Касно е сега за одговор, ама барем да прашам како поминавте ноќеска. Тоа тахикардија може да појави. Друг пат спремај шприц ти дозиран. Јас никому не верувам па така спремам.
Среќа добро пројдовме, беше малце хиперактивна. Сега дали да продолжам нормално да и давам? Уште сум под стрес
Тоа генерално локално дејство има, мислам дека можеш редовно да продолжиш, ама би барала совет од педијатар.
За малку зеленкасти мрсули давате нешто специфично, брисеви правите? Нема температура, ок е само затната, и тече нос и тоа. Прскам Нозалис, бејби оригано и тоа.
Се слушнав прееска со матичната, ми рече да прескокнеме сабајле, па вечер. На 12 часа го даваме. Ќе се изедам жива како можев да не го проверам маж ми, ама тоа е. Фала ти многу!
Синко веќе неколку денови моча многу често и по малку, давам чај од брусница ама не помага. По препорака на матичната земав Утисан сируп, во упатството пишува за деца од 6 год 10мл. Дали само еднаш дневно? Имате ли давано од овој сируп?
Да, јас имам давано, само еднаш се да ва. Може да се разреди со вода ако си сигурна дека ќе го испие.
Хепи овој е скроз на природна база, не гледам потреба од ограничување на период колку да се пие. Нека пие повеќе денови детето. Сок од брусница, нема штета секако.
Ќерка ми е 5 год некогаш каката и е зелена(многу зелена) се јавив на педиатерот ми рече не е ништо не паничи за паника е кога е црна или бела ама пак не сум мирна ќе звонам во понеделник.Некоја со вакво искуство?
Дали јаде нешто повеќе зелен зеленчук, спанаќ, или пие некои препарати за железо или шо и да пие некои додатоци може да е од нив. Исто така зелена боја може да даде употреба на антибиотици како и некогаш салмонела, ешерихија коли, некои паразити, стомачен вирус.
Откако е почната онаа убава сочна кашлица после ланрингит што користите за инхалација? Cortair ili dexametason?
Ништо не користевме, помина за некој ден. Во странство генерално инхалации се прават само ако каже доктор и тоа во болница, дома не.
Да,во странство ако разберат дека dexametazon користиме..за ларингит некои бомбони за лижење даваат Јас си купувам во Мк и стално имам резерва,ќерка ми често добива ларингит,ја правам инхалација со dexametazon два пати на ден(една ампула ја делам) највеќе до 5 дена.. @madam puff
Малата неколку дена е со кашлица, упорна досадна нон стоп, дење ноќе. Вчера бевме на доктор и кашлањето и е од секрет од носот. Ни даде дексаметазон до физиолошки. Дека има околу 11, 12 кг ни рече декса 0.3 мл. Некако како малку да не е ? Подобрување ептен минимално. Само два пати инхалирав досега а пред да одиме на преглед со физиолошки инхалирав. Друг пат многу брзо се средувало кашлањето. 3 години ќе прај за месец.
Здраво,утре ќе ја носам на матичен малата.Кога мочкаше омаше малце крв на тоалетот,бледа.Инаку има 3ипол години.Во урината немаше крв..До утре има време па да не има некоја мајка слично искуство