Мајки не знам дали се гледа на сликата ама веќе две недели сигурно на нозете има ситни поткожни брунчиња месо боја, знаете ли што може да е?
Смени прашак моеро имаше вакви од прашакот мислам беше го сменив и не ставам омекнувач.Ми изгледа таква алергија.
Ние изгледа прогуравме..синоќа качи 38.5 во спиење накај 3, дадов сируп и после исто во 12 пладнево..од тогаш до сега е 37.4..цицаше едно 15 пати од синоќа, јогурт мн пие, шмукалчиња, каши нешто полесно давам, водичка испи малце.. еве цица за заспивање, па да прашам на колку време ги проверувате навечер? Синоќа око не склопив, цело време го допирав и на саатипол мерев со живин од страв да не качи мн, а да не осетам
Здраво мајкии.. Ќерка ми има 8 месеци и сега пред саат време се накака но имаше незнам како да опишам ситни нешто како црвчиња на памперсот, дали овие се глисти сум слушнала прв пат гледам вакви нешто. Некоја да не сте имале искуство. Утре обавезно на лекар ама неме фаќа сон до утре..
Па зависи од ситуација. Ако има 38+ и јас почесто и мерам на саат/саат ипол. Ако цел ден држите до 37.5 и дур спие само провери на 2-3 пати дали и се качува.. ако не качува, полабаво, е ако дигне 38 и повеќе тогаш веќе мора да се активира несоницата. Еве ја мојава имаше 37.5, сега качи на 38.2 така да ќе дежурам уште саат- два до време за сируп сигурно ‘Квалитетен’ сон имам само во периодот откако ќе видам дека спушта темп. од сирупот и тогаш отспивам бар 2-3 саати.. Со лесно
Детево кашла веќе две недели, претходниот петок правевме и брисеви и крвна слика се е чисто, ама уште кашла. Ноќва се утепа од кашлање саат време, кашлицата ми делува сува освен еве како ноќва кога кашла подолго па веќе почнува да звучи продуктивна. Што да провериме плус, што да давам за пиење ли за инхалирање бар денес додека не сме го однеле на педијатар, или да го однесам до Козле?
Џабе дежурав, не качува веќе, 37.4/3 фала богу. Секрет влечам со Носко, не кашла, изгледа пројде инаку не знам што вирус беше сите ги испофати..сите до еден не изреди
I moeto kasla taka suvo vo spienje, mi pomaga proklucen navlaznuvac na vozduh, probaj da ne e do toa posto sega pocnavme so greenje se sushi vozduhot
Не знаев каде да пишам, на 2 и пол години имаме потреба за очила со диоптер, ако имате искуство со детски рамки да ми предложите каде да барам. Ми рекоа имало гумени рамки кои не се кршат и се баш соодветни за тодлери. Ако некоја има искуство ве молам пишете.
Здраво мајки, бебе 1 год и месец , курето му стана црвено од една страна како да е каснато , и главичката како отечена , не плаче , урнира нормално пелената е полна , дго измив и намалчкав со веледа , дали да го носам на болница или да почекам?
Оптика Орбис, ГТЦ на спрат. За моиве оттаму земам. Носи го на детска хирургија, може да нема ништо, ама најверојатно е баланитис, воспаление на главичката. Ќе треба антибиотик веројатно.
Здраво мајки, детето ми е 4 години и 8 месеци,повеќе пати му излага ваква црвена/модра точка. Имаше и на една страна,сега на другата страна значи е поткожна не се осеќа на допир. Прегледано е од доктор ништо сериозно ми викаат,ама сепак ми е мисла. Дали сте имале вакви точки? Ако може искуство?
Уринарна си беше и кај нас, ама не испаничив до крај и не ја однесов на дежурно (ја послушав пријателкава доктор). Арно проделува антибиотикот и брзо, инаку за лежење ќе си бевме. Ама мислам дента со 64 црп и 40 темп да отидевме на дежурно, ќе не задржеа и нас... Бевме и кај Дафина во Ремедика на преглед петокот, да видиме дали е се во ред со бубрези, бешика... а и за понатаму да знаеме што да правиме.