Мене ме караше матичната. Два дена мачев дете така, со тт од 37.9-38.0 не давав ништо, демек да јача имунитет. Ама после цела недела имаше главоболки. Затоа, ако се мачи, макар и под 38 да е, се дава антипиретик. Блокмакс нагло симнува, за разлика од парацетамол. Различна група лекови се, со иста намена.
Mајки ај ќе ве молам за помош. Што ставате за убоди од инсекти кај деца ,што е пропратено со оток и чешање ? Мислам дека имаше некој маст меѓутоа не ми текнува ,не сум користела
исто како @Lolipop23 мачкам ракија ако нема што друго инаку користам и од онаа течна бела пудра од аптека
Ви благодарам на сите ,сега кога ве прочитав ми текна за синопен и камагел ,ќе земам еден од овие два а @marchi-cool кажи ми таа бела пудра е истата таа што сме ја ставале за сипаници кај децава или не ?
да таа е. Ги суши и не предизвикува чешање на местото. Мислам за дете најприкладно е бидејќи ако ставаш од маст во туба можно е додека да упие дете да се чепне па да почеша носе уше или око. А со пудрава не се чеша не ни допира на каснатите места. Затоа и се задржувам на течната пудра. Кога сме веќе лај темата убоди од инсекти освен локално дали давате и некој сируп? Против алергија или па ангибиотик да не дојде до пренос на оние вируси западнонилска тресла и сл? Кај нас летно време јули и август нема ноќ да легне синко а да не се разбуди искасан. Од третата година навака еве веќе 3 години по ред се само него го касаат. Јас со него спијам еднаш или два пати дали ме каснало нешто како мал му давав сируп против алергија зашто првиот пат одевме на лекар и докторот ми рече да давам 3 до 5 дена лоратадин. Понатака давав само цинк витамин ц и толку а читав баш пред некој ден статија дека се препорачувало и антобиотик па сакам да слушнам мислење
Само Синопен или Камагел локално. Нема потреба од ништо друго. И да го размачка детето , тоа што треба да се дејствува веднаш се впива. Лоратадин се дава при голема алергиска реакција. А за локален убод соодветна маст. Антибиотик никако.
@marchi-cool фала ти ,не сум знаела .Јас веќе зедов синопен па ќе видиме .Во мојов случај ми беше малку чудно зашто него го касна оса во четврток и до вечерта немаше ништо ни оток ни чешање .Вчера кога стана сабајлето му видов оток и почна да се чеша .
Мајки дури чекаме ај помош Синко 3 ден со температура прво не беше висока па сега знае и до 39 да стигне. Со парацетамол малку спушта до 38.2,3 само блокмакс спушти скроз и за 4 саати пак се качува Гради и грло нема ништо Сега ќе ја видат крвната слика со ЦРП 36.8 леукоцити и лимфоцити под граница гранулоцити минимално покачени. Тромбоцитите исто паднати од 140 мин граница на 132 . Еве ја тагг @Alishan30 ако види дури чекаме , фала
Урина нешто, и уши да се прегледаат, знаат и тие да дадат вакво црп. Температурата си има жариште. За брисеви нема време, валјда ќе ве покријат со антибиотик за ова. Тоа е мое мислење
Обавезно ушињата нека му ги видат. Синко последниот пат така беше. Тт која тешко се спушта, дури после неколку дена благо зацрвенето грло покажа, а не кашлаше и не течеше нос. Се надевам дека нема да е до нив, ама да си раат. Додуша он и ноќно време се будеше со плачки од болка претпоставувам.
Матичната вика вирус е ниски леукоцити. Во ремедика вика бактерија одма панцеф даде За ушињата реков ама зошто плаче многу вика не е меридавно утре на орл да го однесам . Е најди нзс сеа едната вика не атибиотик другава да
На мм му дале во аптека кесички провен пробиотик. Ја немам кутијата да видам упатство. Смеам ли да дадам една кесичка на дете 1 год?
Slobodno davaj, tie se od 0+,po edna na den, najdibro e da se rastvorat vo mleko, taka i pisuva vo upatstvoto