Како да се исфрли шлајм најлесно? Пробувам да поврати ама неќе. И дадоа антибиотик и декса инхалации, ама и некој начин и бабина деветина да пробам зошто премногу има се дави
Од инхалациите треба да се исфрли, но не може наеднаш, кај моето малце имаше но две недели си кашлаше со шлајм, дури самото не помина.
Чај од ловоров лист, чај од бел слез, кромид со мед... зависи колкаво е детето. Плус после инхалација задолжително наведнато надолу и тапкање по грб
Година ипол е. Тапкам колку што можам зошто дава отпор. Никако неможе да поврати а глеам нагони и идат. Бар шлаемот да го поврати.
Дали има некој вирус со затнат нос,течење? Поткашлување? Засипнатост? Малиов ми е неколку дена таков,правиме инхалација со физ.раствор,му прскам спреј ама сеуште го држи.
Лично јас имам хронична бронхопневмонија и тоа ми даде сила да ги пробувам сите домашни лекови за да се изчистат шлајмовите. Важно е навечер да не се потат. Секогаш облеката е топлаа и сува. 1. Наутро ги мачкам со Мукоплат за да им се стоплат градите. Потоа правам инхалација. И потоа тапкање на грбот. Секогаш сето ова го правам на гладно, во случај да повратат. 2. Ако нема неколку денови прочистување, после инхалација, тапкање, со прстот им го масирам јазикот... Добиваат нагоди за повраќање и така се чистат. 3. Понекогаш навечер ставам кајгана, со многу малку црн пепер, врз лист од весник со дупки на него намачкан со свинска маст. Ги оставам така цела вечер, и тоа им одржува топлина на градите. Така има поголеми шанси да се раскапат шлајмовите кога се паднати. Во екстремни случаеви пробувам и со загран зејтин со лук, да им дадам голтка од зејтинот. Кога ке се напие една мала лажичка им се згадува и имат нагони на повракање и така се креваат шлајмовите и се излегуваат. 4. Друг лек кој го имам користено е чај од лушпи од кромид. Знам дека раскапаните шлајмови ги вадеа низ тоалет.
Сакам да слушнам искуство или мислење од некој што се разбира повеќе. Подолго време ми се болни децава, па матичнава рече може да направиме пнеумослајд. Јас и спомнав и за респираторен панел знам дека има во авицена за 26 или 40 бактерии и вируси. Рече исто е само што тоа иде на приватно, како сакаш демек. Мислам не ми е битно тоа што е на приватно или државно. Сакам што е подобро. Знам дека пнеумослајдот е само за најчестите 9 патогени за разлика од респираторниов има повеќе па тоа ми се гледа подобро некако што знам.
Мајки пак сега некој вирус со кашлица да не има, прајме инхалации со физиолошки само, ако продолжи полошо ќе одиме на преглед, само навечер не може да спие се раскашлува така повеќе , а преку ден поретко.
И кај нас е така, од вчера кашла само на спиење, веројатно од носот му пречи да спие. Инхалации со физиолошки правам, се надевам ќе се смири
Има, и јас и малиот сме со исти симптоми, јас имам и ларингит, кај него среќа малце беше така, а јас ептен сум крш.
Почитувани виртуелни другарки и другари, ако може помош со едно деликатно прашање. Имено прашањето ми е за курето на машките деца, дали насилно да се отвори кај доктор или не. На преглед му рекоа да дојдеме за да го сториме тоа. Ме интересира вашето искуство (тие што имате машки деца). Жал ми е да го истрауматизирам, но од друга страна, жал ми е и да се инфицира некогаш во иднина. Фала ви многу за секое мислење, ве гушкам
Нас од почеток ни кажаа дека треба да му го отвраме и така и правевме. А другарка малиот го носеше мислам дека пред годинка точно да му го отворат и дента само малку го болеше и немаа проблем после тоа. Мислам дека треба да се отвори заради хигиена и на секое бањање да се чисти, ама сепак вие најдобро си знаете.
Ими на ум дека трауматизирањето на помали години е подобро. Јас неколку пати ги носев на уролог да ги отвара. Ќе ги отвореше, и после на некое разболување, црвенеа, собираа бело малку и се затвараа.
Koga sum veke na stranava i nie isto samo navecer so kaslanje, ni rekoa alergija mozebi deka mnogu polen periodov, iako ne sme alergicni i so inhalacii pulmikort i rupafin sirup pomina, no proverete si na lekar.. pozdrav
Нас во Лондон и неколку педијатри тука рекоа, никако. Тоа е еден вид насилна мастурбација и не треба да се прави мислам тоа беше нивен коментар. Плус после ќе се собира гадно и ќе треба нон-стоп да се чисти. Стварно не гледам потреба за тоа, вака колку е отворено толку. Инаку моето го води Дафинка за уринарен проблем кој тој го има, кога ја прашав за ова, кога му ставаа катетар за еден тест. Ми рече зошто, за да му направиш поголем проблем со инфекции. Дека кога ќе дојде време сами ќе го отворат. Јас на моето не го отворам и не сум имала проблем со инфекции и сл. Две год е.
А на вас затворено ви е? И ние до сега не сме имале проблем, но ни е речено дека може во секое време да се инфицира, затоа одма демек ова. Јас се прашувам дали и порано од кога постои машкиот пол ги отворале насилно или природата си наоѓа начин.. Некако го направивме ова високо-научен предмет, ама ајде да соберам повеќе инфо фала..