Мирно црп, 10 и со вирус може да е.. а леукоцити колку покачени беа? Тие знаат со грип, вирус да паѓаат.. а со бактериска инфекција да се качуваат. Проверете и урина чим нема други симптоми.. обична урина однеси. Мојава беше со 40+ темп со уринарна, без симптоми, со високо црп и леукоцити... А и стрептокока таква висока температура прави, а таа нон-стоп ја вртат во градинкиве.. Дај боже да ви помине побрзо
На прва крвна слика 15, на втора 17 (горна граница на нормала до 10). Фала ти многу ❤️, подобра е веќе...
Сношти малата трлаше околу маса и удри со главата на чошот од масата, арно е онаа маса од Икеа што се ептен лесни. Пошо беше касно 1 саат издржа само да не заспие после заспа ама во тој саат нормално се понашаше. Сега стана со нагон на повраќање ама не поврати. Ударот не беше толку силен колку што беше на ивицата, многу ме буни тоа што стана сега за да поврати. Заспа пак ама се мислам дали да ја будам и да одиме одма на доктор или да почекам кој саат?
Како и после секој пад/удар на глава ми имаат кажано да остваруваме контакт со детето на секои 1-2 часа (ако спие протреси ја малку, пипни ја) да видиш дали рефлективно ќе се помрдне. Носи ја на проверка кога ќе стане
Да ја будев само еве стама уште еднаш и сега поврате не само нагон и си легна пак. Пошо сме Мк дојдени на гостив тука во Ск кај ги носите на преглед, матичен немаме
Можеш било кај и по приватниве Систина итн. Или државно само ќе си платиш приватно преглед, јас во воена болница во детскиот оддел го носам моево
Мајки дали сте давале за вирус изопринозин? Дали помага и дали е добар за деца? Да не има некој негативен ефект на имуниот систем? Моето има две години се бориме со некое вирусче подолго време па матичниот ни го предоложи сирупот.
Со каков вирус се борите? Син ми го пиеше по шема ради паднат имунитет и повторувачки херпеси. Откако го испи се среди и не му се појави пак. Немаше негативен ефект, напротив
Здраво мајки Дали некој има искуство со хемоконцентрација кај дете. Има хемоглобин 150! И еритроцити покачени.. Педијатарот кажа само повеќе течности... Фала
150 не, ама на двете деца им се движи од 135 до 143 на секоја крвна слика што сме ја правеле до сега. Никој не ми спомнал дека е проблем.
За деца се други референтните вредности. И на ќерка ми последно и беше хемоглобинот 136, плус еритроцитите малку над 5,5, па во крвната слика беа обележани како покачени. Додуша ќерка ми е 2,5 години, за поголеми деца се качува границата. Кога ја прашав матичната што значи тоа, вика - ништо, треба да частиш ваква крвна слика кај основци тек гледаме.
А ќерка ми има низок хемоглобин. Некој совет што да правиме? Педијатар вика да пробаме прво со храна па ако не оди со терапија после, ама тешко ни оди со оглед на тоа што не јаде многу. Што давате кај вакви дечиња, некој рецепт, смуди што и да е и да имало ефект?
Maltofer ako e nad godinka 2 pati po 20 kapki, za eden mesec za okolu 10 se zgolemuva primer ako bil 100 za eden mesec ke bide 110. Nie tri meseci pievme. Inace hrana najmn so zelezo ima vo crveno meso, zrnesta hrana probaj i so toa ama potesko se kacuva
Ако пие млеко, ќе намалиш на количина, прво и основно. После форсирање храна што содржи железо. Немањето апетит е најчесто од самата анемија, ама може и млекото да ја заситува доволно за да не јаде друго. Според тоа ќе се водиш, на пример ако пие неколку чаши млеко во денот, ќе намалиш на една, другото гледај да биде цврста храна. Ако воопшто не јаде, а хемоглобинот е под 100, тогаш не е лошо и суплементи да се вклучат.
Пие многу ретко млеко, најчесто ако јаде бисквити. Максимум 1 до 2 чаши млеко неделно. 100ка и е, ама редовно е толку и здрава и болна, значи дефинитивно е низок, така кажа педијатар. Ќе пробам со храна.
Мајки, ако бил некој во слична ситуација нека советува, веќе не знам што да правам. Три недели сме болни, никако да ја оправиме работава. Првично почнавме со претпоставка дека е вирус само со висока температура и носе што тече, после една недела на контрола излезе многу црвено грло,отечени крајници, ЦРП 40, а мирни леукоцити, па ни дадоа антибиотик за грлото. 4 дена беше добро со антибиотикот, температурата се смири, ама вчера пак качи висока температура 38.8/39. Отидов одма во болница, овој пат ЦРП беше спуштено на 17, ама леукоцитите качени на 18. Грлото уште црвено, крајниците уште воспалени. Докторката прво се сомневаше дека делува антибиотикот, ама после крвната слика кажа да продолжиме да го даваме и да следиме ситуација. Детево уште од вчера цело време качува температура, еве моментално е пак 38.6. Се сомневам дали воопшто делува антибиотиков, бидејќи по некоја моја логика, бар од тоа јас кога сум била болна, леукоцити со антибиотска терапија не треба да се качуваат, туку треба да бидат во најмала рака исти? Плус денес требаше да ја завршуваме терапијата, а она уште е со воспалено грло.. На брисеви од нос пронајдена е бактерија Streptococcus pneumoniae, ни кажаа не се третираат никако дека се во нос, само испирање на носот со физиолошки раствор, а во грло нема бактерија. Вируси проверивме вчера да не фатила во меѓувреме, исто нема. На плуќа е чиста. И не знам веќе како да се лечиме ?! Ако има некој што е во слична ситуација, нека пише
Мој совет да пробате од сирупот Фероглобин, на Витабиотикс. Одличен е и за брзо време дава резултати. Се дава од 1 година па нагоре.