Па да обично викаат после 3 се испитуваат алергии, ама кај моево многи брзо и на кратки интервали се повторуваа бронхити и пневмонии со мирна кс и без тт па докторката од козле сама препорача да се направат за да го стави на соодветна терапија за да го штити од чести спуштања. Кај него го направија прво респираторниот панел, па за два месеци и нутритивниот да го направиме. До тогаш на терапија назонекс, рупафин и моментално инхалации за да не го ставаат на пумпица. Сепак специјалист проценува и препорачува и порано ако има потреба.
Искочи некоја алергија на панелите? Истиот проблем го имаме и е со спреј назонекс, и по потреба и рупафин.
Се извинувам што се мешам во дискусијата.Да прашам каде испитувате алергии?Јас го носам козле неполни 3год ми е детето до сега му има испитано само преку кожа инхалаторни и нутритивни,но тоа се само по 10 алергени.Дополнително ништо,сакам да испитам јас,стварно не знам како да најдиме во што е проблемот
Има бајаги месеци поминато,ама не најдов поново ништо.Па ако прочитате мајки,да споделите искуства со алвокастот
Во Козле. На моето дете под 1г му испитаа преку крв, точно излезе алергичен на тоа што се сомневавме. Приватно има пакети во сите лаборатории, во авицена исто имам испитувано, даде слични резултати како во Козле.
Во козле и на син ми му ги направија но само тие што ги прават преку кожа,а реално се многу малце алергени.А преку крв не му прават,затоа сакав да испитам и на друго место
Само ако не се повлекува, почекај уште некој ден ако гледаш стои или се зголемува појдете до Систина одма ќе го извадат, ќе се издренира.
Во петок имам закажано преглед, не се зголемува вака, ама си стои исто. Таму одма ги вадат, со анестезија или како?
Ќе го прегледат прво дали ќе мора операција ќе кажат, со анестезија е мислам беше 10 000 јави се прашај.
Не брзај право за зафат, ќе му помине со терапија. И мене на лекар, одма тогаш ми рекоа, аха, ова треба да се вади, ама мајка ми реши да почекаме, дали ќе расте, не сакаше одма зафат. Го носев со години, не растеше, не ме болеше. Ми сметаше само што сите ме прашуваа - што ти е на окото Ми помина, ама не кажувам како, ќе ми се смеете