Еферангал според тоа што е мерничето внатре дадов. А блокмакс 5мл, блокмаксот му ја спушта побрзо ама нервира што не оди подоле од 38.5, прееска само 37.7 и пак му се крена 38.5
7мл парацетамол 6 мл блокмакс А има и блокмакс форте од него 3мл . Јас давам од форте сега бидејќи помалку количинки е, имаме проблем со пиење сирупи. Оти парацетамол 9мл е за мојов, 8мл блокмакс и 2 шприца идат, борби водиме дур ги испие. Ние пак крвна слика денес, паднале леукоцитите, сепак вироза било, не дадовме антибиотик, пак на преглед денес ок е нема на плуќа ништо, грло ок е.
@thinkerbell ќе те тагнам зошто имаме исти проблеми со децава. На мојава 3 антибиотик и шибнаа, луѓе пневмонијава не се смирува. Чекаме два три дена со нова терапија, ако не е подобро одиме со хоспитализација. Читав дека си почнала со хомеопатија, имаш ли препорака за некој специјалист? Колешка ми спомна за некоја од Ѓорче, она била доста задоволна. Како се одвива процесот?
Мајки имам близначиња 2 г и 5 месеци. Во петок сабајле се жалеа на стомаче. Накај 11 саат кренаа тт 38, ги носев на лекар ни рекоа веројатно стомачен вирус и ни даде ентерофорил и пробиотик. Ви сабота направивме крвна слика на едниот црп 23 а другиот 80. Ги пратив резултатите на матична и ни даде плус цефалексин. Од сабота немаат тт ама имаат течна столица и тоа ептен воденеста.Одбиваат храна. Проаѓаат само варени макарони. Уште имаат течна столица и денес ни даде упат за копро. Тие се весели не се жалат на болка. Што можам да им дам уште за да регулираме дијареја. Да беше вирус би требало да се регулира веќе.
Супер што ви дала упат, ама и да има бактерија голема е веројатноста да не ја покаже ради антибиотикот. Електролити, пробиотик, храна без влакна и плус смекта мислам можеше над 2 години.
Моментално јас пијам цефалексин и исто мачам мака со течни столици..џабе и пробиотици и се. Јас немам стомачен вирус, што значи од антибиотиков ми е..
И јас имам близнаци. Моите пораснаа, 7+ се. Ама стомачен вирус секогаш ни траел 5 дена. Секогаш секогаш секогаш. И ден денес, кога ги фака стомачен вирус, кај едното дете знае да биде некогаш ден два, а кај другото секако е 5 дена. Не успеавме да примиме од вакцината за рота. Не знам дали причина за предола течна столица е тоа што детето има генотип според кој не го обработува дпбро млекото и некако поразлично реагира на храна. Не знам дали е поврзано ама така си е. 5 дена не ни бегаат. При стомачен јас макс внимавам на хидратација, електролити и супа.... Среќно се надевам кај вас брзо брзо да си оди
За повеќето родители со бронхит и пневмонија да пробате со мед од лој од гуска. Знам старомодно е, ама не боли. Барем природно е. Маста/лојта ги топли внатрешните органи и плуќата, и дишните патишта се загреваат и полесно се ослободуват од секретот. Слични совети ми даваше и баба. Генерации генерации пред нас се лечеле со алтернативни лекови. Ама ни го продавам медот, ни има ќар, само сакам да споделам позитивно искуство. Пс не велам да не пиеме антибиотици, туку како добар додаток да им помине побрзо на децата. .
Дете 1.5година цело време се мава по уши и по глава,пика прст во уво навидум нема црвенило нема каснато ништо од што може да прави така? Да ми препорачате каде да го однесам? Кај кој др?
Јас зборев баш со таа што работи во солена соба рече дека работи со редовно носење. Имало и со потешки состојби кај што морале со помагало да дишат и сл ама им помогнало со редовно одење
Zdravo sakav da prasam na dete ot skoro 3 godinki dali se dava dekortin tableti dali ima nekoj davano