Мајки ве молам за совет, на 14м за дијареа што да се даде за да се среди столицата? Има апетит, си пие вода и електролити, вчера вечер само еднаш поврати, ама газето е чешма. Во аптека Фурал препорачаа. Матичната вика не бил добар, Ентерос гел е подобро (1500 ден). Па пред да тргнам да го барам гелов, дали некој го користел? Искуства од друго нешто што не е на рецепт ако имате споделете
Според упатството гелов ти е подобра опција. Доколку дијареата е од вирусно потекло фурал не ти помага, антибиотик е. А за да знаеш дали е бактерија ти треба копрокултура. Не брзајте одма со сирупиве како фурал или ентерофурил, антибиотици се. Слаби, но сепак. Со гелов не сум имала искуство, ама според ова што го пишува треба да помага супер. Ќе го земам искрено за некој следен пат. Штом и матичната ти рекла дај ги слободно.
Цел ден има зелена столица, не е миризлива нешто посебно и не е течна, ама 3-4 пати какаше. Зелена апла, не јадел ништо за таква боја. Може да е бактерија или нешто? Нема други симптоми.
Da te prasam ako moze. Deteto vcera nokjta povrakjanje i denta tecni stolici. Denes e neraspolozen i saka da lezi povekje. Normalno e vaka? Pie tecnosti.
Нормално, исцрпено е. Има уште течни столици? Давај и електролити и пробиотик. @1209 да не јадел спанаќ? Или нешто со зелена прехранбена боја, колаче, торта со зелен фил?
Bebevo mi e 9 meseci i kaci temperatura vo 21:30 dadov Eferglan mu se spusti i sega pak mi kacuva.Smeam li da dadam Blok Maks,do sega ne sum davala na nego ?
Дека спие може затоа повисока ти кажува. Мери му со живин топломер. Ако е висока, дај му ама полека да не ги го поврати или исплука па да не знаеш колку испило.
Да супер е гелов но го нема во Скопје. Ќе го чекаме од Виа Фарм Вевчани да стигне дури во понеделник Во меѓувреме апетитот го снема а столица уште течна, не знам што да се прави...
Пробиотик и електролити сигурно даваш. Ако трае ова повеќе од 3 дена направете копрокултура. Колку течни столици на ден има? Апетит нормално е да нема, не го ни форсирај да јаде, течности само да прима.
По 3 прилично течни и обемни. Пд течности само јогурт сака. Вчера еден ваков раствор испи денес и ова голтка по голтка...пробиотик не пие редовно. Правевме ентерофлор киди пред некое време и Др рече нема потреба
Бронховсксомот може да се дава ако дете прави наод на плуќа и опструкции од алергија или не се препорачува за тоа? Се вративме од море после месец дена и пак одма почна со кашлање, свиркање, наод на плуќа... со терапија сме кортико пумпица постојано ама пак доаѓа до ова..
Да ние се консултиравме во козле и докторката сакаше да го стави, ама бидејќи треба да прима ммр ни препорача да почекаме 6 месеци после вакцината зошто колку што разбрав и двата се со жив вирус. Така да сега само на изопринозин го стави по шема, бронховаксомот остана за понатаму ако има потреба.
Баш ќе се конултирам со педијатар и пулмолог, една мајка ми кажа дека дава истовремено и изопрозин и бронховаксом по шема. Јас уште ја немам вакцинирано со трета доза на 18м, сакав следнава недеава и еве пак исто се случува и педијатар ми рече да почекаме. Аман веќе. Како сте вие? Има ли подобрување?
За сега стабилно, има настинки и растекување нос, ама за сега подобро и на нога ги проаѓа. Ќе видиме сега од септември со вирусите како ќе биде. Ама кај малото во моментов е исклучено се што е млечно.
Син ми 2 години и 1 месец во средата имаше тт и ноќта до 1ипол до 38.1 2 и од тогај нема вчера и денеска вчера само еднаш телна столица и толку расположен беше цело време и јадеше на доктор рекоја вирус крвната слика добра има вирус со толку кратко тт?