Што ќе немаш да му дадеш, сируп за температура?!?! Ами ако во 4 сабајле качи ( не дај Боже ) 40 тт ?!?! Не се оставај без сируп за тт дури и кога се здрави децата, дома стално да си имаш. А сега побрзај до дежурна аптека и купи си. Оти сезона на грип е , а тој е проследен со високи тт . @pepapa 3/ 4 парацетамол апче и овде на форумот така ме советуваа и матичната истото ми го кажа. За сува кашлица освен дексазон инхалации можеш и сируп Лихен Форте, но по мое клучни се инхалациите.
Ќе дадеш тоа што имаш, во случајот сируп парацетамол. Утре набави си дома БлокМакс, поефикасен е за висока тт. Со лесно да минете.
За сува кашлица не се дава инхалација па и дексазон плус , кој ви кажа така да инхалирате? Не секоја кашлица се лечи со инхалации
Кога имаат децата треска што им правите ? Ја не знам дали да го покривам дека после нагло качува тт и после треба време додека да ја симне.
За течни столици шо давате? За 2 месеци ќе прај 3 години. Денес 5 течни столици, еден ден повраќаше и температура ден и пол креваше. Само пробиотик давам сега, друго нешто плус можам?
На треска по правило се затоплува ако го треси не се тушира, џабе го ладиш кога ќе крени за брзо, гледај раце нозе да се топли и кога ќе крени 39 го тушираш Јас вака правам оставам да крени обично 38.5 до 39 зависи колку ќе крени но има треска го оставам уште малце да крени, кога надминува ставам топла вода жешка во нешто и нозете внатре, дадено сирупче и ладам со алкохол мешан со топла вода на грбче секаде освен на нозе долу и раце, ставам влажни под мишките натопени со алкохол, давам вода да пие колку шо можам повеќе го ладам дури и маичката е скроз водена и чекам да се намали температурата, масирам ножиња и рачиња да се врати циркулацијата. Ставам алкохол на маичката така да се исуши дури. Ако некогаш е навечер вака сигурно нема да седи да го ладам со облоги тогаш го легнувам во коритце со топла вода и така постепено се лади. Бруфенот држи подолго од Парацетамолот кај нас парацетамол слабо делува при високи температури но сепак давам наизменично.
Дали имате сретнато како алергија на обравчињата и не знам дали е баш алергија но му станаја рапави и црвени, од шо можи да биди? Не го бришам со влажни но давам некое време мед во млеко, дали може да е тоа? Само на образи е вака, не чешаат. Друго пие многу сок помалце вода периодов дали може да е тоа и почнав да давам бимунал па не знам од шо му се јавува.
Ако почнала да спушта треба да се инхалира, антибиотик во тој случај може само да влоши.. најчесто кај децата инфекции на горните дишни патишта се вирусни, па доколку нема одкриена бактерија нема потреба за антибиотик. Мислам дека некоја членка ти пиша со што треба да се инхалира ако спушта,разговарај отворено со матечен и барај објаснување. Доколку имате бактерија тогаш повлекувам коментар за антб.
Otkako ke kaci temperatura deteto posle kolku vreme nosite na lekar za krvna slika, posle 24 ili 48h e pravilno?
Јас носам во зависност од тоа колку крева и на колку часа крева. Ако е набрзо многу и висока и порано имам носено.
Здраво, Дали на некој му се случило детето да се потресе 2-3 секунди повеке пати во денот. Ги подига рамењата, се стегнува и се потресува за неколку секунди. Рачињата (дланките) некогаш се стегнати а некогаш прстите се раширени. Он понекогаш и се смее додека го прави тоа. Педијатарот вели не е ништо тоа, го прават некои деца и после извесно време престанува но јас сум загрижена и незнаѓ дали да направам преглед кај невролог или слично. Некој искуство?