благодарам многу за препораките. сум читала за манука, свесна сум дека има одлична репутација. каде ја купувате?
пс да се надоврзам, денес докторкава вика не еден, него два циклуса да ги истера скроз здрав на бронховаксом пред да се врати во градинка
Не сме во Ск ние, реално во градов и немаме некои доктори. Може и така е правилно, овде никој не дал таква назнака.
Имаш во зегин знам увезуваат и ани фарм, двете се со иста јачина. Кемофармација палма мол тетово носат англиски некој има и послаби од него јачини. Јас сум купувала од овој за мене од ани фарм . Манука медот има јачина колку содржи метилгиоксал, и според тоа се води и ефектот. Сестрами сакаше за внуката, они почнаа со матичен млеч. Ќе се распрашам по колешкиве во аптека и ќе пишам за мануката дали послаба или појаката за деца.
Да, ги седнав и им реков особено на мајка ми да не ја тера да јаде веќе. И објаснував и ми вика да а на бебето на деверми како му спремаат ситно. Па викам тоа бебе е ти прво одделение ќе одиш. Уф што да кажам.. Денес супа јадеше (не сакаше месо) , сабајлето исечена праска на ситно, па пак супа бараше а претходно рече шпагети ќе јаде. Кога ги виде почна да плаче, а омилено јадење и беше. Во водичката ситно месо и ставив, го изеде некако е после стана си зема бомбици вчера што имав правено и зема да јаде. Без да плаче но ништо. Е сега ова како го изеде , инат ли ни прави не знам веќе
Здраво мајки. Ќе ве замолам ако имате некој совет или информација за вирус со температура моментлно што го има. Сопругот и јас го поминавме пред неколку дена ама денес и малиот (5год и 8 мес) почнува да качува температура. Проблемот е што кај малиот не можам да ја симнам никако. На 4 часа наизменично блокмакс и парацетамол сируп, до 38.3 ќе се симне и пак почнува нагоре. Во контакт со педијатар нон стоп, таа не е многу загрижена ама мене прв пат ова се случува од сируп да не се симне. Утре на преглед и крвна слика. Го ладиме со ракија, оцет и сода бикарбона ама додека има облоги е добро, штом ги тргнам веднаш назад се качува. Брза помош примала пациенти после 19:30 па чекам да дојде часот. Во меѓувреме очајно барам решение. Само што му дадов блокмакс пак, мислам дека делува после 20-30 мин. Толку е измалтретиран што не ми дозволува ни компир нит сенф да мачкам на стапалата. Ви благодарам што ме ислушавте (прочитавте)
Разговарај да не се има задавено од нешто или да не видела давење од храна. Мене голема па ми се случи да се давам од храна и долго имав проблем со голтањето на психа ми беше. Секое јадење со страв храната дека ќе се задавам, само што тогаш мојте не се позамараа да ме носат никаде освен на матичен што само ми објаснуваше дека не можеме да се задавиме, ама џабе јас си бев убедена. Зборот ми е ако не се подобри со време може некој психолог, јас се изнамачив сама со себе дури се изборам да тоа ми помине, читав и многу тогаш на инт и слично од што мојте не се позамараа. И кај мене беше некоја храна без проблем, друг пат едвај... катастрофа. Не знам како да опишам многу лошо чувство од трауматско искуство.
Ова вака што не се симнува личи на бактерија, гнојна ангина, воспаление на уши ...нешто такво. Носи го на преглед секако да го видат. За уши можеш и сама нежно притисни види дали ќе реагира, грлото исто види го да не има бели точки гној... друго мислам нема што да е .
Може и е од тоа пред 10 дена нели се засркнала пиша или грешам. Мм ми кажал како дете од сарма се засркнал од листот од зелка и вика долго време не јадев мн имав страв. Па и од други јадења со зелка. Така да може од тоа има страв некако да се консултираш со некого како да ја ослободиш, дека нема пак да се случи ако џвака убаво.
3 godini, cela nokj povrakjanje. Dadov i nausolvit nokjeska, no po 25 minuti povrati, ne znam dali imalo efekt. Sto da dadam drugo?
Електролити, голтка по голтка. Додека не престане да повраќа даваш само по една голтка. Секако ќе сака да пие повеќе, ама мора да издржи да се смири стомачето. Внимавај да не дехидрира, не знам колку често и обично ти повраќа. Ако е многу омалаксано носиш на лекар.
Здраво. Од втората доза Блокмакс почна да паѓа и конечно видов 37 на топломер. Касна малку и пиеше вода, и во 12 вечер пак јово на ново. Но овој пат од една доза блокмакс падна и спиеше цела вечер. Сега пак почнува да качува, малце да се расони и одиме на лекар. Мислам дека не е бактерија, зошто освен температура и носот што му тече нема никакви други болки, малце се жали и на грло ама тоа е нормално со секретот од нос. Јас и сопругот уште сме никакви со секрет и затнати носеви. Добро е што периодиот помеѓу температури се зголеми од качување на 3.5 часа, на 6 часа па еве сега на 8 часа така да малку се смирив. Ти благодарам за прашањето
Малата 3г и 9м прв пат пред неколку месеци викаше дека ја болело срце покажувајќи на градите, (пошто веројатно дозна тој период кај е срцето мисли дека ја боли тоа) се посомневавме дека е нешто со желудникот и градите. Во текот на изминативе месеци знаеше да каже ме болат гради. Ама не ја спречуваше тоа во никаква активност, си беше и расположена, јаде, пие, спие, се најнормално како и пред да сподели дека има болка. Пред 3 недели го фати стомачниот и од тогаш скоро секој ден се жали на болка во гради. Матичната вика дека не разликува болка од жежење и дека најверојатно е киселина затоа што ја боли кај хранопроводот во градите, а пред некој ден рече и грлото дека ја заболело, па претпоставувам и стигнала и до грло. Не е дека јаде или пие кујзнае што и кујзнае колку за да и тригерира киселини, не можам да откријам што е. Не знам како да постапам многу ми е жал толку мала да се мачи со киселини. Дали имал некој искуство на оваа возраст со рефлукс? Како го испитувале и како го третирале?
Дали е нормално да се клатат трајни заби? Пред 6 месеци испаднаа млечните, трајниве се целосно излезени и се лабави. Долните исто и се трајни ама не се клатат.
И реков ама пошто одиме на одмор рече да видиме неделава па ќе испитуваме тоа. Не сум имала искуство не знам таа дали прави киселини. Ама кс и е ок и црп.