Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Ifkence19

    Ifkence19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Koi lekovi gi davate na deca koga ima laringitis
     
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.508
    Допаѓања:
    37.010
    Пол:
    Женски
    Сладолед зашто ладно помага за ларингит.
    Од домашни лекови инхалација само со солен раствор и мед или домашен сируп од една лажица мед, една лажица лимонов сок и една лажица маслинов зејтин.
    Зависно од возраст таблети за лижење за деца или лижавчиња за грло.

    Ендаш кога беше прилично мал добивме инхалација со кортико од лекар зашто многу кашлаше.
     
  3. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    8.300
    Пол:
    Женски
    За ларингит од доктор ми е секогаш дадено инхалација со дексамезон, антибиотик. Да јаде ладна храна, сладолед.
     
  4. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    632
    Дали би дале антибиотик на дете 4,5 год, оди во градинка од мај и вирус врз вирус има постојано. Сега во октомври 2х вирус со кашлица, првиот пат крвна слика ,црп во ред, чисти гради и грло ок, нема тт, доби инхалации со cortair. Во нос прв пат правиме брис најдена hemofilus influencae. Секрет проѕирен. После инхалации 7 вечери стававме и хлорамфеникол во нос. Само што помина и кашлица и затнат нос, пак вирус најверојатно корона ,сите дома не фати по 2 недели кашламе. Детето пак крвна слика, црп во ред, гради чисти еве веќе и после 1 недела од симптом, грло во ред, немаше тт ,има апетит, ама кашлица имаше 4 вечери нон стоп до сабајле. Сега веќе навечер не кашла 2 дена ама преку ден бронхитична кашлица од време на време ( најверојатно стана продуктивна од prospan) иако нема наод.Секрет проѕирен пак, и после солени капки знае да се растече.Секогаш кашлаше од секретот што се слева низ грло. Инхалации со cortair веќе 6 дена. Докторката вчера рече ако кашла исто така бронхитично од денес да дадам amoxicillin сируп по 3.5 мл на 12саати и уште 2 дена инхалации. До сега не спуштала на гради никогаш и нема примано антибиотик, бемала зелен или жолт секрет. Што да правам, дали да почекам уште некој ден дали ќе се смири скрос или според докторката да не ја мачиме веќе да дадам денес антибиотик. Воопшто не сум поборник за антибиотици....
     
    Последна измена: 1 ноември 2025
  5. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    1.307
    Пол:
    Женски
    сега да не испаднам доктор ама за овие мораш прво матичниот да го прашаш. За вирус виранто веднаш со првите симптоми а за бактерии бактрим. Можеш и да ги пребараш на гугл за нив. Има информации
     
  6. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    632
    Благодарам, виранто пиеше, бактерии нема, ама почнавме со антибиотикот после инхалациите. Се е со препорака од доктор. Само бев во дилема да не пие антибиотик без потреба...
     
    Последна измена: 3 ноември 2025
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.706
    Допаѓања:
    4.034
    Јас не сум доктор ама од искуство, ќе ти кажам антибиотик да не даваш штом нема Т, чиста е на гради и крвна слика во ред. Кашлицата сама по себе не е страшна, треба време да се исчистат пневмониите(не ми текнува сега како се викат на макед)
    Лани и преклани и мојата така кашлање по цел месец, јас само спреј инхалер и давам аеролин и фликсотајд и многу и помагаат, треба време додека почнат да делуваат, после една недела ама за 2-3 недели веќе престанува драстично кашлањето. Плус мојата кога кашла со шлајм страшно е за слушање колку шлајм има внатре мислиш пушач 50 години е. И никогаш антибиотик не сум и дала.
    Досадна е кашлицата и мене кога ме фати ме држи месец и нешто. Ама стварно. А камоли кај дете.
    Ќе мине. Штом останатото е се во ред не се секирај ќе престане и кашлањето.
     
    На Aleks.mar и Bubish26 им се допаѓа ова.
  8. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    632
    Ви благодарам
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Мајки, дали има повеќе стомачни вируси што се вртат моментално? Веќе 2-3 недели на неколку дена имаме мака сите дома, најмногу со грчеви во стомак и чат пат дијареа, без темп,без повраќање, ама не беше премногу страшно па не придадов значење. Освен прибиотик не давав ништо и не бевме на лекар. Денес големи болки во желудник имам пак, и ќерката дијареа. Друго ништо. Секако ќе одам утре на лекар но дали и кај други е вака?
     
