Мојот вака се има осипано два пати после 3-4 дена температура од вирус (не пиеше антибиотик). Прво на стомак се осипа, па на раце и лице, па нозе. Неколку дена беше осипан, му помина само од себе. Ама секако консултирај матичен затоа што може и реакција на антибиотикот да биде.
Температура 38.5 од вчера, уредно се симнува со чепче и се крева пак на 4-5 саати, мрсули стандард (со месеци), една потечна и многу смрдлива столица вчера. Не повраќа, ама и не јаде ништо цел ден, 2 цицања и 3 бисквити изеде. Можно е да е стомачен? Дали да трчам на лекар на матичната и заврши смена
Малата и пред да се разболи сега со стомачниот имаше подочњаци, малку сум уплашена по тоа што прочитав на интернет дека можело да има проблеми со бубрезите, вчера и провериа урина во ред си е, е сега сакам да и направам ехо на бубрези па ако може некоја мајка ако знае да ми каже каде прават најдобро ехо, ние сме од Охрид ама тука нема кој да ја види
Мојава од секогаш има подочњаци исто и јас сум од Охрид сега ме замисли, имам прашано повеќе доктори и сите ми викаат дека таква и е кожата светло лице има и се познавало повеќе имам заприметено некогаш повеќе се познаваат некогаш помалку мене никој не ми рекол урина да испитам.
Не знам да ти кажам јас кога прочитав на интернет пишуват дека може да е проблем со бубрезите, денеска бевме на контрола за стомачниот го прашав докторот ми вика нормално е дехидрирана беше и изморена е од вирусот, ама јас му викам и здрава има подочњаци вика не е ништо,иначе урина вчера и испитаа ради дехидрираност примаше инфузија
Син ми има подочњаци од кога е роден мислам дека Едно време му беше слаб хемоглобонот и железото, па ај мислевме ради тоа, ама сега еве веќе неколку години има супер крвна слика, ама подочњаците си стојат, секогаш си ги има, од што е премногу бел, ептен до израз доаѓаат. Јас му имам се проверено, ехо на стомаче, ехо на срце, мокрача сто пати, се било во ред. Не се секирајте ич за подочњаците, и не читајте гугл.
Јас се секирам затоа што малата немаше подочњаци да и беа од кога се роди не се секирав,хемоглобинот и е 133 не е слабокрвна, ќе одам да и се направи едно ехо иначе нема да сум мирна
Тоа шо видов најчесто шо се предизвикува вака подочњаци со темни кругови може да биде алергија, воспалени синуси, намалување на железото, зголемени крајници и некои паразитски инфекции. Ако ти е од помош видете и овие работи да не се. Исто така и дехидрација како и недоволен сон.
@ija девојките мои се многу светли на кожа и буквално вени им се познаваат. Имаат и двете подочњаци, но видно помалце има големата од кога ги извади крајниците. Тогаш и беа ептен изразени и целото беше како испиено. Ист случај сум била и јас, подочњаци до долу пред Оп на крајници. И сега има, тоа го препишувам на тоа оти се бледи. Малото има исто малце зголемени крајници ама не до тој степен за да мора да се вадат иако мислам дека ќе биде за некоја година. Така да, ако имаат зголемени крајници можно е и до нив да се подочњаците.
За спиење не верувам да е до тоа преспиват денски, навечер максимум до 10 часот седит и си легнуват, за алергија до сега два пати ми има ларингит фатено,крајници нема отечено, хемоглобинот завчера и беше 133 не верувам на ваков хемогловин да е ниско железото,прво ќе и направам ехо на бубрези некако тоа најмногу ме плашит па после другите работи фала на одговорот
Немат зголеми крајници никогаш не ни имала проблем со крајници ова со подочњациве е од скоро и ајде не давав на важност и по некое време си реков да прочитам на интернет и толку од ко прочитав сега само на тоа мислам
Јас ако почнам И мојава е целата бледа и жолта на лице ама таква и е бојата на кожата исто и вени и се познаваат, а кој треба да ми каже дека има големи крајници до сеа кај матична сум ја носела, кај замената, кај приватен доктор, во Охридска Болница дури еднаш ко беше мала и Струга на болница бевме и никој не ми има спомнато за крајници.
Не мора да значи, моето после вирус се испа вака еднаш кога пиеше Амоксиклав, ама тогаш уште неколку пати пиел и не исфрли. Некогаш е реакција после тт.
Не си прај филмови, и моето е со темни подочњаци кога е болно, после болест, неспиење,мака. Моето е со болест на бубрези ама нема нормално темни цело време. Инаку моето го следи др Дафинка од ремедика.
Па дете со крајници големи обично го познаваат само што ќе го видат, без уста да отвори. Претежно се ситни и слаби со подочњаци, не креваат многу на тежина. Мојата немаше проблем со често воспалени крајници али хрчеше во спиење, со прекин на дишењето по неколку секудни, здивот и мирисаше наутро. Матична ни кажа дека и се големи, ни даде упат за Орл и таму одма се потврди и добивме термин за операција
Вчера бевме на доктор оти подкашлува и има мрсули ама рече др ништо не и е настинка, чиста плуќа, уши, грло. На меше имаше едно брумче ама мислев од памперсот дека е мешто и не го ни спомнав. Денес стана и има повеќе.. на што ви личат?
Dali konjuktivit moze da bide prosleden so temperatura? I zarem tolku e prenosliv? Imase golemata, sega sme jas i pomaloto, no ono of nokjeska kacuva i temperatura.