Грч да не го фаќа? За дете не знам, ама мене таму ме фаќа кога ми е истегната ногата, или во грда положба.. И често и ноќе знае да ми се деси.. А он е помал и не знае да објасни..?
И јас се сомневам на тоа, зошто секогаш е во одредени позиции кога ќе се деси, ама некако мал нели е за грчеви? Може треба некој суплемент ако е од ова…
Големото мислам дека има Варичела ама ќе видиме до вечер за сигурно дали е тоа, е сега малата дали да ја пуштам во градинка овие 2 недели??
Ако мислиш на тоа дали од алергија може температура да има, не така ми има кажано педијатарот. Кај нас алергиски добива и бронхит, но кога е во периодот на алергија секогаш е без температура.
Крена температура ноќта ставив чепче. Сабајлето пак ставив на пладнето пак и вечерта пред спиење кај 20:30,(во петокот ова). Од тогаш не качи веќе температура. Бевме вчера крвна слика правевме покажа алергиски. Вака супер е ништо нема. Не знам од што беше температурата ни 24 часа не траеше.
Незнам на обична крвна слика може да покаже бактерија или вирис, досега не сум слушнала дека може и алергиски. Но, еве ние веќе 8 год имаме алергија и никогаш не е качил температура, а и од крвна слика може само да си претпостави дека е алергија, доколу е мирна крвната слика, а сите педијатри каде го имам носено и на државно и приватно ми кажале тт од алергија неможе. Најбитно дека веќе ја нема тт, а во меѓувреме можеш да испитате и алергија.
Ne znam ako ja najdam krvnata slika posle kje ti pratam, mi imase zabelezano koja vrednost e pokacena. Doktor e valjda znae povekje od mene. Do sega ne mi utnala dijagnoza.
Има примено вакцина да. Иначе на обичен брис не ја покажа бактеријава, а на респираторен панел покажа, плус со силни симптоми беше, тешко дишење, намалена сатурација и мн кашлање, ова е од минатиот пат недолечено, а може и затоа за толку кратко пак ми се разболе детево, битно сега е подобар, др се сомнева и на алергија или асма, зошто мн често спушта на гради и доаѓа до гушење и тешко дишење. Што да давам асално и проверено за имунитет? Што е тоа бронховаксом? Има пиено дефендил, бимунал, изопринозин, самбукол, марнис ампули, витамин Ц и Д со цинк, и нема спас...
Тешко се фаќа на брис, скоро секогаш резултатите и на моиве се негативни. Многу проблеми решивме ние со бронховаксом, ептен сум задоволна, две зими по ред добро поминуваме. Имуностимулатор е, најдобро да се консултираш прво со педијатар зашто сепак е лек. Се пие по шема како изопринозин, 10 дена терапија со 20 дена пауза, 3 пати така. Го има и како прашок за мали деца, се раствара во вода или сок ама кај нас го нема, некој од странство да најдеш да ти донесе. Мислам дека 3 кутии ги платив 50 евра од Романија. Испитајте алергии и направете еден преглед кај орл, може крајниците се проблем.
Бевме на ОРЛ, се е во ред. Имаме 2 пати алергии проверувано, не детектираше, ама сметаат дека бил мал, и затоа не покажувало, 4 години е.
Ќе покаже ако има нешто, а може и немаат испитано баш на тоа што е алергичен, има и недокажана алергија. Прашај доктор да си прима редовно сируп за алергија да видиш дали ќе се разболува, кај син ми се сомневаат во алергија заради редовни ларингити и опструкции, 6 месеци годишно си прима терапија Аериус и добар е во тој период.
Кога растат тројки и четворки, колку температура може да качи? На Панцеф сме од петокот заради хемофилус инфлуенца во нос, ама од ноќва со 37.4 е не дека е нешто висока ама е поомалаксан, нејќе да јаде и нервозен е многу. Матичниот го виде сабајлево вика тројките му растат (4ки уште нема па чудно ми е, ама ко да гледам и тие доле набрекнати се, а за 3ките стварно му се долго време особено горните набрекнати без разлика што е чудно да искочат први).
Некое детенце со намалено igA? Читам не е страшно ама е голем причинител за постојано разболување + и алергиска реакција излезе на резултатот. Утре да одам и да испитам алергени.
Здраво моето синче е со намалено игА редовни контроли кај имунолог правевме. За болежливо да и моето е често болно.
Помина време ама да ти пишам. На мојата не се гледаше баш убодот, кај веѓата беше и окото скроз и се затвори. Тогаш др ми рече дека може да дојде до инфекција, препиша само сируп против оток и чешање и и се намали следниот ден за подобра контрола да направи, немаше инфекција продолживме само со сирупчето.