  10. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    1.635
    Пол:
    Женски
    Кај мене еднаш месечно фаќаме со ќерка ми. За мене земам пробиотик, јаглен, смекта и ентерофурил а за ќерка ми пробиотик, електролити, смекта и сува храна
     
    На LadyInPainting му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.528
    Допаѓања:
    2.647
    Пол:
    Женски
    Дали при ларингит качуваат и блага повремена температура? Ќерче заработи ларингит од саботата навечер почна со зарипнат глас и поткашлување и темп 37,6 која се спушти сама во текот на ноќта. почнавме одма со пулмикорт. Денес сабајле пак на доктор нема на плуќа, кашлањето малку разводнето, инхалациите до 5 дена ми рече док. ама сега пак ми качи 37,8. Читам по интернетиве нормално е ама сум немала искуства, утре ќе му пишам на докторот.
     
  12. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.378
    Допаѓања:
    1.492
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми има 5 и пол години. И во последниве 4 викенди повраќа во трите викенди. Првиот пат во сабота на два саати, три пати поврати, по две недели во недела наутро поврати два пати во рок од три сати. А последниот викенд исто во сабота поврати еднаш. Другото време е свежа, разиграна. Да напоменам дека во сабота одиме кај моит родители ама тоа е откако е родена. Тој ни е ритуал. Последнава сабота ја однесов на болница и ни рекоа да направиме крвна слика и мокрача и докторката се сомнева на нешто психолошки. Крвната слика и мокрачата се во ред и денес лак матичната бев да ги види и откако и ја објаснав ситуацијата ми рече да направиме крвна слика од вена и да испитаме плус, алс, алт, Билирубинот, и протеини. И сега сум загрижена да не е нешто сериозно. Извинете на долгиот пост. Дали имал некој ваква ситуација?
     
  13. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    7.657
    Пол:
    Женски
    Синко вчера од школо го земав исфрлан по лицето. Дур отидовме кај матичната па дома, црвенилото му се повлече и почна да ги чеша стапалата.
    Од страна му се вцрвија и отекоа.
    После некое време проделува сирупот и престана чешањето ама црвенилото остана. Утрово почна да се чеша на колковите и му се појави голем плик, се повлече и само е црвен од чешањето на двете страни. Дур се стокмиме за да го носам пак на лекар ако има некој искуство нека каже.
    Не знам на кај да терам, матична, Козле, Систина...
    А од искуство со кожните доктори знам дека само ќе се шетаме :^)
     
    Последна измена: 4 ноември 2025
  14. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    1.307
    Пол:
    Женски
    ако е психолошки еднаш ќе поврати с не во 1 саат 2-3 пати. Испитај што ти рекле немаш штета.

    на син ми така стапалата му се вцрвенија малку отекоа и го чешаа. Некое време пиеше лоратадин кога престана пак исто се понови. Го сменив матичниот и ко му ја објаснив ситуацијата рече ако се јави пак мора испитувања алергија е и се чудеше зашто матичната (старата што ни беше) не презеде ништо за испитување да се направи
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dan iii **

    Dan iii ** Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Dali se resi problemot i kade se bockase?
     
  16. sunflover

    sunflover Нов член

    Се зачлени на:
    10 септември 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    добар ден ве молам помош каде може да се набават диазепам чепчиња за деца или ако носи некој од србија хитно е
     
  17. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.513
    Допаѓања:
    5.246
    Пол:
    Женски
    Велес Жива 2 звони, скопје тешко тие од грчка снабдуваат и имаат секогаш само јави се пред да тргнете.
    Објасни дека ти е за детенце.
     

    Прикачени фајлови:

  18. Makmel

    Makmel Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Кај пластичарска има една аптека имаат во секое време дизепам чепчиња а праќаат и по карго
    078 262 961 ова а бр на аптеката.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    1.307
    Пол:
    Женски
    од кој град си? Ти пишаа погоре во жива фарм Велес продавале со достава.
     
    На sunflover му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sunflover

    sunflover Нов член

    Се зачлени на:
    10 септември 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    звонев во жива....најдов фала ви многу на сите