Може да држе 7 до 9 дена. Давај и пробиотик. Има уште температура? Ајде ќе помине сто пати сме поминале стомачен, ич не се стресувај, кај нас еднаш сите не фати, немаше ни кој за кој да се грижи, пази да не се префатиш, мијај раце постојано. Ќе даваш кога е гладен од ова, може и банана, добро е што не повраќа, соленки земи и вода до него да пие цело време, утре ќе му дадеш и супа од петел и копанчиња свари со сол да касне, лебче тост може да даваш , јас сум давала со путер и сиренце. Треба време да се исчисти од вирусот затоа ќе има пролив некое време. Само не давај од другиве работи шо може да предизвикаат повеќе.
Мојот го држеше темп 4 дена цели ама највисока беше 38,7. ЦРПто беше мирно кај него. Кашлаше од почеток , после 4тиот ден почна со шлајмови па демек се смири 3 дена и еве го после 10 дена спушти на плуќа.. да не треба брис да направите да проверите?
Нека земат брис, ако е грипот имаше моето 9 дена темп. После два дена е некако рано за крвна слика. Ние направивме брис, излезе дека е грипот и после 8от ден крв слика чисто да видиме црп, беше добро. Но таков е грипот.
Леукоцитите се високи, но не може да се види точно што е и подобро со брис веднаш се знае дали е актуелниот грип сега шо се случува. Си знаат докториве барем кај нас кај шо го носиме оние предлагаат веднаш брис или само крвна слика, но бидејќи имаше многу долго температура и висока, предложија покасно и кс за да знаеме да не се накалемила бактерија.
Треба да има, само кој ќе биде е прашање. Јас сум одела. Ме примале и на незакажано меѓу пациенти кога било итно, ама ние одевме редовно на рутински контроли. Ако е болна кај Искра сум барала да ја види.
Абе било кој нека биде само да ја ѕирне...минатиот месец беше со грип, еве ја сега трет ден со температура над 38.5. Крвна слика топ, црп мирно.Матичната ми вика уживај ќе помине ама дека не ми се разболува често па малце ми е шубе Без кашлица само мрсул
Како правите инхалација кај година ипол? Нема шанси се пробав и не, вришти, плаче, трга маска, се бутка абе исто ко со лав да се борам. И цртани и играчки и се можно. Постои ли некој не толку бучен инхалатор да земам, во спиење да пробаме? Вече страв ме фаќа да не спушти недај Боже, нема начин како да и правам инхалација.
Мрсули какви? Брис да направиш евентуално. Ако и е мирна кс и црп исто ќе ти кажат. Мојата и јануари и февруари имаше температура од различни вируси. И се зголемува ли период на качување? Пример качувала на 6 па на 10 саати. Колку тоа над 38,5? Јас ако ми е ок знам и на 39 со 2-3 да ја оставам ако знам дека е вирус. А ене ти го и козле за на дежурен.
Има, јави се само да видиш која е. Има нови покрај Јадранка и Марина, Маја и Гордана па малку се растерети.
Мрсулите и се зелени. Грло чисто. Температура во 2 имаше 38.7 пред тоа сабајле 38.5. еве ја стана од спиење ама цела е крш. Вчера и завчера имаше живот во неа, денеска ми е некако ептен тапа.
Искрено не не упати ниту брис ниту крвна слика да направиме. Крвната слика јас отидов да го боцнат за да видиме за што станува збор толку висока температура. Самата матична вика дека е до вирусот дека ќе му помине, но денес му отекоа и очињата од што е омалаксан… има мрсули, кашла од време на време, вчера вечерта пак качи температура…
Golemata ic ne e dobro, zatnata e cela, kashla, kreva temperatura. Krvnata slika pokaza niski leukociti, kao grip rece maticnata, gradi bea ok vcera, samo grlo crveno Kazete dali da ja nosam utre za antibiotik? Ve molam za sovet, zagrizena sum mnogu. Od petokot vecer kacuva tt.
Јас погоре ти пишав ама викаш леукоцити јас ги прочитав лимфоцити, при вирус лимфоцитите може да бидат покачени а леукоцитите се на ниско ниво. Кога нема бактерија нема да се покачени леукоцитите. Не е за антибиотик засега нема потреба од антибиотик.
Денес прочитав дека од висока температура може да се добие удар и после да остави последици,прашањето ми е колку време треба да имаш температура за ова да се случи и колку висока?
Јас би правела брисеви и контролна кс. Касно гледам може сте биле веќе. Ќе покаже на кс дали е за антибиотик. Да не сте ја направиле таа рано многу претходната. Може да е и бактерија ама и не мора, мојта имала зелени со чисти брисеви. Ама може да ви дадат локален антибиотик. Ако е затната септаназал прскај. Течности и електролити давај и чисти нос често. И ако не сте биле на доктор, а ти е шубе отиди на дежурен ќе и направат и кс.
Многу ти благодарам за одговорот. Едвај ти враќам, не префати сите. Јас сум со мачнини и нагони на повраќање, кренав и температура, маж ми со пролив и омалаксан. Детево се исцеди од столици значи вода кака, газето му е жар црвено. Успеав да изблендам компир, ориз и морков и така ги дадов маскирани со јогурт инаку ич ништо ама баш ништо не сакаше. Фала му на Господ, нема температура. Леле, нека помине побрзо
Над 42° , не знам колку денови Тоа е практично невозможно Јас имав 41° 3 дена и после завршив во болница, немам последици од тт