Девојчето мое имаше мораксела пред неколку недели. Антибиотик и се прибравме. Сега пакја има. Пиеше ко-алмацин 7 дена и кога прекинавме пак ми качи температура, ајде матичен даде да пиеме нова доза антибиотик панцев сега навечер ми качува температура до кај 38,2 преку ден супер активна. Нос не и тече ама се слуша како шлајмови. Значи бактеријата си ја има. А дали не реагира на антибиотикот или е нешто друго во прашање. Искуства како да ја лечиме. -Читав оо втор пат лечење потешко, ептен досадна бактерија. И дали е сериозно. Се плашам не спијам со денови
Не памтам за цена искрено. Пнеумослајд и респираторен правевме едното лани другото годинава исто за кашлица. Пнеумослајдот околу 2-3000 да не беше, другово малку повеќе, ама и повеќе испитувања. Имаат цени на сајтот. Двете ги правев во авицена. Дента или за 1 ден имаше резултати, не даваат антибиограм и не се чека. И првиот и вториот пат преку тоа најдовме што е проблем и со антибиотик завршивме и се реши. Додуша вториот пат и бактерии и рсв имаше и најверојатно од рсвто беше кашлицата и веќе и одминуваше, па со локален антибиотик во инхалации помина.
Последниов пат кога испитувавме, она кашлаше можда два месеци, матичната 5 упати ни даде за испитувања, пошто не и поминуваше од терапии. Голем дел од испитувањата во пакетите се повторуваа, на крај со се листовите отидов во авицена и таму одлучивме што е најдобро во тој момент да направиме. Вакви панели со различни испитувања имаше и по други лаборатории, ама докторката на тоа што се сомневаше го имаше на респораторниот панел од авицена тој со 40тина испитувања. И мислам дека на тој ги има и бактериите и вирусите и од пнеумослајдот. Може е подобро да видите на што се сомнева матичната па по основ на тоа да одредите кој панел или пнеумослајд ќе е доволен. Во тој период она немаше секрет, уредна кс и црп и чисти брисеви. Ама нон стоп беше со инхалации, повторувачка кашлица, сирупи за алергии и немаше ефект. Сепак за сега мислам дека ја фатија повеќе работи едно по друго ама ете правевме да сме мирни.
Да, веќе годинаипол користи синот мој. Сега има 4 години. Од овој месец му смени на апчиња Сингулаир. Исто кај Обочки одиме.
Моите две поминаа пред скоро недела дена сипаници и двете имаа по 7-10 сипаници максимум на целото тело, нити тт нити ги чешаа, нити беа со вода полни нити красти. Си сњ повлекоја како бито да не било. И јас исто прашав дан е нешто налик на варичела ама друг вирус пошо ми беше чудно ама добив одговор дека можно е и да немаат осип, а да прележат.
Кај ќерка денес додека плачеше ( вриштеше) приметив како бела наслага на крајник. Она правеше Оп пред година дена, намалување на двата и вадење на трет, но и кога и беа најголеми никогаш немав приметено бело. Не ја боли грлото воопшто, нема тт, весела е. Што можи да е? Понеделник сме на пат, па така да тешко да ја види матичен.
После колку денови ги пушти во градинка? Се консултирав со матичната бидејки мојава нема никакви симптоми. Ми рече можсм после 10 дена да ја пуштам.
Не одат во градинка ама да 10 дена треба да помине за да престане изолација. Ние уште нњ знаеме кој ги префатил, никој нема со кој беа во контакт. Освен ете некое дете без осип да терало и немале појма
Нема да ми прават проблем во градинка? Една пријателка не може да се сети дали детето го пратила после 10 или 14 денови.
Не знам како е таму, тука кај што живеам јас после високопренослив вирус мора да се однесе од др потврда дека поминал вирусот. Но 10 дена е обично секаде
Само да знаеш, многу паѓа имунитетот. Кога син ми прележа варичела, јас го пуштив во градинка после две недели. Е после глава не кренавме од октомври до април со разболувања. Давај нешто за имунитет ако мора да оди.
Потврдувам, со двете деца исто поминавме. Им требаше една година да се опорават. Ако имаш кој да ја чува, нека поседи дома.
Немам кој да ја чува затоа морам уште во понеделник да ја пуштам. Што да дадам за имунитет? Редовно и давам д3,молерс и витамин ц. Нешто плус треба? Она ги помина без никаков симптом сипаниците дури немаше ни многу, одма почнаа да и се повлекуваат.
Па и мојот така ги помина, лесно, прелесно, ама затоа после ми се плачеше. Со цинк и витамин Ц го оправив. А би давала и пробиотици постојано некое време да сум на твое место.