Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.485
    Допаѓања:
    8.439
    Пол:
    Женски
    Пред три дена кај мојата избија сипаници. Претпоставив дека се тоа , бидејќи имаат во градинка. Одма почнав со поксклин и потоа течна пудра со анестезин.(прочитав твое старо мислење фала за советот @Mother of 2boys ) . Не знам дали е до тоа што одма почнав да мачкам па ги фатив на почеток. Мачкам по 3 пати на ден и постојано и менувам нови алишта.
    Сега чудно ми е што не се наполнија воопшто со вода, дури почнаа да се намалуваат речиси неприметливи да стануваат на некои места. А денес трет ден е. Не е некако брзо тоа?
    На доктор ми рекоа дека на прв поглед се варичела.
    Ама ќере нема никаков симптом дури и не се ни чеша само тогаш кога ја соблекувам да ја мачкам.


    20250420_171245.jpg
    20250420_171234.jpg
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    1.281
    Пол:
    Женски
    Супер сте. Колку порано се мачкаат побрзо се сушат. Кај нас беше такво искуството. Можеш да ја тушираш само со вода и на крај да ја полиеш со хиперманган за дезинфекција е.
    Пената нека ти стои во фрижидер да биде ладна.
     
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.485
    Допаѓања:
    8.439
    Пол:
    Женски
    Да во фрижидер ми стојат.
    Овие слики што ти ги пратив тука се најголеми да речам, на другите места веќе скоро повлечени се сипаниците. Дури не се ни познаваат. Тоа ме чуди што некако многу брзо е.
     
  4. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    1.281
    Пол:
    Женски
    Големиот беше така. Даваше да го мачкам и стоеше мирен. Навечер ако го чешаше се будеше и бараше да го туширам.
    Малото 11 месеци не стоеше мирен за мачкање и му пораснаа големи. Ама и многу се исфрла. Премногу. Беше грозно да го допреш со раце. Срце ме боли кога ќе се сетам каков беше.
    Само после тоа многу им паѓа имунитет и се разболуваа многу често. Форсирам повеќе овошје и зеленчук и почести прошетки.
     
    На dromka и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  5. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Добровечер.Ќерка ми од саботата се жали на болки во стомакот, и тоа обично навечер се буди од сон со вриштење.Со покачена температура која стига и до 38,5.Со парацетамол веднаш спушта.Од денес е подобра, ама решивме да ја однесеме до Козле.На преглед немаше ништо загрижувачко, урина исто добра, но црп многу високо, 110, со леукоцити 17.Многу сум загрижена, помислувам на се и сешто.Дали некој имал такво искуство, со болка во стомак и високо црп? Што би можело да биде? Ни дадоа Трицеф и во случај на силна болка да се јавиме на детска хирургија.
     
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Здраво, на детево почна да му солзи едното окце и како повеќе гурелки да му се прават, може да е конјуктивитис со кои капки третирате?? Дали може со физиолошки или да го однесам за некои други да му препишат, дали само ќе си помине од себе??
     
  7. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    789
    Со тобрекс капки, не со тобрадекс, вториве се со кортико, нас матичната тобрекс ни даваше, види ако не му помага физиолошки почни со тобрекс капки.
     
    На dromka и Lisandra им се допаѓа ова.
  8. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Урина или уринокултура испитавте?


    Дали има некој вирус или што е со висока тт,суво кашлање и болка во грло.
    На к.с црп е покачено и даде алмацин ама тт не се спушта сосема 37 држи некој пола саат со сирупот и пак качува.
    Ноќеска дури и бладаше се исплашив многу..
     
  9. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    Ние сме 14м и од понеделникот до четвртокот беше со температура цело време (симнуваше само до 37.4-5, качи еден ден и 39.7). Кашлање, затнат и растечен нос, црвено грло, брисеви чисти, црп 120 и нешто. Еден ден беше на алмацин па се префрливме на Панцеф. Исто бладаше во спиење и забрзано дишеше се преплашивме и ние.
     
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Значи вирусот таков.
    4г има мојава ,можам да замислам тебе како ти било со помало :drunk:
     
  11. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Машки
    Мајки, едно прашање..малиот ми е со зарипнат глас ептен му се фати..дур да идеме утре кај матичната што можам да дадам..дали може инхалација со физиолошки или не..вака не кашла ама фатен му е гласот..благодарам
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.379
    Допаѓања:
    18.605
    Да, инхалација со физиолошки на своја рака можеш и ладни напитоци. Утре кај матичен на преглед,ќе ви даде и лекарства за и инхалација. Ако е вирусно брзо ќе помине.
     
    На Ив10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    8.282
    Дали секрет, кашлица (поретко) и малце засипнат глас може да се симптоми на алергија?

    Веќе цел месец е вака, брисеви на два пати правевме чисти се, а секрет има уште… до пред две недели и воспалено уво имаше ама со капки се среди.
     
  14. sandra.s.t.

    sandra.s.t. Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Здраво.дали некој има искуство со флуксотиде пумпица?обочки ми рече за син ми како заштита да користи од септември до мај додека да напуни 6-7 години.а ова е прв пат да спушта на плуќа,он има проблеми со носот најмногу...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    2.690
    Пол:
    Женски
    Јас со поголемиот од како е на фликсотиде е даалеку подобар. Опструкции ни правеше нас и бронхити и тоа често. Колкав е?
     
    На mal.ecka и dromka им се допаѓа ова.
  16. sandra.s.t.

    sandra.s.t. Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Има 3 ипол години.ова е прв пат да спушти.има он повеќе проблеми со носот.затоа некако ми изгледа ова како премногу јака терапија...
     
  17. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    Од кои апчиња /сирупи сте задоволни за патување?
    Да не повраќаат при патување.
     
  18. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    2.690
    Пол:
    Женски
    Побарајте и второ мислење, нас два пулмолози ни рекоа дека треба да прима фликсотиде. Алергиски му се па сега е и на терапија за алергии. Ќе надминат се, работата е додека да пораснат да немаат тешки пневмонии да не дојде до недај боже оштетување на белодробјето, да не заглавуваат во болница на секое со антибиотици.
     
    На mal.ecka и dromka им се допаѓа ова.
  19. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Првиот пат имав наусовит јуниор ама не делуваше баш, па ко напрај 3 години травелине земав апче, четвртинка или третина и давав во зависност од должината на патот. До Грција на одмор немаше повеќе повраќање.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    8.282
    @Mucika вие ли правевте пнеумослајд после долготрајна кашлица?
    Што цена е и дали има резултати ист ден?