Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.032
    Ај пробај дај му зиртек или некои капки или сируп за алергија, што имаш дома. Да видиш дали ќе се смири
     
  2. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Син ми 2 год и 3месеци завчера носот му течеше очите му солзеја правевеме инхалација со физиолошкии и во нос му ставав влечевме прозирно ноќеска кој заспа малку кашлаше после се смири спиеше мирно денеска е добар спиел убаво еднаш се закашлал ама не му тече ни носот незнам дали да го носам на контрола дека викенд е ама вака е добар
     
  3. DoubleK

    DoubleK Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.211
    кои се тие лепенки со ментол?
     
  4. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.529
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, син ми вчера имаше темп до 38.2 после цело време со седеше на 37.5, вечерта и 36.7 значи нормално, денес не го пуштив во градинка пак поручекта крена 37.5 нема други никакви симптоми, ни носот да течи ни кашлица ни меше не го боли од шо можи ваква блага температура и дали ги пуштате во градинка кога е вака, расположен си е се супер.
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    14.232
    Пол:
    Женски
    На толку мало бебе сируп за алергија се дава само ептен, ептен ако мора. Во овој случај не мора.
    @The.Fame.Monster има вирус таков со долго време затнат нос. Моево бебе го имаше, мислам 2 недели си крчка во носот. Не тече нос, само голта секрет и во каките има. Се друго си е супер.
    Не знам зошто правиш инхалации без наод на плуќа? Па ни помалку ни повеќе дексазон, па пулмикорт? Кој нормален педијатар дава тоа на 5 месечно бебе без индикација?.
    Штом освен носот се друго е ок, само убава тоалета прави и следи го.
    И смени педијатар.
     
    На Mother of 2boys, Калатеа и Annath им се допаѓа ова.
  6. marr1ja

    marr1ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    25
    Како се справувате со температура кога ви качуваат малите? Од неделата муки мучиме секој ден. Чекам да и се качи до кај 38.5 па и ставам чепче, ама не и се спушта многу, најмногу спушта до кај 37.5 и одма после 2-3 саати пак качува 38 и нагоре.. Можам да и давам уште нешто, бар подолго време да ја држиме пониска температурата некако? Се измучи, за греота е, скоро цела недела секој ден се оправаме со температуриве.. :( Инаку година и четири месеци е..
     
  7. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.597
    Пол:
    Женски
    И ние од денес исто..сабајле стана 37.8 и цел ден има 38-38.5..еднаш дадов Ефералган во 16ч кога беше највисока, сега еве мерам 38.2 ќе му дадам пак и ќе го легнам..до 38 му се спушта со туширање..јаде апетит има ептен ама нејќе течности :( вака весел е игра, не е клапнат и успан..втор пат ми е болен извадена сум од памет..14м сме инаку. Вие?
     
  8. marr1ja

    marr1ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    25
    Па издржува температура и моево, на почеток првите денови беше весела, расположена, ама последниве ден два веќе е многу поклапната, многу повеќе во раце се држиме, еве ја по трети пат денес заспа.. Валда многу и дојде веќе, 5 дена со висока температура и никако да и помине.. Течности колку можам и давам, не сака многу вода ни она да пие, ама со јадењето и давам и јогурт, кисело млеко, било што.. и електролити исто од шишенцата на хип

     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.095
    Допаѓања:
    78.017
    Пол:
    Женски
    Се бори телото, немој да се плашиш... и нормално е да не спушта нагло повеќе. Не е страшно што и толку само качува, мојава и со 40 беше сега последно, каде по 2,3ч беше со 39. Туширавме, течности многу, на цице.. со шприц и давав и електолити. Инаку кај нас добро се покажа Еферегланот сируп. Дали дозирањето е најпрецизно со него (дека по кг е), ама најубаво ја држеше. Колку кг е твојата, што и даваш? Тоа по возраст табелите кај некои деца не важат.. подобро е по кг да се рачуна дозирањето..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marr1ja

