Нема температура, весел е и јаде само премногу столици.. Млечно самп јогурт јадеше. Треба да најдам електролити шо ќе сака да ги пие, тие со малина не ги сака. Пише на гугл смекта над 2 години.. Ммр требаше да прима у петок ама сега мислам да одложам?
Здраво мајки, ме интересира нешто, во извештај на моето дете од др. шукарева пишува изолиран Пјер Робин синдром, дали тоа значи дека детето го нема тој синдром?
Коксаки фати малово на 14м (утре правиме 15). Кажете ми чаре за бањање, за во уста исто како да му помогнам не можеше вчера цел ден и ноќ да спие само се будеше и викаше, премногу се лигави и нејќе да чуе за јадење прежален е. Исто дали некој возрасен или од вас фатил некогаш? Што да очекуваме и како да третираме, јас нос му чистам се му правам не можам да се изолирам нормално. @Tea SK мислам дека ни се заедно во група во градинка, да ти кажам во случај да не не известуваат не знам веќе. Ни кажаа пред две недели некој пројавил сипаница и чекав тоа да не е ама вчера на ургентен завршивме ноќта во Систина дека не можеше да спие само викаше и се испостави коксаки дека е.
Да, еве сега се јавив се чувме ми кажа и уште едно девојче дека пријавила мајка со коксаки јас се надевав на сипаница искрено за да прележи дур е мал уште бар ама сега па се исплашив од ова ептен
Има некој актуелен вирус што качува до 40ка тт? 4ти ден детево ми изгоре, на секои 6ч е на далерон, го здробив од лекови. Педијатар вика само црвено грло и уши има, не е под антибиотик
@LeL15 како сте? 10 бебиња се со коксаки од денес. Синко се уште нема ништо ама он не одеше во четвртокот и петокот, прв контакт му беше вчера, па ваљда четврток, петок ќе јавува симптоми.
Леле бе плачлив и нервозен е и денес ама не како вчера. Почнав лизобакт денес да му шприцам во уста дека јадење нејќе да чуе, и стандард со 300 сирупи го изнаклукавме ама уште поисфрлан е денес. Цели нозе, мешето и рачињата е лом се надевам дека ќе му пројде за брзо, ништо не мачкаме. Ти држам среќа искрено ич да не ни фати твоето хорор е ова и прежален е дека устата го боли се лигави цел расплакан
Гревче мало . Го боли затоа не јаде, ако ти пие млеко не се секирај многу за јадењето. Ладни течности да му олеснува, да се хидрира. Ние се спремивме психички по дома, обавестивме фамилија, викам прво мали, па големата од него ќе фати, да дотрошиме стари одмори сите.
За дете не знам ама јас имам, неколку дена кога ептен е воспалено цело време се мијам со млака вода, ставам кантарион на памукче и не јадам многу за да не одам често во вц. Потоа се повлекува, мислам си стои ама болката се повлекува, додека пак не ме фати запек и хемороиди и така во круг. На другарка ми татко и го оперираа оти со години мака има, јас се надевам до тоа нем да дојде. Ставај кантарион и миј го, само тоа ќе му олесни. Електролити само замрзнати во калап за сладолед, така ќе ги лижи и ќе прима. Тоа ми е најнова успешна финта.
Брат ми е со поголем крајник цел живот, од дете, доста поголем, освен често болно грло други проблеми нема.
Мајки изгледа има ќере парво вирус, некој совет како да помине полесно и побрзо? Деловите што се во допир со облека и пелена ја чеша, што да мачкам? Матичната рече ништо ќе помине само, не ми ни кажа за сигурно дали е тоа, ама така личело и затоа не ми се оди пак. Ама веќе 2 и пол недели само се влошува. И дали е заразно, не беше во градинка од други причини ама утре планирам да ја носам.
И за коксаки давајте совет ве молам, што да дадеме на детенце што уста не отвара, само сок. Ладно овошје, домашен сладолед такво нешто помага? Или не смее ладно?
Не сум репер се трудиме веќе трет ден ама баш ладно треба, млеко давај ладно (на собна темп) не го греј, ручек или што и да е скроз оладен или нестоплена кашичка, итн. Моево кога сака јаде кога уста не отвара, кејфови му терам вчера овесни со млеко и ладна банана од фрижидер си изеде, денес чоколино и еве уште се мачам да дојаде..
Малово мое имаше пред три недели 4-5 дена пројде со температура, ротирав далерон и блокмакс на 4 саати изгоре, на крај со панцеф завршивме.