И малава посчедниот пат кога беше болна немаше воопшто некоја лоша клиничка слика, температура докај 38 која се спупташе и само со туш, малку поткашлуваше а црп 103 со малку покачени ле. Одма и дадоа антибиотик поради резултатите. @mariz се надевам дека е подобар малиот
Не спушта скроз темп, пред малку и над 38 отиде... 38.5. И ми рече и двете ушиња го болеле Неможам да го допрам и нежно.. несакајки го допрев прееска.. се изнаплака Еве заспа и а легне одма се дави кашла длабоко чудно... А трчка, јаде, тек сега со 38.5 клапна.
Неколку дена носот и тече на мојава (по малку), други симптоми нема засега. Совет што да правам? Не ми се носи на лекар, а спреј не дава да и ставам, урла, се тегне, пред некој ден се мачев да и ставам и крв и потече, ја разранив малку оти се трга
Држ те ја двајца... сака, несака, мора.... Малиов инфекција на двете ушиња, што ке правиме незнам, ваљда нема да стане критично, не дава ни нежно да го допрам...
Амоксиклав од вчера, матичната ми рече две дози ударно по 6мл да давам и да продолжам по 5мл, 3 дози до сега испи.. и капки во увце. Еве мерев сега тт, спие.. 38 има, толку го држи веќе два дена..
Денес докторката ни рече дека за вакви инфекции панцеф, сумамед или лекоклар се најдобри. Амоксиклавот е доста послаб. Прашај доктор штом има во хотелот, може ќе ти смени антибиотик. Нас ни даде плус капки за уво и оперил п за нос.
50 евра рецепт да ми пише само (прегледите плус) приватен доктор дека е и не ни спаѓа во цената... а амоксиклав јас за секој случај си носев од Скопје... Ке видиме како ке биде денеска, па ако не ке барам државна амбуланта и да одам со осигурањето... Па ако треба и да му исчистат увциња. Обично доста жолто му излегува секогаш од уши, сега овие 7 дена ништо нема... А и си враќам филм за се ме препрашува неколку дена, а а мама, а, што? И јас уште невозна, не ме прашувај по 100 пати, еднаш ти кажав, а он не слушал изгледа убаво..
Мојата само со амоксиклав оздравува кога има воспаление на увце. Еднаш беше со панцеф препишано од ОРЛ специјалист кога по 3 дена поссле амиксиклав пак ја заболе уво, и тогаш сменија антибиотик. Така што може и со амксиклав да помине. А зошто вчера дури со антибиотик почнавте?
Кај мојата па баш напротив, доста ѝ течеше од увото жолт секрет. Денес ѝ го исчисти докторката увото, се надевам ќе ѝ олесни. Стискам палци за брзо да му помине, пиши што ќе направите.
Од завчера вечерта беше со темп, но тогаш се искашлуваше само чудно (суво, како куче што викаат), а тек сабајлето се пожали на едното уво и почнавме антибиотик и го виде доктор воспалено, а од денес и од другото се пожали.. и тоа воспалено. Барам сега амбуланти близу нас, им кажав на моите во Ск да се јават во осигурителната компанија да прашаат. Читав членови од тоа листата, па ако треба и ке се вратиме ако се влоши, покрива се агенцијата. Чуден ми е тука докторов, сакам баш во амбуланта да го однесам... Го виде со инструмент, но сепак некако си сакам доктор во амбуланта.
Патничко осигурување би требало да важи за сите болници, приватни и државни.. Со помина нека е Едит: иначе кажлицата како кажуваш ми личи на ларингит..
Сама ќе си кажеш дека имаш. Треба да ти дадат некои потврди како доказ дека си користела нивни услуги, рецептите исто ги чував јас. И барав потврда од хотелот со која што докажав дека сум престојувала во истиот, иако бев и јас преку туристичка агенција.
Мене на клиника ми го сменија панцефот за амоксиклав. орл докторката ми рече прв избор за уво е амоксиклав. Исто ми рече и матичната. Не пуштија домче и продолжуваме дома со терапија. Баткото мора да е фит за роденденот Нарцис кои капки ти ги даде? мене ми рече само септаназал во носе и антибиотик а тобрадекс во уше немало потребо. И топли облоги Амоксиклав 10 дена
Колку различни мислења. Нас и Живковиќ ни рече Панцеф дека ќе ја покрие ако е увото. Инаку орл докторката ни препиша Оперил П во нос и Цитерал ако најдеме, во уво. Топли облоги ни рече ако има болки. Ние продолжуваме со Панцеф, стигнаа резултати од брис, сензитивна е бактеријата. Гушки до баткото Ние сме скоро спремни, освен ако не ми истекне уште нешто да приправам
Мајки владее ли вирус во моментов? Вчера бевме во Deja Vu во Капитол,надвор во делот на гејминг паркот. Имаше многу деца а ние седевме скоро два часа. Малата (11+) цела вечер не заспа,качи тт 37.5 (мерев со топломер со жива,инаку на дигиталниот ми покажа 38.2). Денес од сабајле 5 пати се искака на нокширот,многу течна и обилна столица,на секое ставање нокширот полн. И облекувам чорапчиња со млеко па веќе нема тт. Несакам да и дадам парацетамол бидејќи фамилијарно имаме алергија на парацетамол со гушење. Истовремено вади и двојки па се двоумам дали да појдеме на преглед,бидејќи секој пат на закажано чекаме мин саат,па некогаш и два.