Имаше 14 месеци октомври беше тоа, цицаше и моево (уште цица). Па не пиеше многу, само вода малку, плус тоа што цицаше. Ама премногу столици беа, 4 дена дома плус 4 на болница. Само инфузиите што му течеа таму, 8 сати денот, по 4 сати една беше. Мачно мн поминавме, тогаш прооден одвај го држев, на цицка по цел ден беше. Со помин нека ви е. Да не се повтори
Мојата беше прошли месец така 5-6 и маж ми фати, јас не. Можно ли е од стомачен 40 да крева, стврно несвојствено ми е. Не јаде, вода и електролити пие. Се зголемува време на кревање од 3 на 5 саати ама пак ми е мн висока, и мириса на сулфур кога ќе прдне, а се нема искакано од вчера.
Леле почна и да кашла, што е ова сега повраќање, пролив, температура, сега и кашлица. Каков вирус е овој измешан почнав да паничам
Сега ве читам, исто сме само што почна со повраќање, па пролив, па температура, па еве шести ден денес кашлица. Дали сте подобри? Што давате ?
Само првиот ден повраќаше само од себе, после тоа имаше гадење, пример од електролитите повраќаше, од смектата, од многу кога форсирав течности на сила, 4-5 пати досега пример еднаш во денот. Проливот е од понеделникот поручекта, ама вчера вечер намали, денес само еднаш е течно какан. Мислев готово, уште инфузии да се рехидрира (има кетони и денес во урина) кога почна да кашла. Брисеви правевме во вторникот чисти беа.
Toa e dosta jak antibiotik. Ist sostav kako Baktrim porano sto bese. Dali samo za zatnat nos i sto potkasluva vi go dale temp nesto drugi simptomi? Bris napravivte li? Ima li dokazana bakterija? Jas ne bi dala bez dokazana bakterija a togas sigurna sum deka drug antibiotik od antibiogramot bi odbrala doktorkata.
Нема тт,само симптоми што ги пишав. Пред два месеци имаше бактерија во нос мораксела мислам се викаше без симптоми
Работи ли утре некоја лабораторија? Синлаб ми дава во понеделник дека отвара. Каде можам утре брисеви и кс да правам и брис за стрептокока, во козле имаат или систина
Козле имаат за КС, брис тек во понеделник им работи лаб. Види Авицена, иако мислам дека никој не работи.
Биотек во Ѓорче мислам дека е дежурна во недела, ако ти одговара локација. Јави се утре за секој случај.
Немаат во систина, освен ако не добиле во меѓувреме. Има во биотек утре работи во ѓорче и капиштец. Инаку кажете чаре за ларингит ноќва да ја поминеме. Моментално е на тераса ама па не е толку ладно...
Би требало да биде добро. Оставете прозор или врата од надвор за да дише ладен воздух или проветрување почесто.
Ако е како напад облечи го и надвор, одма ќе се смири од ладниот воздух. Во неделата ноќта моето имаше напад, од саботата почна да кашла ларингитично, неделата во 3ч ноќта стана и неможеше да диши, отидовме на итна, урбазон му ставија, мораше, плус инхалација со дексазон таму, после др ден кај матичната, рече само Лоратадин да даваме, без инхалација, кашлаше до петок, 5 дена давав Лоратадин, без инхалации помина, освен таа една ноќта и урбазонот на итна.
Кај носиш на итна? Кашла моево, прв пат има вака, ја однесов во систина на ургентен вчера ни дадоа инхалации за дома а таму и направија инхалација со адреналин и се потсмири малку. Ама синоќа кога ја легнав се раскашла пак. Нос и тече плус подолго време. А бато па има бактерија во нос се надевам нема и малово да префати недај Боже уште тоа.
Мајки совет што да правиме веќе не знам, 13 месеци сме, 4ти ден со температура, крева 2 пати во текот на денот и во 5 сабајле последниве два дена. Затка е плус, инхалираме со физиолошки, чистиме нос со сите можни спрејови и со септаназал насабајле и навечер, пие Виранто форте исто сабајле и навечер. Педијатар ми вика рано е за крвна слика чим уште крева, во систина му земаа и брис од нос за ковид, инфлуенца и што друго не знам 5 беа на број тие, на се е негативен.
Здраво мајки, искуства до кокасаки вирусот? Има осип малата највише кај пеленска регија, на коленцата ,малку на рачинјата и едно две плускавчиња на нозете. Бевме на лекар не ми даде никаква терапија,дури не ми даде ни крвна слика да правиме. Ќе поминело само од себе.. Колку време трае вирусот ? Како сте го лечеле ? Вака весела е нема температура 3ти ден од осипот, само по слабо ми јаде.