Обично антибиотик не делува на вирус... ваљда се промкнал некој... Друга опција е ако греете дома па да ви е сув воздухот, па се надразнува грлото...
Последно вчера во 20ч сируп, 21ч доза Зинат и сабајлево 9ч доза Зинат. Цела ноќ без тт беше, сабајлево е повесела, јадеше убаво... Има некоја шашава 37.3 до 37.7 сега. Ваљда зинатот проделувал. Утре обавезно крвна со црп ќе правиме пак, а и уринокултурата ќе ни е готова..
Мајки ми треба мислење, ќе пишам и во другата тема. Ќере во јули качи температура еднаш од нигде никаде и толку беше. На почеток септември пак исто еднаш и толку. И вчера пак исто да напоменам некоја глупава температура 37.5, 37.8, максимум 38°. Претходните два пати не бевме на доктор зашто еднаш беше баш исто викенд. И немаше никакви симптоми. Од понеделникот си одеше нормално во градинка. Активна, расположена. Ништо чудно нема, никаква промена. Ме интересира што може да значи ова?
И мојот веќе втор ден е со таква температура. Исто беше и летоска еден, два дена со ваква температура.
Можеби јак имунитет Фаќа вируси ама добро се бори. Крвна слика имате правено во тие моменти кога имала тт?
Мајки што да ја мачкам малата имаше температура во петок и денес вака инизгледа устата одбива млеко малку јаде само течна баш течна каша. До вчера барем млеко денеа ни тоа. Има 16м . Утре сме на доктор.
Не знам иолку ќе се покаже сега веродостоен резултат, ако гледаш температурата се намалува нема потреба од крвна слика.
Не сме правеле. Бидејќи секогаш беше петок спрема сабота ноќта. И толку. И помина. И понеделниците одеше во градинка веќе. Не ми се одеше на доктор тек во понеделник кога веќе апсолутно ништо немаше. Не знам дали да и направам деновиве крвна слика. И урина. Јас па се нешто на уринава мислам да не е. Не е некое болежливо дете. Да чукнам во дрво, што би рекле старите. Матичната секогаш ми викаше јак имунитет има.
Чим така поминува, би рекла летечи вируси Јак имунитет, брзо се изборува. Урината да е, еве како нас нема да оди на подобрување без антибиотик... само ќе се влошува. Вчера кога бев во Авицена, баш и таа на шалтер рече уринарни кај малите дечиња знае да оди со 40ка температура.. така е кај мојава... На наредна темп, направи крвна една. Сега немораш...
Штом тт е на поголемо растојание и спушта,делува.Имам искуство со уринарна кај малава.Со тт над 40.Кај неа Панцеф помогна на уринокултура ништо не покажа конкретно. Сепак проверете,ако така кажал др.
Неа на слепо и дадоа Зинат (ради леукоцитите и црп високо), матична не ни претпостави дека би било уринарна. Јас сама вчера на своја рака урина и уринокултура напраив.. со иста урина. Резз на обичната урина е хаос, па мислам ќе покаже и уринокултурата...
и на моите им се случувало тоа. Давај витамин ц електролити чајчиња еден период. Камо среќа само со толку да врват.
Dali imal nekoj iskustvo so tecni stolici kaj dete od vreme na vreme ( mislam ima nekokku dena pa nema , posle nekoe vreme pak taka )
Здраво Дали некој од вас бил во жан митрев на дежурен за детенце да прима инфузија,повраќа премногу на државна не ми се носи