Мајки ќерка ми има 22 месеци од сабајле почна да кашла,нема температура и јадеше дали да ја однесам во Козле ,матичниот Паскалов не работи
Грешката ти е отварањето, премногу миење, не дозволуваш да се стабилизира пх вредноста. Не знам зошто потреба од оваа застарена пракса со отварање, па и на хирург и насилно. Курето машките треба да го отворат сами, кога ќе бидат доволно возрасни, до тогаш нема што да се чачка. Моето е со проблем со бубрезите и најпрво лекција што добив од сите специјалисти кои го водат е, не чачкај таму, не оделепувај. Две ипол години ниту еден проблем не сме имале од тоа.
Јас го носев одма ноќта пред две недели оти малце кашлаше сабајле и реков ништо не е и ноќта се разбуди не можеше да дише одма на итна одевме, го боцкаа убразон и инхалации, кај него имаше стридор, гласот му беше фатен 10 дена после тоа, имаше и тт неколку дена, на ладно треба, надвор или пред фрижидер, сладолед и ладни пијалоци.
Зависи од други сиптоми. Големиот правеше страшни ларингити. Со гушење, воздух не можеше да земе. Првите неколку пати одма носев на дежурен. После тоа кога веќе научивме како да се справуваме не го носев. Стандард вадев на ладен воздух, ладни напитоци и инхалација и смирувавме ситуација дома. Продолжував со инхалации и сируп за алергија до смирување на кашлицата.
Нема други симптоми- температура, мрсули и слично. Мислам дека ова и е од премногу викање, врескање. Можно е?
И мојот немаше на почеток, два три пати се накашла како гуска звучеше ама толку беше и јас реков од дерење, ама не беше. Прати го можно е и од тоа, не мора да значи дека ќе биде вака, ама моето е уште затнато од 31 август беше ова.
Фала ти, ама он има 7 години, отворено му е од пред повеќе од 5 години и не сме имале никаков проблем до сега
ПОМОШ! 1.5г е од завчера ама вчера и денес најактивно трепка со стискање на очите. Матична рече капки за очи. Ќе ставам спојлер како изгледа тоа. Не не гледа тв цртану строго забранивме и оттогаш почна вака. Инаку не го прави намерно и не изгледа какп да му смета додека игра не прави па ке направи ама нормално се понаша Спојлер: Трепкање Морав како гиф не го праќа подолго
Јас колку што знам ларингит е или алергиски или вирусен или бактериски. Од викање не ми се верува дека може, ама можеби грешам.
И моето исто вака правеше....иста возраст исто есен...ни дадоја да пие сируп за алергија како лоратифин ама друга фирма беше подбар...траеше некој период и после го снема наеднаш...
Фала ви за искуствата и советите и погоре. Не беше ларингит сепак. Не тече нос, нема температура, само кашла некако страшно, првпат вака. Сношти поврати и малку шлајм. Докторот ја наслушна и виде грло, рече нема ништо ама може да прогресира брзо па даде антибиотик.
Мајки ај ве молам за совет и искуство. Ќерка 3 години имаше стомачен вирус, прв ден повраќање, после температура и пролив ќе повремено. Трае више 4 дена. Температура речиси и не симнува ,качува до 39.2 симнува до 38 и така е цело време. Се намачи детето. Е сега приметив нешто во устата незнам дали е афта. Чекам совет од педијатар или да ја носам да ја види. Што може да е тоа ? Има и од двете страни на местото на 5ки. Одбива да јаде ја боли.
Дали ви даваат матичните некаков извештај кога ви доделуваат терапија? Ни бараат во Козле медицинска документација, нешто имаме од претходната матична внесено во систем, ама 2024 скоро цела ни фали, сите терапии на едни ливче мало ни ги пишуваат.
Однеси ја на стоматолог. Не ми личи на афта, на инфекција некоја. Ама не се гледа убаво, треба стручен човек да ја ѕирне.
Ќе ја носам утре. Се консултирав со мојот стоматолог, незнае што е, вика да идеме на специјалист за уста. Педиатаката наша вика што ќе и прави, ќе ја мачка метиленско плаво. И не ми даде упат. Ми даде нистатин и прополис. Дајте предлог за детски стоматолог ? Каде да ја носам ?
Св Пантелејмон-Државна има оддел за детска стоматологија. Син ми го прегледа др Мира Јанкуловска многу добра докторка.
Со колкава временска дистанца се случија двете епизоди? И дали бевте со температура? Искрено и кога спијам не спијам после тоа. Постојано мерам тт и ја проверувам..