На матичната и пратив рез. по вибер. Во Систина го прегледаа вчера на дежурство рече јак вирус ќе трае 3-5 дена со оваа температура , ама бевме без направена крвна слика , ми рече утрово да направам за да биде поточна. И вчера и денес мирни гради и грло. Денес др.во ремедика исто рече нема ништо на гради и грло ама заради високото црп панцеф. А на него леукоц. не му се високи туку под храница. Нели треба да се високи за да биде бактерија? Ако е вирус зошто антибиотик
На мојава зимото и беа 3. Вирус беше во прашање и траеше 10 дена, како што ми кажа и докторката од систина. Антибиотик не дадов.
2.9 се на мојот. Сега се слушнав со нашата др.од ремедика исто ми потврди дека е вирус. А црп-то колку ви беше?
Колку што знам високо црп значи бактерија. Мене ако на толкаво црп ми дадат антибиотик, одма ќе дадам.
Кај синко до сега од вирус црп никогаш не било покачено. Само знаеш ако почнеш денес антибиотик нема ни урина ни брисеви да можеш да испиташ утре. Во секој случај одлуката е твоја, само внимавај каде ќе го носиш, ако го носиш на орл. Со лесно да поминува.
@eli25 кај малото имаше покачено црп, а ниски леукоцити и испадна вирус. Помина без антибиотик. Во секој случај јас би слушала педијатар, кој повеќе ја знае историјата на детето. Ова дека спомна дека си се консултирала со две докторки.
Исто. Блокмакс спушта до 36.5 и после 5,6 саати качува пак ,со живин мерам колку што дозволува-макс 3минути излегува 38.4 а со дигитален 39.1,39.2. Еве сеа измасирав со алкохол и чорапчиња му ставив. Сабајле го носам да му земат брис и урина зошто во ремедика не беше успешно беше мн вознемирен. Па најверојатно ќе дадам панцеф незнам стварно. @NarCis@ море 4 докторки Го видоа во систина на дежурен ,ремедика дежурен, а се консултирав и со матичен и со др.од ремедика што го води од бебе , ама моментално е на одмор. Ми нагласи дека е јак вирис со температура дека обично после 4 ден паѓа температурата. Само дежурниот од ремедика ми рече панцеф да дадам ради црп/то.
Знам мачно е, ама издржи. Јас не би дала антибиотик ако не треба. Да не видеше нас во јануари. Дете не можеше да оди од што беше омалаксана. Ја спуштав и по 2 чекора паѓаше. Се во раце беше. Па и јас и мм качивме тт. Кој кого да го гледа Станка да не ве прими во Систина? Ми личи на нејзин совет. Она обично гледа да не дава антибиотик и кажува колку ќе "држи", а и кс гледа да е бар 24ч од први симптоми. Мене до сега секогаш ми погодила. И кога кажа неколку дена и 10 дена. Дури и стрептококата ја излечивме без антибиотик по нејзин совет.
Оф леле Барем мене ме теши што е весел и јаде,си игра и дрдори цело време. Инаку Палчевска не прими во Систина. Имаше поминато 24ч за крвна слика ама рече нема шанса да го малтретирам ова е вирус. Ако продолжи пак да качува тогаш ќе правиме
Мајки среќа си ја послушав интуицијата,излезе воспаление на увциња Го однесов на орл, даде панцеф и капки, аплицира лек во ушињата, утре пак и среда рече тимпанометрија. Што е тоа ? Ќе го боли ли ? Црп-то го повторивме се симна на 14 од 36 . Без пиен антибиотик.
Ако е даден сирупот по антибиограм ќе ја излечите бактеријата, после испиената доза повторете го брисот.