Јас давам Провен пробиотик,а од цинк, Цинковит Ц, таблети што се џвакаат, со прилагодена доза за возраста. Моево беше поголемо тогаш, скоро три години имаше, твоево е мало, не би знаела да препорачам кој суплемент со цинк да го даваш, не сум давала на помало дете.
Бебе е 14 ипол месеци и болен беше две недели дома се чувавме, денес тргна пак во градинка и ни кажаа сега кога го земавме дека некое дете пројавило сипаници. Дали може некој да ми каже на што да внимавам и после колку време би избиле ако има?
Може да е од храната, се собира на крајник, јас имам така понекогаш и си ги чистам со чачкалица, бели се , да.
Од вчера со растечен нос, ја носев на преглед и дадоа Рупафин зошто се сомневаме на алергиска реакција, од денес почна со ларингитско кашлање пак. Ја слушаа, чиста плуќа вака е ок. Минатиот пат направи опструкции и завршивме во болница, исто вака почна. Има нешто дополнително што можам да направам за да превенирам стигнување до таа фаза? Склона е да спушта на плуќа одма. Не оди во градинка и не ми е јасно од каде се случува ова секој месец по еднаш.
Здраво и син ми е склон на наоди па нас како совет од Козле и матичен педијатар ни беше кажано при кашлица да инхалираме со кортаир. Он е со чести бронхити и пневмонии па затоа ни кажаа ако почне да кашла веднаш да почнеме со кортаир ама тоа секако по препорака на лекар. Прашајте го вашиот матичен педијатар за најдобар совет.
И мојов е од вчера позатнат и му се појави кашлица и тоа он е на терапија назонекс и рупафин веќе цел месец и плус инхалааци (беше една, сега вративме две). Има многу алергени во воздухот деновиве. Консултирајте за инхалации. Нема врска градинката, до воздухот е периодов.
Бевме до козле, рекоа инхалации сабајле и вечер само на чист нос за да не спушти надоле. Чистам колку можам ама како ништо да не излегува, а се слуша внатре дека е полна секрет. На мисла ми е да не спуштам надоле? Ставам оперил во нос и рупафин пред спиење.
Фала ти на одговорот. Бевме до Козле, ни дадоа инхалации ама ми рекоа само на чист нос скроз да правам за да не спушти надоле. Вака не излегува ништо (чистам со шприц и влечам со носко)а внатре ја слушам полна е секрет. Ми е страв да не го спуштам секретот надолу?
Ако не излегува со влечење нема ништо во нос. Пуштај инхалации и следи дишење. Еве јас ќе го носам до Козле, не ми се допаѓа како дише.
Јас со друга мака.. Син ми 4ти ден веќе има запек матичната му препиша пико лакс и ми кажа да му давам сливи,праски, и да биде на полесна исхрана. Ама никакво подобрување кога ќе му дојде време за какање на детево плаче,вришти а не може да се искака.. Она ми спомна да го однесам и на хирургија да се исклучи хируршка болест,со оглед на тоа дека е празник кај треба да се обратиме?
Спуштил на една страна . Вклучија дополнително вентолин и утре на контрола да видиме што понатаму. Вие што направивте?