Дааа, одма Сумамед, уште синоќа, не можев да чекам до утрово, страшна кашлица и како мачиња во плуќата да има од свирење. И од денес му ставив и Вентолин во кортаирот (по препорака од Козле). И фала Богу, за нијанса е подобро.
Само со лесно да поминете. Мм пиеше тамифлу јануари за грипот. Многу лесно го помина. Инаку тој толку тешко поминува корона, грип...
Да не мислеш на назалис релиф? Софија знам еднаш тука по твоја препорака го земав и стварно се вади од нос. @KuklickaSk со лесно да ви мине,леле ти се изнамачи со малово
Мајки од што може да излезе модрава точка на оково? Се слушнав со докторката вика личи на модринка,да почекам два-три дена па да и кажам. Иначе не е удрен. Дали некоја има вакво искуство? Го носев и на матичен, освен маст хлорамфеникол ништо друго не ми кажа освен дека не е ништо. Точкава сега е црвена ја има од неделата,ве молам ако некоја имала да сподели искуство? Многу сум испаничена,прв пат му се појавува иначе 4 години е.
Здраво мајки, сакам да ве прашам после која доза од антибиотик почнува да се гледа подобрување малку? Малата 5 г. имаше 4 дена ниска темп 37.6 најмногу и растечен и е носот, во неделата почна да кашла. Вчера бевме на контрола ни кажаа почнала да спушта (некако чудно кашлаше ни суво ни влажно) и ни дадоа лекоклар да пие. Две дози испи досега, некако кашлањето и е повлажно, цело сабајле си играше сега клапна уморна и ја пипкам пак топла, малку качила. Утре сме пак на контрола, незнам дали да почекам или да ја носам до после.
Дали ви дадоа и инхалации? Мислам поефективни се тие за лекување на бронхити, пневмонии и слично. Инаку после 3та доза мислам беше за атб, ако не сум грешка.
Не ни дадоа не ни кажаа што е, само ми кажаа дека почнала да спушта. Јас се мислев да почнам на моја рака само со физиолошки. Не сум баш искусна со антибиотици, еднаш лани имаше пневмонија почетна и помина со сумамед 3 дена само и два пати за уво има пиено атб, знам дека одма имало ефект, затоа се загрижив сега.
За спуштено секогаш добивала инхалации со Вентолин, Атровент и слично ќерка ми, ама ова само со дозирање од доктор. Никако на своја рака. Ако ти е сомнително може и денес да ја однесеш на доктор.
Фала ти многу за одговорот. Ќе се јавам да препрашам кај матичната што е најпаметно и ќе прашам за инхалации.
Ние сме лечеле вирусна пневмонија сами со инхалации, без антибиотик. Треба да се даде вентолин и пулмолорт ако има наод на плуќа. Тапкајте го плус детето. Update за грипот (потврдена инфлуенца А на тест) и тамифлу. Температура 48 саата до 38.2. Кашлање минимално, грип пројден на нога. Брат му и ние не префативме. Ете совет кој сака може да си бара тамифлу следна сезона, да не се мачат сите по 2 недели.
Фала ти на одговорот. Незнам што да кажам, директно на атб ја ставија, никакви инхалации не спомнаа. А знаете кортаир и пулмикорт дали е истиот лек?
Максималната доза на таа килажа е 420 г. Дај три четвртини, а мислам можеш и цело. На моево цело апче сум дала во ваква ситуација.
I uste edno prasanje, za suva kaslica osven inhlacii so deksazon sto drugo mozam da dadam? Dva dena inhaliram i nikako da se razvlazni kaslicata, na gradi nema nisto
Здраво на сите прв пат ја читам темава онака ми текна дека ќе полудам веќе..машкото ми е скоро 4г женското 13м една недела ако се здрави наредни две недели обавезно редовно секој ден на лекар сме. Е сега машкото моментално не ми е добро вчера мораше инфузии да прими јака треска имаше температура час качува час симнува пие сумамед инхалации со вентолин и блокмакс за температура ,а малата денеска заврши со терапија пиеше сумамед а претходната недела инекции примаше. Што правите со температура како најлесно се симнува ? Препорака на витамински сируп ? многу бев против си викав се ајде бе деца се ќе се разболат ама глава не можеме да кренеме од доктори.. Температурата ме плаши,а ќе немам два пати да му дадам ако качи до сабајле има ли некоја разлика со цена на рецепта и без? Бар да не се мслтетирам до матичната ако е некоја мала разлика на блокмакс ?