Личи на аденовироза кај вас. Јас не би давала ентерофурил, ама во дадена терапија од лекар не се мешам.
Само тоа да не е, лани октомври многу тешко поминавме со Адено вирус, тешки проливи со дехидратација со лежење во болница 4 дена...Можи да фаќа повеќе пати така? Адено? Засега не се течни столиците, кашести се уште. Тогаш пиеше ентерофурил и воопшто не помогна..
Ај и тука да прашам. Сте давале сируп за алергија да ублажи чешање и црвенила од убод од комарци? Вчера партал ја направија ќерка ми, од глава до пети е решето. Буквално има повеќе од 15 убоди. Многу ги расчеша, рани си направи, плус што се цели црвени како печати. Вчера ставив крилен гел демек да смири чешање ама џабе. Денес ставив облоги ациди борици да спласне отокот, мачкав синопен ама уште се подзачешува на некои места.Се мислам да и дадам една доза Аериус или Зиртек.
Втор ден по ред на секое какање има малку крв на пелената. Можно е тодлер да има хемороиди? Или да носам на педијатар?
Crilen се мачка за да не касаат, а after nip се става на каснато. Мачкај по неколку пати на ден на убодот и ќе престане да се чеша.
На ова мислев. Анти нип, ама и на него пишува крилен па може лошо се изразив, не знаев дека се две различни. Може помага за едно две, сега пошто се многу ептен се изначеша. Жална е дури од што е лом. Надвор секогаш е испрскана со Мустикер, супер штити. Ова не фати неспремни дома влегол некој комарец и не реши за 5 минути. Кога го утепав како бумбар беше нацицан.
И моето многу го касаат, многу ми е жал кога ќе го видам како се чеша и пликови се фрла. Ама ако го намачкам, го касаат на лице или на уво. А другото дете, комарците бегаат од него. Не го мачкам никогаш. Во дилема сум, не знам што ги привлекува?
Дали ќе може да завршиме работа на детска клиника со приоритетен упат? На гастро треба да го носам малиот.. Матичнава никако да фати термин а он од април има мака.
И мене ова ме интересира, значи има денови кога ништо не помагаби целиот е лом, не може ни да спие. Јас ќе давам штом може. А и што комарци ќе беа значи отоци рани, пликови…
Би требало, ние така завршивме работа само на друго одделение. Ќе промрчат може малку ама ќути си или жали се дека барате термин долго време. @Giovanna Гледам си пишала Мустикер, дали имаш приметено разлика во јачината на мирисот? Одличен е ама дали дека лани трудна го користев и многу ми сметаше, годинава пак не можам да го поднесам. Како составот да е сменет, многу јак мирис има или до мене е?
@Mother of 2boys @1209 и јас имам приметено дека некои луѓе не ги касаат, некои лом ги прават, ама ич не знам што е разликата. Ќерка ми дури и лук јаде и се, па пак и се лепат на неа. Башка ко што е бела проѕирна, сите промени на кожа х3 полошо и изгледаат. Се надевам утре сабајле ќе изгледаат подобро и ќе намали на чешање. Ми е страв да не ги инфицира @Skyler со мустикерот се помирив дека многу јако мириса, пошто само со тоа кога е напрскана не ја решетаат комарциве мутирани. Инаку има два вида, едното е со жолто капаче од +6 месеци, тоа мириса малку послабо. Другото е со црвено капаче од +9 месеци се користи и тоа е отров колку мириса. Ние го користиме тоа
Јас одма давам ако има многу или ако се малку а големи отоци. Ич не размислувам. Некогаш еден ден , некогаш повеќе зависи какви се. Не го мачи детето дај му. Јас Аериус давам, следниот ден се повлечени. Ако се разранети можеш и некоја антибиотска крема да намачкаш.
За Мустикер, едното има делување од 6 часа, другото 9 часа, тоа е разликата и буквално сите опции силно и нападно мирисаат. Дури и рол он-от со 4 часа делување исто многу мириса, ама па штитати од други бубачки, не само од комарци.
Дали купувате некои лекарства од Грција? Како поквалитетни него ли од тука. Знам дека некои за инхалација ги имаше таму а ко знајте нешто друго шо би можела да земам предложете ми. Фала