    marr1ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    25
    Оуф, секоја чест, на 40 темп. мислам дека би скренала :worried: Парацетамолот сируп скоро и да не и делува никако, се водам по табелата за 1 година и и давав по 5 мл, ама ништо не помогна. Чепче едно цело и ставам од 150 мг и со тоа спушта, така ми кажаа и на педијатар кога бев, по цело да и давам.. иначе не е многу тешка, околу 9.20 кг сме.. А сирупот како го дозирате?
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.095
    Допаѓања:
    78.017
    Пол:
    Женски
    Ај пробај и со бруфен.. и тој знае убаво да спушти и повеќе да држи. Кај другиве мои 2 деца делувал убаво, е кај ова па не... Еферегланот има дозерка во него по кг, исто е парацетамол и тој. Јас него го давам, па наизменично наредно бруфен. Мојава пред оваа високата беше со 38.. тогаш беше вирусно, а после 5,6 дена уринарна ми направи и од таму таа опасната 40... имам искуства со температуриве, трето детенце ми е ова :sweat: Ама не дека не паничам некогаш... Од памет ме вадат високи температури, а без симптоми други..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    654
    Детето е 2 години крена температура во 19часот имаше 38.6 дадов блок макс и спушти до 37.5 и заспа и не спушта повеќе
    Педијатарот не ми враќа на порака дали можам да дадам Виранто бидејки пишува дека може да се даде и за температура?
    Или нешто друго?
     
  13. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.529
    Пол:
    Женски
    Да можеш, со виранто веднаш се почнува помага за полесно да помине вирусот.
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.095
    Допаѓања:
    78.017
    Пол:
    Женски
    Вирантото нема врска со овие за температура, можеш било кога да го даваш. За таа возраст 2 пати по 5мл во 24ч.
     
  15. marr1ja

    marr1ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    25
    На овој бруфен мислиш така?
    Ќе купам утре, па ќе пробаме и со него како ќе биде. Фала мами се надевам нема да не држат болештииве уште долго. Нека е со помин и кај вас, за брзо да оздравите целосно. (fingers)

     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6130.png
      IMG_6130.png
      Големина на фајлот:
      343 KB
      Прегледи:
      16
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.095
    Допаѓања:
    78.017
    Пол:
    Женски
    Јас овој го користам.. Блокмакс. Ама ваљда е исто. 100мг ibuprofen во 5мл.
    17601249475375046813812045268803.jpg
    Кај мене искрено нема крај. Ми вика другарка неможам да замислам 3 деца болни оддеднаш. Аххх викам, да се 3цата оддеднаш... не се. Се вртат една нед еден, втора втор, трета трет... и така натака хаха
     
    На mal.ecka, marr1ja и Carolin. им се допаѓа ова.
  17. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    18.865
    Пол:
    Женски
    Мајки имаме тт од утрово. Беше 38,5 па почна повеќе да качува. Со матичната се консултирав и давам паралелно Далерон и Блокмакс. Во 3 пиеше Далерон во 7 дадов блокмакс. Дали е ок сега да дадам пак блокмакс бидејќи има 39,8 или да продолжам паралелно. Поминати се 6часа по испиен блокмакс
     
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.616
    Допаѓања:
    14.595
    Пол:
    Женски
    Можеш да дадеш блок макс, висока е темп.
    Со помин да е.
     
  19. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    18.865
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мајка, ептен ми беше на мисла ама дадов Далерон. Барав во меѓувреме тука стари мислења и прочитав некаде да не се прекинува низата. Иако блокмакс дадов само еднаш. И во 3ч имаше 39,8 тогаш свекрва ми му дала Далерон па и тој ја подсимна. Ќе пратам па ако не симне на 4часа ќе дадам блокмакс
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.095
    Допаѓања:
    78.017
    Пол:
    Женски
    Можеш едно по друго и блокмакс само да гледаш дозата во 24ч да не ја преминеш... Земи пробај ефералган, по кг е дозирањето (парацетамол е тоа). Мојава до 40.2 ми качуваше со уринарнава.. тој најдобро се покажа... Со лесно
    Инаку совет добив на таа температура висока дека и нормално е до 38 да симне, а и долго да држи. Во спротивно, ако нагло симне може да направи грчеви... така да подобро да си се бори телото. Давај ти наизменично едното, па другото... Што други симптоми има? Колкаво е?
     
    На Bubi*2 му/ѝ се допаѓа ова.