Малиов во рок од неколку саати три пати падна на колената, со крвови, вриштење... Таман ќе се смири малку, да застане да тече крв пак паѓа. Последниов пат му отекоа, помодрен оток со рани. Што можам да ставам, ем да исчистам ем да му помогнам
Ќе пишам тука, ве има доста поискусни. Како мириса воспалено грло? Бебево има 8 месеци и првпат сега осетив дека и е чуден здивот, вообичаено не мириса на ништо, ама засипната е и доста и тече носот. Утре секако ќе одиме на педијатар, ама вечерва да ја пројдам некако.
Дали секогаш ви даваат антибиотик за бактерија или проаѓате со друга терапија? Петок е, резултати нема да ни стигнат, а ме интересира и во кои случаи ви даваат антибиотик?
На високо црп и леукоцити и на лоша клиничка слика најчесто. За нос никогаш не ни дале антибиотик. Во грло сега прв пат имаше, стрептокока, ама веќе почна и загнојување, температура 40ка и и дадоа антибиотик
Малце ме напиња ова со брисевиве искрено, секоја недела правиме, па плус контролен, а крвна слика не ни рече да напраиме… Има бааги секрет од нос и кашла, ама океј е вака све, нема температура, и пак за брисеви ме убедуваат па после терапија.
Ако има температура и други индикатори на крвна слика за бактерија, најчесто син ми има високи гранулоцити, ниски лимфоцити, високо црп. Ако ова излезе на крвна слика пред брисот (пошто е истиот ден), обично почнуваме антибиотик, а брисот е за осигурување дека е ок антибиотикот. А локално во нос кога искачала бактерија без симптоми или без лоша крвна слика ни давале локално капки за очи да ставаме во нос и очи. И маст даваат за очи исто локално сум читала тука.
Единствено кога сум осетила чуден мирис на здивот кај ќерка испадна бактерија дека има и тоа на 2+ години. Претходно била многу пати настината, со бронхит и чуда, таков мирис не сум осетила. Може е кај нас само искуство и нема врска само споделувам искуство.
Па ми падна чудно зошто и друг пат била болна ама не мирисала никако, а тука имам читано дека се јавува мирис. Ми иде и мене на мисла некоја бактерија дека донела другата ќерка од градинка, доста време се и двете со растечен нос. Не знам што ќе правам вечерва, се буди и плаче секоја минутка, изгледа цуцлата и пречи, а не може да заспие без неа. Ужас!
Ако си во можност утре на двете направете брис. Додуша сигурно и 3-4 дена за резултатите ќе поминат. Не знам на крвна слика колку би покажало.
И мојава често има ваков проблем. Ама кака секој ден или преку еден ден некогаш ако се случи со плачки е и како да се плаши да се покака. Тврда каката многу. Во памперс никако не излегува не може. На нокшир и адаптер не сака. Едвај ако ја убедам со лажење за на нокшир и тогаш ќе се покака. Кажете ми ако го решивте проблемот. И мене ми оди паметот на секаде.
Ако сте правеле брисеви додека била со истиве симптоми не знам зошто пак. За мрсули (кога не ме мрзи да терам цела постапка) најчесто влечам, па прскам солен спреј, па пак влечам, па прскам ацидосалус/оригано/септаназал или ако има друг спреј за терапија, за кашлица зависи каква е, еве сега е со физиолошки и бисолвон инхалации за искашлување. Ако има налепи плус ја тапкам. Ја лажам со сокови за да пие мн течност и плус ц витамин давам ако не сум давала. И со сирупи за алергии исто сме пробувале на упорен секрет, кашлицата ако е горе е од секретот што се слева. Е ако во 2 месеци има па намали па пак има знам дека едно поминува и ново фаќа без пауза. Некогаш и хлорамфеникол ставам ако гледам дека и се прават повеќе гуралки и тоа паралелно нос и очи.
Ние го решивме проблемот со чепчиња глицеро лакс и една лажичка рицинусово масло му дадов, матичната пико лакс му препиша ама не видов некое подобрување искрено. Еве ова за маслото случајно го прочитав Исто така и деновиве беше повеќе на кашички слива со јаболко,праска и по малце сокче од слива.