На брат ми било отворено па недоотворено и имал инфекција, на маж ми не бил отворан како мал он ми рече дека се сеќава кога сам си го отворил. Затворено е да. Еднаш насилни му го отвори докторката и многу ме изнервира, мал беше тогаш, ама од тогаш пак се затвори и јас не го отворам да го чистам. Он сега кога се бања знае да си игра со негоми гледам малце помалку е отворено. Они со тек на време сами ќе го отворат преку игра и истражување. Јас сум со тој став, па на крај на ден секој како сака нека прави за негово дете.
Доколку уште носи пелени, не отварај. Така може да се инфицира бидејќи ќе биде влажно постојано. Откога ќе се отвори треба редовна хигиена. На големиот му го отворија на операција и пак се затвори малку дека не ни даваше да го чекаме. Има скоро 6 и не го чепкам. Сам го отвара на бањање по малку. Малото е веќе 3 и не дава да го чекаме. Кога ќе дојде време ќе се отвори. Ја подржувам @1209 , ама сепак е ваша одлука.
@Мишел* на мојот му се отвораше само малку. Матичната ни рече колку се отвора толку (при бањање да го измиеме отворениот дел). Никако насилно отворање. Се чека само да се отвори до кај 7/8 години. Ние на 9 го оснесовме на уролог да му го отвори зашто на една страна му остана затворено. До тогаш ништо. Имаше две/три мали инфекции до 9 години, ама ништо страшно поминуваа за неколку дена.
Дискутабилно прашање и различни мислења, некои Велат доле не се чепка тоа е природен процес… но, доколку се инфицира тој период е страшен како за детето така и за родителите, крева висока температура, плаче офка а не можеш да му помогнеш, па на уролог насилно го отварат, го чистат, па дома отварање и одмивање со камилица… од друга страна и не мора да значи дека ако не се чепка со сигурност ќе фати инфекција.
Моето има не спуштени тестиси. И кога бевме на хирург го прашав да види дали доволно го отворам курето. Тој така остро ми рече нема што да гледам, ти да престанеш тоа да го правиш. Нема што таму да чачкаш. Сам ќе го стори кога ќе треба. Докторот е стара школа што се изненадив од таквиот одговор. Јас од време навреме отворам по малку. Насилно никако, ни ти, и на доктор да не дозволиш. Имам читано ако се направи тоа нагло може да се случи кожичката да не може да се врати и да не го покрие главчето, и ќе мора интервенција. Така да остави природата да си го прави своето, мој совет. Само не забранувај му на син ти да се чачка, како што знаеме ние мајките.. не какано е и слично
И мене постар педијатар ко беше мал синот ми рече да не гибам. 9 години е сега, никогаш немаме отварано и немал инфекции. Јас не сум за насилно отварање, нигде во светот не го практикуваат тоа @Мишел*
Ќќерка ми 5 години од неделата е со темп. Почна со не многу висока, за да во среда качи и 39.2. Носот и течи и поткашлува. Бевме во средата кај матичната и ја прегледа, на гради чиста и грлото не е црвено. Направивме панел за вируси и излезе негативен а на крвната слика чеукоцит ниски и ни даде само изопринозин и вит ц. Вечерта среда почна да ја боли ушето па пак на болница. Воспалено и беше и и дадоа трицеф за тоа. Еве ја уште крева темп. Денес петок веќе. Ноќеска кај 3 и беше висока и и дадов ефералган и ја истушира малку. По 40 мин и беше 38.4. Потоа и сосема. Мислев дека ќе почни да делува трицефот веќе. Три дози испи и сега сабајлево ќе треба четврда да испие. Многу ми е страв да не и се напрај некоја компликација. Планирам пак кај матичната да ја носам.
Две машки имам, никогаш не сум отварала. Среќа не се случило доктор да ги чепне на преглед, а знам од што сум читала на форумов дека форсираат и отвараат насилно без да прашаат. Јас не би дозволила, искрено. Инаку кога се родија педијатарот во болница ми рече нема што да чепкаш тука. За второто баш препрашав, истиот одговор го добив. Сме немале проблем со инфекции досега, ама и да се отвори насилно пак може да качи инфекции. Изгуглај си, од она што јас читав кога се двоумев јасно пишуваше да не се чепка. Мислам дека само кај нас некои доктори уште го препорачуваат тоа без реална потреба. Ако има потреба уролог ќе каже.
Здраво на сите. Дали некој правел испитување на алергија на пеницил кај мало дете? Ми требаат насоки во однос на тоа кој метод се користи и препорака за добар доктор.Однапред ви благодарам
Здраво јас го однесов син ми матичната не упати до амбуланта за медикаментозни алергии на кожно,таму ни рекоа дека е мал да се спроведе тестирањето додека потпорасне да не се дава пеницилин. Зависи од возраста на детето нас ни рекоа кога ќе наполни 5 години тогаш да го направиме испитувањето.
Моете дете има две ипол години и нас ни дадоа упат за таму но како ќе се одвива понатака ништо не ми кажаа
Ние не правевме испитување, но кога и да се напиеше пеницилински лек ќе се исфрлеше по телото, се случи неколку пати, затоа и докторот рече подобро да не даваме веројатно е алергичен. Ако се сомневаш, не чекај за испитување него прекини го лекот.