правило некое.. Спие по кратки, па и комарец да е зар само по дланки и стапала да ја искаса... Башка има алергија од комарци и кога ке ја касне има оток 2 дена огромен... Скоро беше со уво огромно и пиеше летизен за увото... Може да се вирусни брадавички.. имаше еднаш и малиов, личи и на тоа...
Варичелата обично од главата почнува, не од раце и нозе. А ако има алергија на комарци, може не е тоа. Вирусни брадавички идат во предвид, како и молуски. Најточна дијагноза лекар ќе ви даде.
Има и на устата две, сега ја анализирав Овие другиве некако чудно жбувнаа поголеми... Најверојатно и во уста има зашто не сака да јаде и ми се жали пика прст во устата... леле цел јазик и е!!! Сега ми го испружи..
Hand, foot and mouth disease? Така личи според распоредов. Пошто ете, и во уста...чудно е што немала температура. Следи ситуација, прашај и матичен доктор. Се е можно.
Или варичела или hand, food and mouth, комарци не е, ни молоски не ми личат, тие немаат црвенило. Ама дефинитивни доктор ќе каже. Мојот варичела без тт ми истера, ниту еднаш не крена.
Доцна одговарам ама да пишам дека го однесов Прилеп на болница и му го снимија ножето, рекоја дека внатре нема ништо. Ја видоја снимката 2 ца доктори. Сега понеделник и ортопед ќе ја види. Незнам што е. Уште има оток. Оди нормално, трча ама ако го стегнам го боли.
Мајче што и да е лесно да поминува. А за варичелата, чисто информативно, пријателка моја фати во 8 месец и малиот и сепак ги прележа после на три години.