Чувај сметки, тука ќе си поднесеш барање за рефундирање. И во другите болници може нема да ти прифатат директно плаќање, ама тука би требало да вратат пари. Хотелските доктори не верувам дека се замараат со тоа. Еднаш во тр за мм со воспаление на уво за прегледи и терапија дадовме над 100е, после со документите тука се ни вратија
Има вирус да. Еве јас од сабајле сум со стомачен ми се лоши многу. Цел ден лежам, телото ме боли како воз да ме прегазил. Сега мерев температура имам 37.3. Може допрва ќе се крева, осеќам ми жежи главата и имам страшна главоболка.
Бевме мајки до болница. Дојдоа не земаа, го прегледаа, увото кое прво се воспали веќе и внатрешно воспалено, а другото сеуште само надворешно... и после не вратија назад во хотел. Сменија дадоа појак антибиотик, капки други и некои капки со кортико како што разбрав... Уште е со темп, се надевам со новава терапија ке се опорави.
Леле Мариз со помин да е, што побрзо да му помине .И мислам дека има можност фактурата од болница да ја носеш директно во осигурителната компанија и они ти враќат пари или пак болницата директно да ја пушти во осигурителната компанија ,така на колега мој му исплатија од Грција девојчето му заглави во болница неколку дена.
Да да се разбрав со компанијата, ке ми исплатат се, само да чувам фискални. Документите исто се оригиналите, потврда од докторот и болницата со печати, потписи, со се. И превозот беше од самата болница и го има на фискалната. Одма им пуштив број од полиса на осигурувањето, така ми рекоа кога се јавив, па ваљда се ке ни рефундираат.. Фала
Нешто друго освен парацетамол? Маж ми има алергија со осип на парацетамол а јас со гушење. Страв ми е дека двајцата сме алергични па затоа не и давам.
Блокмакс (ибупрофен) само внимателно со него, знае нагло да спушти Т и најчесто се користи кај Т над 39.
Немаш дадено никогаш досега? Ако не, тогаш Блокмакс дај, но следи да не спушти нагло, дека при повисока тт се дава и е јак сируп.
Не,досега не сум и дала ништо орално против тт. Ама и никогаш нема кренато волку,па немав потреба. Еднаш крена 38 и облеков чорапчиња натопени во ладно тетрапак млеко и за 20 мин снема тт,а чорапчињата суви станаа. Сега тоа не ми пали,два саати и менувам чорапи и ја истуширав со млака вода,сега мерам 39.2 . Ќе видам негде да појдеме на дежурен,Систина или Ремедика ако имаат. На државна детска клиника не ја носам. Уз пат ќе купиме и блокмакс. Фала мајки
Систина, Ремедика немаат. Инаку зашто не на клиника, навечер е ептен мирно, нема гужви ич, неколку пати сум била и брзо сум завршила, скоро бев за малата, мн фини доктори, 3 дечиња само пред нас имаше и брзо поминавме. Или можеш во Јане.. Јас па во систина не би носела, другарки за ништо ги имаат ошурено. Скоро пријателка така малата со темп, 9000ден плати, а обичен вирус беше...
И нас не ошурија богами,сега го читам ова откако се вративме дома. Бевме во Систина кај дежурен др. Камењарски. Измерија тт 39.8 крвна слика лоша,црп покачено,вирусна инфекција. Ни дадоа две инфузии,сируп блокмакс 3 мл и за 2 саати ни отидоа 7120 ден од џебот. Налет парите,само дунда да се опорави. Само кенка и тотално незаинтересирана за ништо. Тт се намали на 38.6,дојдовме дома. Маж ми отиде по лекови,препишаа waya пробиотик, витамин ц pico C,електролити. Не бевме единствени со покачена тт,ходникот беше полн со мали дечиња. Не ги шетајте многу дечињата мајки,периодов владее вирус.
@Mama993 и јас мислев како тебе ама веќе во систина и ремедика нема да стапнам. Оди си слободно на детска клиника Верувај детално ќе го прегледаат и многу се внимателни и љубезни. ќе видат и меше и уше и се. Ќе земат крв за сите анализи . Инаку и јас се слагам да дадеш блокмакс ако имаш. Со помин да е страшни вируси има
На детска клиника единствено лошо е тоа што е гужва. Имам видено и 40 деца среде ноќ. И баш таа ноч отидов во Систина и ни земаа 750 евра за 2 дена, за ларингит. Матичниот рече да се случело у работен ден за 0 денари се лечи тоа, не 750 евра. Ме убедуваа дека треба инфузија за да не дехидрира, а дете цицаше 24 саата у денот. Систина само за најитно, оти ми е најблиску, иначе клиника.
Мајки на другарка малата прими ммр, на 9ти ден дигнала темп, 3 дена 40 темп дигала, од денес е со страшен осип! Искуство ме молам, преплашена е мајката!
Тт и осипот се нормална реакција јас како што знам. Мојата исто дигна 3 дена тт и мал осип на газето имаше што помина за 2 недели.
Ми пушти слики, не е мал осипот, лом е низ целото тело.. од глава до пети страшно осипана... ама биле до инфективна и рекле ок дека е, провериле нешто преку крв. Нема што да прават само да чекаат да помине..