Ставај му топли облоги, неколку пати на ден по 10 минути. Од искуство само така ми проаѓа мене јачмен, никакви терапии не ми делуваа, 2-3 пати ми има така излегувано и само со топло поминува. Очниот лекар ми го кажа тоа да го правам покрај терапијата, ама јас од мрза само терапија ставав тогаш 10 дена и никакво подобрување немаше. Цел месец чекав ај ќе мине и ништо и на крај земав топла крпичка ставав на 2 саата тоа го правев и за 2 дена почна да се смалува и исчезна ден за ден.
Баш е голем оток, ама топчето ме го гледам, имаше топче? @Kallias2 пробац со кесичка чај и шише топла вода, едвај 2 мин поседе. Нејќе да чуе..
Зумирај, на првата слика се познава. Како побели е. И да и нас ни рекоа топли облоги да ставаме. Ти почна да ставаш тобрекс?
Колку год е? Објасни му дека е за негово добро, дај му сам да си држи или кога спие да му ставаш ти, ако спие цврсто без да те сети 2 мин 2, после пак , прави му почесто и ќе свикне. Само од топлото ќе спласне. Инаку сликата од другата членка е оток, не е јачмен, отокот е инфекција и да, треба антибиотски капки и тоа сум го имала и со тобрекс ми минувало за 3_4 дена. А јачмен со ништо од тоа и тобрекс и кортизони и хлорамфеникол сум ставала, ништо не помага, само со топло
Џабе, 3 години е. Објаснувам ама не може да додржи да седи така и да е у едно место, сам не сака да го држи. Нема оток само топчето е и е црвено, поназад имам слика ставено, ќе пробувам со топло пак, а и се мислам дали на очно да го носам неделава. Уф веќе, да не е раат човек.
Ќе мине, не се секирај. Биди упорна со топлите облоги и ќе видиш за некој ден се повеќе ќе се смалува и на крај ќе го нема
Левуно капки ни дадоа и маста, сега и облогите од денес. Кај вас е оток баш, на очно што ви кажаа од што вака му било?
Прво се појави мало топче, па потоа потече окото. Специјалист ни кажа дека е јачмен. И на сликата се гледа ако ја зумираш. Ме замисли сега, каква инфекција е ако не е јачмен? Зарем не знаат да препознаат лекарите Оф Топик, ама исплашена сум од здравствениот систем. Термин на државно нема, а дете мора да биде прегледано од специјалист. Па три пати го носиме во приватна болница. За дете не ми е криво ќе платам колку треба, ама зошто плаќаме здравствено ако не може да се лечиме
https://sistinaoftalmologija.mk/otstranuvanje-na-jachmen-na-oko/ Не му земаа брис, ама докторката ми кажа дека е јачмен. Со терапијата се среди после ден , два почна да намалува отокот. Преку ноќ ми отече. Татко му кога го видел утрото си помислил дека некој го удрил, а детето става од спиење
Како вадите шлајм кај дете? 4ипол год дете нема мсули мрсули, него густи му се многу. Неможе да ги издува..
И јас да прашам ние имаме гнојна ангина пијат оспен денес е 5 ден и уште хрчи со носон не толку многу ама сепак хрчи, дали ќе и помини со оспенот, оспенот треба уште 5 дена да го пијат или ќе треба нешто плус да и се дајт.
Мене само што и кажав на очната лекарка дека ми е отечено и дека ме боли одма ми рече инфекција е, ставај тобрекс или тобрадекс беше, не се сеќавам пред 2-3 години беше и за 2 дена ако не се повлече да идам да ме види. Се повлече после вториот ден. Така да, инфекција беше, а исто така како на сликата што ја постави ми беше очниот капак горен. И јас штом станав од спиење така, полуотворено окото ми беше и кога се видов на огледало Значи друго е инфекција, а друго е јачмен на око.
Со физиолошки раствор со шприц голем ќе шприцаш и во двете ноздри се додека не излезе се што има внатре, додека не почне да тече чиста водичка. Така 3-4 пати на ден. Ќе се разводнат густите мрсули и за неколку дена ќе престане да тече носето
Како да проверам за алергии? Докториве во моментов ми викаат дека после 3 години се правеле испитувања. Како да знам да спречам да не завршуваме во болница?
Луѓе дај кажувајте како беше кај вас грипов, што утнав сега. Во петокот вечерта ќерка ми крена темп нешто малце 37.1 одмори малце и нипто не и беше си легна, саботата сабајлето крена температура некоја мала 37.5 и почна да потшмркнува, кивна и се пожали дека ја болело кај градите. Одма отидовме на дежурен ја испитаа за каков вирус е и покажа инфлуенца а. Ни дадоа тамифлу, вит ц и многу течности, а за носето ишто поткашлува само физиолошки инхалации. Неа до вечерта и ја снема температурата, само шмркаше и поткашлуваше. Кога кашлаше се жалеше дека ја боли инаку не. Во неделата веќе не ја болеше на кашлање и кивање градите и чат пат ќе и протечеше носот. Вчера ништо. Денес пак се рашмрка ептен малки 4 5 пати ако дуваше нос и еве сега 37.5 пак дремна, стана нема темп ама повлажно кашла. Јас се чудам нели тамифлуто спречува грипов да се развие, ептен на почеток го фативме. Сега го чекам маж од работа да дојде па пак на лекар идеме. Што ви даваа терапија вас за грипот?
Уште има иако е значително намалено. Им кажаа хируршки дека може да се острани, ама чекаат сеуште да помине. Не му смета.
Има некоја терапија, претпоставувам? Зошто и на син ми си стои како топче, исто е, иста големина, како црвенко е, вика дека не го боли...