Има лепенки за херпес во Зегин. До лек се. Треба точно да го наместите на херпесот. Се менуваат на неколку часа. Да не стои подолго време бидејќи тешко се вади. Многу помагаат. Не се шири херпесот туку се суши.
Колку често се појавува? Има други деца? Знам дека не е опасен, ама зошто мораше... Витамин Ц помага да му дадам капки?
Не знам многу точно, дали се појавува постојано, од мое искуство како дете, ми се правеше при пад на имунитетот, може не често ама бар еднаш годишно секако. Не сум медицинско лице, барем јас што ставам е ова. Мислам од витамин ц нема штета да се даде. Ако е за помало дете најдобро и матичен и во аптека да прашаш да ти предложат маст.
Прва инфекција со херпес му е? Кај мали деца знае да биде зезната првата инфекција, ако сте поминале само со блистер на уста одлично сте поминале. Кај нас првата инфекција беше страшна, 5 дена температура, рани низ уста, потечени жлезди (мононуклеоза синдром), едниот близнак заврши една недела во болница од компликации. Не го пишувам ова да те плашам, него како информација за други што читаат дека не е баш дека не е страшно, посебно кај мали деца, кај доенчиња може дури фатално да биде. Ако првата инфекција сте ја поминале лесно, тоа е тоа, ама ќе си го носи вирусот во себе цел живот. Обично се реактивира при пад на имунитет, но може тригер да биде стрес, изложеност на сонце и ветер и сл. Ацикловир кај мали деца не знам како се мачка, треба да видиш со доктор ама мене овој ми е спас GALAFARM Херпегал рол-он, ставам при први знаци (ќе видиш како набабрено) и понекогаш спречува воошто да не излезе. Ние мака мачевме со реактивации после првата инфекција дури пиеше изопринозин по шема, од тогаш не се појави фала богу. Само додека е видлив внимавајте на контакти со мали деца, посебно пред да пукне.
Го однесов на лекар сабајлето одма. Тој дома таа корупката ја откорна. И докторкава рече дека било angulus infectious. Нешто како габична инфекција. Јас на тој дел баш го бакнав пред некој ден, најверојатно е од мене. А рече херпес не бил. Витамински сируп ми даде, т.е капки со б12. Оваа раничка се појавувала при недостаток на б12 витамин. Вака изгледа слично Од интернет е сликава. А навистина само со плуска помина. Читав на интернет до 3 години како врват деца со тој вирус, не е баш наивно. Кај вас било тегобно баш, ох леле. Од каде го фатиле вирусот, знаеш? Пред некој ден имаше температура, ама возеше количе надвор се изнашлапа во вирчиња и нозете водени му беа. Дуваше надвор, беше студенко. И помислив од тоа дека му е. А, исто така, минативе дена имаше мака со какање, 3 дена не беше олеснет. Стегаше, плачеше, се трудеше, испотено целото, се тресеше од мака. И си викам и од тоа да не му е.
Што да ставам на отечен очен капак? Вчера на спиење претпоставувам дека ја каснал комарец до окото, беше црвено ама ништо посебно. Сега се расплака во спиење за вода, окото подзатворено, не знам дали смеам таму да ставам синопен. Некој совет?
Јас не знам кај го фатија моиве, мислам едниот фати од другиот ама првиот поима немам, а како сокол скенирав со години усти на луѓе знаејќи што беља може да направи. Ама тоа е, битно помина. Ако имал температура неколку дена пред да му се појави веројатно е херпес, кај син ми некаде 4ти или 5ти ден од температура му проби на устата. Не качуваат деца температура од шлапање во вирчиња и ветер ако во позадина нема некоја инфекција. Моиве во вирчиња пораснаа и надвор биле со саати и на минусни температури, тогаш најздрави биле.
Температурата му се движеше до 37,5. Малите твои колкава имаа? Само со помин да е, некогаш не знаеше опасноста каде е.
Малиот има скоро 2 години, бевме на одмор и таму настина, носето затнато и температура крена до 38.8. После почна и столицата да е потечна. Веќе 5 ти ден сеуште носето затнато и столицата е течна. Бевме на лекар ни даде електролити и пробиотик на пролајф ама не ги пие, не го сака. Пие доста вода, супи ама електролитот не го пие. Препорака за друг електролит и дали е загрижувачко дека втор ден веќе и има течна столица? Иначе вака весел е си игра шета јади не многу ама јади.
Ние имавме стомачен а столицата 3 дена течна беше, во аптека ми дадоа диастоп пробиотик одма се регулираше сточицата. Од електролити ОРС да пробаш дали ке ти ги пие. И не давај супа штом има течна столица, посува храна гледај да јаде.
Prolife ги има за шмукање како бонбонче и ампули како сируп. Прашај во аптека дали може тие, капсулите и мене ми се гадни. Овие за шмукање супер ми се.
имаше или немаше температура? И моето еднаш имаше на 4 год, фебрилни конвулзии ги нарекуваат. 3 пати сме биле на невролог. Ни рекоа дела до 6 години е нормално над 6 веќе треба да се прават испитувања дека нешто друго е во прашање. Исто и дека ако се грчеви при температура е нормално ако се јават кога нема температура е веќе нешто друго и треба испитувања. Не да е страшно туку е престрашно од тогаш развива панични напади и секогаш кога има и мал симптом на настинка мене ме фаќаат тие напади. Навистина е тешко. Ама кај децава врви и среќа е без последици
Мајки, Малово (2 год) цела недела беше со мрсули, ништо страшно. И на грло се пожали еден ден, толку. И само што поминаа мрсулите, почна да крева температура. Од синоќа, денес, до 38.5. Чудно ми е зашто обично тт кревале одма досега. Некој вирус е ваков чуден?
Majki moeto odi vo gradinka i sekogas koga ke pocnat mrsuli dodeka spie se zakashluva i se slevaat nadolu izgledaa... kako e kaj vas koga im tecat mrsuli? Nekogas od tolku zakasluvanje i povrakja preku nokj pa mora da cistime. Prskam aqua maris, inhaliram, stavam lepenka za polesno da dishi i mackam so expulmo ama dzabe. Ja stavam i na povisoko da spie ama isto e
Да направите брис? Може и да е некоја бактерија. Т.е да го предизвикува кашлањето. Барем кај нас така испаѓало.
Здр, сте давале ли кесички тајлохот за дете на 4години или подобро е сирупот? И дали се ефикасни и овие кесички на сликата на природна база за настинка , малаксаност