Додека чекаш за прегледи и мислења ,мачкај те лук.Едно чешње пресецено на пола , се трие зафатеното место,повеке пати на ден .Гарантирано помага .
Мајки здраво. Незнаев каде да го поставам прашањето, па ајде тука. Детето ми е 3 ипол години, пред 12 дена ја примивме мрп вакцината. На 7миот ден имаше малку темепратура и толку. Прашањето ми е друго, пред 3 дена приметивме топче како гравче кај препонот долу. Значи баш кај што стојат гаќичките. Утрето веднаш се јавивме на матичната за да не прими и да го види и да ни каже што понатаму. Ама таа само рече тоа е сигурно лимфна жлезда и не го пипјате, за 2 недели би требало да се повлече. Да напоменам не сум во Мк, ама за две недели некаде си одиме дома. Мене ми е страв незнам што може да биде, дали некоја мајка се има со нешто слично соочено? Дали може нешто од вакцината да е? Ќе ставам слика. Spoiler
Здраво мајки на син ми му дијагностицираа фисура денес на детска хирургија и многу болки има .. Почнавме веднаш со парафинско и антролин. Дали некоја мајка се соочила со ваков проблем? Ми е грев да го гледам не знам како да му олеснам
Убаво ти кажале. Ќе се повлече. Вака жлезди потекуваат од секаква реакција, дали болест, дали вакцина, сеедно. Ако се зголемува ќе одите пак, ама тоа е премногу ретко. Обично спонтано се повлекува за некоја недела.
Мајки здраво. Малата е 3 години, од септември почна во градинка . Од септември досега носот константно или и течи или и е затнат. Во овие 8 месеци само 2 недели вкупно ако немала проблем со носот . Матичната ни вели нормално е , брисеви се направени и се уредни . Прашањето ми е , дали стварно е нормално или треба да правам некој дополнителни испитувања ?
Една недела после одмор само не и тече, дека се чисти таму, и после одново.. Тече, ли тече. Нормално скроз.
После колку време да очекувам подобрување од кога сум дала антибиотик? Има стрептокока пнеумоние во нос, ама заради тоа што не се подобрува веќе 15 дена доби Трицеф. Вчера вечер го почнавме, во меѓувреме многу се раскашла, само 3 дози дадов… не кашлаше претходно…еве ја сега не може да спие, на секои 5 мин закашлува.
Малиот имаше стомачен минатава недела од вчера пак температура и само растечен нос, не кашла нишшто друго нема, висока температура само, може малце црвено грло , не го боли, дали вака може одма после еден вирус друг да фати, супер си беше сега наеднаш се разболува, дали има некои вакви вируси сега. Давам виранто и сирупи за температура и вит ц.
Има некој гаден стомачен периодов, со многу висока температура? Само пролив и гадење, болки во стомак и тт 39 што ни со наизменично блокмакс/парацетамол не се спушта? Не може ни 4 саати да издржи. Според крвна слика ми личи на вирус и тоа на рота. Бебево во среда примаше рота, големава од петок е со симптоми. Ама па ептен пазиме со менување пелени, не се ни доближила до бебево. Не знам веќе што да дадам. Електролити, наусолвит, пробиотик и вчера смекта и дадов. Сега чекам пак да се искака да соберам за копрокултура. Оваа температура не е нормална.
Здраво, на синчето што е скоро 3 год му се појави пред 10 дена црвена точка во долниот дел од грбчето странично, кај што поминува работ од печената. Баш беше ко каснато од комарец и не му обрнав многу внимание. Сабајле додека му менував пелена гледам пликчиња. Се сомневам во херпес и скроз сум распаметена притоа сум и 35та недела бремена. Секако дека ќе одиме на преглед, но вска од слика дали некој може да примети? Како ли се лекува ова чудо? Имам тетка со херпес зостер господ го виде од болки и ужасно ме фаќа страв. Да напоменам детето мое не се чеша таму и не се жали на никакви болки. Баш го допирав да му намачкам малку павловичева и не реагираше никако.
Херпес зостер е многу, многу ретко кај деца. Прво варичела треба да прележи па после херпес зостер. Одете на педијатар па ќе видите што е. Мене повеќе на Импетиго ми личи.
Еве сега се враќаме од Систина. Докторката не мисли дека е херпес, можеби симплекс ама не беше убедена поготово што е само на едно место и е многу мало. Ни даде за секој случај Ацикловир и Миробакт па контрола за 2-3 дена. Помисли на коксаки ама баш само тука ба едно место има. Цело тело му го прегледа.
Имам малтезер дома и денес го каснал син ми за образ, не е многу каснат, како гребнато има само и црвено му е обравчето, му го исчистивме со бетадине, па со алкохол 70 %, па со хидроген,и прсанвме оксикорт спреј , само површински го потфатил со еден заб не е длабоко воопшто ама пак мн се изнервирав.Дали да го носам на лекар, има 2 дози дтп примено.
Нормално е, по 1 год в градинка ќе намалат настинките. Исто е и моето.. И првото така беше. А има прележано варичела? Ако нема не верувам да е зостер.. Го имав јас на грбот беше како мали точки и мн е чешаше на почетокот..
Нема прележано варичела. Лани во групата во градинка имаше две дечиња со сипаници ама ниедно друго не префати, баш чудно. Не се чеша, не го боли и е само таа една точка. Прво беше црвено ко од комарец каснато и сега вакво ко засушено што и да е. Еве од вчера што му мачкав Ацикловир и Миробакт малку ко да е смирено и повлечено. Којзнае што е, овие кожниве ствари мислам се баш комлицирани за дијагностицирање.
Дете 14 месеци, столица веќе 9та..Ама не се течни, некои се тврди некои лигави.. 2ка заб вади може у друг не дава да видам...Јавено на педијатар, терапија фурал и електролити ама не сака. Пола чаша нема испиено од 3 негде пие... Давам банана, компир.. ориз не сака ич.. Сега млеко да дадам пред спиење или не? Планирам банана и чај пред да легне. Сега у 6 јадеше леб и грчки јогурт.
Стомачен вирус хара изгледа страшно. Мојава 4ти ден е со пролив и изгоре 3 дена од тт. Млечно гледај да не даваш, повеќе течности, за јадење знаеш. Пробиотик обавезно и еве гледам мојава електролитиве орс алвоген ги пие, се друго на гурање. Земав и смекта да и давам, веќе не знам што да направам, ама не знам на толку мало дете дали може тоа. Фурал не знам дали е паметно да даваш, најверојатно е вирусно, џабе ќе биде. Јас сепак вчера и фецес однесов за копрокултура, па ќе видиме што ќе покаже.