Еве сега се бањаше и набабре малце вака изгеда, внатре е црно. Пред да се бања беше само круто на допир и се гледаше како црна шпица
Да, може. И ќерка ми од 2 години има под прстите. Мене подолог ми кажа дека се фаќа најмногу од море, базенти и такви работи, кога одиме боси оти најмногу таму се закачуваат такви дерматолошки работи. Треба да се извади на дерматолог или подолог. Ние се уште не сме го вадиле оти не дава за жива глава ниту да го допрам, не дека ја боли ама таква е.
Ќерка денес рече додека одеше дека ја боли, мм пати од курии очи и нема појма од што му се праат кога од дома работи не е во обувки.. ние море 5 дена бевме само. Едино што шета по балкон малаава боса, а бетон е и во парк на трева знаат боси да шетаат. Освен хируршко вадење дали на деца смее со фластери или масло?
Ова ти е најдобро нешто за курје око. Од Германија ми го носат, провери дали го има кај вас таман и упатството можеш да го разбереш дали е за мали деца.
Прв пат ми спушти на гради детето, благ бронхит наводно. Со некоја безвеза тт три дена веќе 38, со 3,4 на 8-10 саата качува. Бевме на итна детско кај нас има, нема црвено грло, се е ок, он јаде пие, беснее како да нее болен, не кашла, само носот фрчи, од таму е спуштено. Инхалации 3 пати на ден, се надевм ќе помогнат. Утре и крвна слика ќе првам сега беше затворено. Друго нешто за бронхит може да превземам? На што да внимавам, кои се алармантни симптоми кај бронхит?
Дренажа, т.е. тапкање по грбче за да одлепи полесно секретот. И тоалета на нос цело време. Ако не може да издувува, влечи му ти. Реално нема што повеќе, покриен е со инхалации. Ќе почне да искашлува влажно, густо и тоа е добро. Ќе видите како ќе се одвива понатаму па по потреба ќе се вклучат работи. Со што инхалираш? Кортаир?
Само атровент? Тоа е бронходилататор, обично не се препишува сам, оди плус со инхалации кортико за да смират. Многу е битно очите да му ги покриеш/врзеш со нешто додека инхалираш со атровент, штетен е за очи.
Како бе, зошто ништо не ми кажаа од ова мене на итна? Ми рекоа со физолошки да мешам само, а од аптека немале атровент ми дадоа ипратром. Таму му правеа една инхалација не му ги покрија очите ни ништо не рекоа. Е амн.
Исто е, тоа е атровент. Само обично се дава и плус кортико препарат (кортаир, пулмикорт...) после бронходилататорот за да се смири целото воспаление побрзо и да се намали продукцијата на секретот. Инаку покривањето на очите е првото што ми го кажале при инхалација со атровент. Не е нешто опасно по живот, ама зошто да се појави нели. И однеси дете на уште едно мислење.
Ох уште да има каде. Кај нас нема педијатри во градот, на итна се единствените што ги имаме. Додуша неколку пати го имам носено кај нив, секогаш сум била задоволна од лекување, едната и мене ми беше матична и ме спаси од доста чудни болести кои ги имав како мала па и верувам, ама сега она не беше на смена, може утре ќе е кога ќе одам со резултатите од крв. Многу се плашам од дозирање на ова ампулите, ништо не разбирам од тоа како треба да дозирам
Најчесто оди 2 мл физиолошки секаде. Е сега атровентов обично е 1 мл, ама бидејќи три пати ви дале сигурно е различна дозата. Со шприц мал и игла ти е наједноставно. Ќе помине не се секирај. Само стресно е.
@thinkerbell кај нас не секогаш оделе паралелно со двата лека. Така да не мора да значи. А ова за очиве за жал никој не го кажува. Дури и во болница кога лежевме не не предупредуваа ниту посочуваа. @1209 кај нас за бронхит иста терапија. Кортико може ќе ви продолжат после оваа терапија. Многу течности и редовна тоалета на носе. За дозирањето ќе купуваш што помали шприцови (јас зимам 2 или 2,5мл зависи што ќр најдам), за попрецизно извлекување. Нека поминува со лесно. Пс. Ако дренираш(тапкаш) внимавај да не е јаден. Во болница по два саати морав да го држам без јадење/пиење пред да дојдат сестрите за дренажа. Ама кај моево за пневмонија и тоа доктор кога ќе проценеше дека е зрело за да го дренираат. За бронхит не се сеќавам дека ни препорачувале дренажа.
Ќерка на болница добиваше артовент и неколку пати дома. Ни некој очи и покрил, ни ништо. Плус единствен начин за инхалација да седи е да гледа цртани. Не викам дека не треба, туку сме немале проблем ние со тоа. А и од инхалаторот што го имаме како подалеку излегува пареата, не баш во очи. Добиваше таа доза од 2мл физиолошки, 1мл артовент. Имам јас редовно низ куќа шприц мал инсулински и со него мерам. Ампулите ипратом ти се по 2мл. Јас остатокот го фрлав, на секоја инхалација. 1мл користев, другото фрлав. Мислам и така пишува, после отворање да не се чува. За баткото, со помин да е. Почесто следете дали се одлепува бронхитот и се смирува. Јас на 2 дена сум ја носела на контрола. Кај нас ако нема подобрување вклучувале и антибиотик плус. Нека внесува исто и многу течности.
Може да стои ампулата до 24 часа, нема потреба да се фрла. Јас обично цела ја извлекувам во шриц, ставам доза и остатокот во фрижидер со шприцот. Во болница ни толки не правеа, така ни ја оставаа ампулата, само со брцата игла во неа.
Zdravo Dali imate iskustvo so Belodroben auskultatoren naod inspiratoren stridor, se raboti za bebe skoro 2 meseci, krcese premnogu, kako da se bori za vozduh. Edno mleko na den povrakja so mlaz. Plus ni preporacaa da ja nosime na Orl, zakazav kaj Makedonka vo Sistina duri na 20ti.
Првиот пат така правев. После во упатството видов не се чувала и посигурно ми беше да фрлам. Со сите маки што ги видовме тој период, не знаев веќе ни што е правилно, ни што не е.
На другите од типот на пулмикорт, кортаир сигурна сум дека пишува да се искористи во рок од 24 часа. За овие не сум погледнала, ама еве во болница така ни ја оставаа отворена ампулата. Не дај боже да притреба, ако купам друг пат баш ќе погледнам за ова.