Денес се повлече фала богу. Ама окцето не смирува црвено е со капилари ептен, веќе 5 6 денови од шампон ваљда ќе смиреше?
Nausolvit капки против повраќање, и можеш и Смекта ако успееш да дадеш, пишува над две ама може и за бебиња. Ова за Норо вируси, за Рота вируси ништо од ова не помага.
Сега поминавме варичела. Не личи така од сликава што е ставена.но ако е варичела до денес ќе има нови места исполнети со водичка по стомак , грб, нозе, глава..
Не е, се повлече денес. Имавме контакт пред 19 дена со детенце со варичела, ама штом се повлече, не е тоа. Фала во секој случај.
Не..има моменти се полошо некогаш подобро ама долго стојат баш распрскани, мм е цел живот со такви не знам дали е наследно
Мајки ве молам ќе полудам додека отвори педијатар, му отече малце од вчера пратето мислевме комарец денес е полошо. Не го боли ме реагира што може да е ова?!
Можно е на шибер врати заплака малце и се смири завчера ама не го приметив толку.. ваљда ќе реагираше ако го скршил или само го штипнал...
Можно е ако играл со нешто и да го стискал прстето, на моето бебе прстињата на нозте му отекоа од многу скокање и буткање на рачката од количката, не го ставав па му се смирија за ден. Сега како е, исто ли му е отечено?
Охх само стресови.. Малце подобро ама има уште оток ваљда кај што го фатил или го грицнало нешто во грмушката вчера кога мавташе. Оково ме грижи плус, жар црвено со капилари е веќе скоро 1 недела, пратив на педијатарот рече тобрекс капки 3х2 Мм паничи не сака, јас немам искуство со нив. Дали се безбедни за 19 месеци? Што може да му се случи? Ми е страв да не е инфекција па дабетер беља него од капките.
Капките се за бактериска инфекција, ги имам ставано мислам од 9 месеци, втор ден во градинка фати страшен коњуктивит. Ова вашето на тоа ми личи, само може да е вирусен. Гуглај pink eye да видиш дали изгледа така.
Нема тоа сакам несакам. Ви препорачале ставајте. Сум ставала на дете од 1 година. И внимавајте како ставате , да не му испукате плус капилари, со сила не, само брзи треба да бидете, од тие капки само подобро може да биде, не полошо. Тие се баш за инфекција.
Како мислиш со сила не?да не отворам јас капак? Не дава.. После бањање лежеше го фатив за главче и капнав кај она што се спојуваат горен и долен капак зошто ми држи затворени очи...морав да му отворам малце, мал е не сфаќа се плаши што знам. Прв пат ставив пред 1ч Кажете ако знаете некој трик, лесен сон има нема шанси ни така да му ставам.
Што стававте во уста кај коксаки? Малата е 16м и од денес е со темп, грлото и е цело со црвени точки типично за коксаки, очекувам утре и по тело. Проблем има со голтање сега,се гледа дека ја боли, а и се јаде и се пие Скоро читав некој имаше исто ама не можам да најдам.