На малата 5год преку фецес најдено кандида спп. немаше симптоми никакви освен осип околу уста некој искуство?
Големата 3ипол години, неделата еднаш поврати, вчера два пати и денес нема повратено добра е само не јаде. Не ја однесов на лекар зашто викам обичен стомачен, и давам Наусолвит јуниот и електролити, пие вода доста зашто е жедна цело време. Денес столицата и беше нормална текстура, но ме загрижи бојата, некоја светла жолта. Дали е нормално од нејадење да и е тоа?
Некни паничев, иста и беше пошто ништо во уста немаше ставено. Се регулираше одма чим почна да поткаснува. Него, за повраќање само Наусолвит ли давате? Има некој стомачен во градинка па да се спремам.
Не. Диастоп земав последно. Инаку пиеше провен прашок ама го потрошив и сега овој го земав дека и за бебиња е ама не го сака. Т.е сега ми текна дека можам да и го подметнам само да ја излажам дека ставам од друго
Ова се пие и многу е вкусно, барем нас дома ни е вкусно. Тие прашоците ич не ги сакам зашто ни јас не можев да му ги дадам на син ми.
Не знам само за повраќање дали сум давала. Ама ако има стомачен со грчеви ко што беше последниов, или повраќање и пролив сум давала.
Наоравивме вчера крвна слика, добра е. Матичната истото го кажа, пробиотик, електролит и Наусолвит капки само. Ама денес ептен ми е залегната, цел ден го предрема и одспа мислам. Јадеше само супа сабајле среќа и толку и не сака да стане од кревет, не цртани што се не понудив. Среќа не повраќа денес, ама ме загрижува оваа поспаност. Матичната вика уште некој ден ако не ја пушти да ја носам да ја види.
Исто како Аериус, мислам исти состав се. До 5-6 год се дозира 2,5мл. Поздрав женска, те немам прочитано одамна