Nas vo Germanija ni rekoa nikako da go fakame, nekade na 4 godini na pregled ni rece deka ne e celosno otvoreno i moeto pocna na sekoe kapenje da si go otvara i da si go cisti, sega e 5 celosno e otvoreno.
Мајкии ми требит помош. Син ми е 5 години од понеделникот е со болчиња по цело тело црвени ситни го однесов кај матичен ми даде течна пудра наместо да му ги исушит уште поќе му се појавуваат. После два дена го носев на детско ми рекоја алергија од прашок ми рекоја да мачкам афлодерм и сируп лоратадин. Веќе неколку дена подобрување немат никаков кај да го носам или што да земам за мачкање.
од време на време се појавува вакво црвенило ама само под очи до пола образи, као акни ама не се и по недела две се губи па пак, некој слично искуство или да ми препорачате дерматолог
Ова е розацеа. Дерматолог или во Рес Хумана доктор Емилија или во Ремедика доктор Наташа, би требало да помогнат искусни се.
Што вирус ќе беше, од петокот изгоре, на секои 4 саати до 39° крева. Почна и да поткашлува, ларингитно. Аман, има ли крај со тие вируси зимава, цела зима во Козле ја поминавме. До колку дена би можело да трае таа температура, се исцрпи детето
Кај мојата 6 дена, грло и гради чисти за по 3 дена да добие воспаление на ушето и на антибиотици да заврши.
Бебе 11 месеци повраќа се што ќе му дадам последниве неколку часа, да го носам на доктор одма? И наусолвит капките ги поврати, што друго може да му дадам освен електролити?
По повраќање не даваш ништо во следните два часа. Колку и да плачи. Мора да се смири мешето, па ќе престане да повраќа. По еден час можеш една голтка електролити. Јас го доев и почна да повраќа, мислев дека ништо не му е од мајчино и упорно му давав. Кога го однесов на болница, ми кажаа да не давам два часа, и престана да повраќа. Во зависност од тоа колку е дехидрирано, ќе уклучат и инфузија.
Мајки совет ноќеска се разбуди со плач и се жалеше на увце појдовме веднаш на дежурен ни рекоа дека е црвено грлото и благо воспаление на ушињата ни дадоа трицеф и капки за во нос детето исповрати пред влегување во болница а воедно и се жалеше на стомачето но бидејќи видно растревожен неможеше педијатар да го прегледа убаво оти само што го легна почна да плачи ни даде крвна слика да правиме и ако продолжи да се жали на меше да се консултираме со хирург дали утрово да дадам трицев или прво да направиме крвна слика ... заборавив на враќање пак исповрати шлајм и утрово уште еднаш млекце што се напи исповрате и продолже да спие Што може да е ... Се извинувам на долгиот пост
Треба доктор да каже, ние само лаечки претпоставки, ако има секрет и добро е што повратило колку толку се исчистило, може и исплашено од стрес да има повратено, може вирус, бактерија… направете анализи така ќе знаете
Здраво мајки вечерва на син ми му се вцрви окцето (само левото му е црвено). Прв пат се соочуваме со црвено око и не знам како да постапам,незгодно ми беше да и пишам на матичната сепак касно беше.
Здраво После настинка син ми има бели наслаги на јазикот и одстрана црвенило како изгореница слично на тие со географски јазик , денес случајно пријателка го примети и ми кажа дека детето има лижено батерија и јазикот го има изгорено. Син ми има 2 години, не става во уста ништо не сум го оставила ни сам ама сепак ми остана во мисла што ако ... Дури појдам на доктор сабајле , совет , мислење ваше ? Искуство дали има некоја ? Поздрав
Јас имам таков јазик па не сум лижела батерија. Мислам дека е последица на настинка зошто и јас бев настината, грло ме болеше неколку пати, инаку не сум прашала доктор точно од што е.
Мамички здраво... Од саботата сме со температура 39 ,качува симнува малце и се така почна да кашла и носот меѓутоа градите се чисти од синоќа навака се жалепе на уше денес матичната кажа воспаление дека е но ме загрижува тоа што деновиве сме катастрофа во исхраната ,за овие 5 6 дена дали 10 залчиња изеде и многу малце течности а од пред малце гледам дека е со пролив и сме поспани.