Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. the12345

    the12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Што давате за температура освен далерон и блокмакс?

    Во упатството на блокмаксот пишува да не се дава повеќе од 3 дена, а веќе денес нас ни е 4...

    Поминаа 4 часа од далеронот, тт е 38.9. Сите други алтернативи ги направивме.
     
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    13.990
    Пол:
    Женски
    Еферлаган сируп или чепче.
     
    На the12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    10.887
    Пол:
    Женски
    Направи Пнеумослајд, не се фаќа се на брис, особено ако е спуштено веќе.
     
    На Mumoftwo30 и LeL15 им се допаѓа ова.
  4. Franks

    Franks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да, баланитис е, ни дадоја антибиотик
     
  5. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    20.361
    Пол:
    Женски

    Бевте ли на лекар? 4дена се многу за темп да држи.

    Можеш чепче еферангал ама птобај спушти ја со туширање без главата и расоблакање
     
    На Mumoftwo30 и the12345 им се допаѓа ова.
  6. the12345

    the12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Бевме на лекар, имаме и терапија и туширана е, мачкана со алкохол разреден, чорапи со оцет, компири расечени. Пробав и да ја мачкам со паста од два згмечени парацетамоли, сода бикарбона и лимон ама нема фајде.

    Ја држи нон стоп висока. Вчера на брза помош и инјекција боцнаа, се симна темперстурата и немаше 24ч. Башка што ми кажаа дека може и на 4 ден блокмакс, ама наместо на 4 саата најизменично со далерон, да ги давам на 6.

    Утре сабајле сме на контрола кај матичен, ќе барам брисеви да земеме зашто очигледно ни антибиотикот не помага, ни ништо.

    Фала ви сепак.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски
    Го носевме до Козле денес, го слушнаа не е пневмонија ни бронхит се надевам нема ни да стане, па ќе инхалираме со будесониде сега по два пати на ден. Ќе го носам пак деновиве до педијатар, па и ова ќе правиме ако треба
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.066
    Допаѓања:
    203.934
    Пол:
    Женски
    Вирус е, џабе ќе правите брисеви, и до седум дена може да држи висока температура од вирус. Ако беше бактерија, досега со антибиотикот ќе беше подобрена ситуацијата.
    Ладење, течности, одмор, тоа е, ќе помине.
     
    На Mumoftwo30 и the12345 им се допаѓа ова.
  9. the12345

    the12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Се надевам...
     
  10. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Женски
    Каде правите брисеви и од каде сте задоволни? Првпат оставивме примерок во Биотек, некако во Авицена чисти ни излегуваа до сега брисевите, а дете со температура и видливи знаци за инфект. Онака само прашувам, не мора да значи дека не се исправни испитувањата, ама се подзамислив последниов пат.
     
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    13.990
    Пол:
    Женски
    До сега во Биотек само ама молекуларни. Два пати, првиот потврди ковид, вториот пат негативни беа на се и така и се потврди и во Козле.
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Женски
    Еве, добивме Стрептокока на брис. Минатиот пат со ризик дека ќе спушти на гради, на брис во Авицена излезе негативно, а беше удавена во секрет, со температура и посебно ми стана сомнително дека за 2 дена добивме резултат иако знам дека секогаш за брис се чека 3 дена.
     
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    13.990
    Пол:
    Женски
    Зависи како расте бактеријата, од 48-72 часа може резултати. Ама не знам зашто не покажал, евентуално ако сте примале антибиотик.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mateas

    Mateas Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Мајки, итно ми треба за утре дека ќе ми помине важноста на упатот. Има ли некој информација до колку часот во пролече (Микробиолигија) земаат брисеви од нос и грло?
    Јас сум ограничена па не знам дали би стигнала пред 13 часот.
    Ви благодарам ❤
     
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.123
    Допаѓања:
    15.113
    Пол:
    Женски
    Не знам ова како информација дали ќе ти значи, ама гинекологот секогаш ми викал дека брисевите мора да се на клиника најкасно до 12. Не знам дали е исто со брисеви од нос/грло. Во секој случај мислам дека треба порано да одиш, 13ч е касно.
     
    На Mateas му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.095
    Допаѓања:
    78.017
    Пол:
    Женски
    Виранто во овие случаи со вирус... А температурата е нормална кога вирусот се бори во телото. Моиве имале така и до 6,7 дена темп. А рекорд беше со грип едново девојче пред 2г, каде 11 дена имаше тт. Дури и венска крв земаа, да испитаат плус работи, се беше океј (само прениски леукоцити)... Каде ги носите децава што така инекции ставаат за спуштање на темп? 3 деца имам, во живот не примиле инекции за спуштање на темп. А имале секакви вируси, бактерии, 40ки темп, со денови темп. Крвна слика како е? Леукоцити, црп? По крвната докторите одма гледаат на што личи, дали е вирус или бактериски. Ако е вирус, џабе антибиотик.. што и да и препишат, ќе тера температура додека телото не се избори со вирусот...
     
  17. the12345

    the12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Црп беше 9 (во четвртокот), денес 10. Бели крвни зрнца покачени, матичен вика не е вирус и пред бронхит е стигната (ова во четвртокот). Слушнал на слушалка дека има нешто на плуча, даде терапија инхалации + антибиотик.

    Мене по се' ми личеше на вирус и не дадов антибиотик веднаш, ама кога 2 дена ми имаше над 39.5 температура, а пред да ја однесам да ја видат на брза помош и да реши дежурен таму да ја боцнат беше со 40.8 и сина уста и ноктиња. Тогаш решив да го дадам антибиотикот бидејќи се' друго пробав.

    Во Гевгелија нема ништо отворено викенд за да се испитува крвна слика или слично во било кое време и се лечиме сите на брза помош. Од таму исто сметаа дека е бактерија со разлика дека на слушалка не слушаат ништо, грлото е чисто и крајници мирни.

    И денес матичен смета дека не е вирус иако антибиотикот не ја симнуваше температурата, а детето ми го повраќаше сирупот.

    Јасно ми е дека нема да делува на вирус антибиотокот, не сакам и јас да давам без веза.

    И се' уште сметам дека е вирус, кажав и претходно негде дека прв пат тргнавме на градинка и очекувано беше. Само за жал тука сме ограничени и со лаборатории, аптеки и дежурни лекари и слично.
     
    Последна измена: 14 октомври 2025
  18. DaisyDream

    DaisyDream Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    4.990
    Пол:
    Женски
    Женски, синко веќе 5ти ден со затнат нос. Ставам солени капки, диво оригано, инхалирам физиолошки, на влечење ништо особено не искача а он тапа затнат. Други симптоми нема, поткашлува кога ќе се слее, ама не е тоа кашлање, секретот е белузлав. Алергиски мислам не е, веројатно вирусно.. Да го носам на брис или да почекам? Еве го со отворено усте спие од што не може да диши низ нос. Дури се буди, баш му смета :( За 2 месеци ќе полни 2 години. Гледам оперилот се за над 2. Има ли некој други капки што смее на негова возраст? Барем да му олесни малце ноќе. Иначе весел е и си јаде се најнормално.
     
  19. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски
    Септа назал за деца исто се за 2+ ама во слични ситуации имам ставено неколку пати. Единствено да пробате и масажа на носето горе да се спушти секретот.
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.993
    Допаѓања:
    41.252
    Пол:
    Женски
    Слободно му дај оперил
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.