Вода се дава по голтка кога повраќа и тоа посла пола саат од повраќање, сокови со шеќер заборави или млечни производи. Нека држи диета т.е варем ориз, компир, јогурт, соленки. Електролити има едни за растварање моите нив ги пијат без проблем и капките против повраќање со ѓумбир во зегин ги има. Ние го поминавме вирусот сите дома, јас и малата со повраќање, големата со диареа 1 недела скоро.
Да ги имам капките ке му дадам само реков малу да му се потсмири електорити едни ни препишаја на доктор ги зедовме
Не знам што да ти кажам. Остави го ако мислиш. Има и наусолвит капки, некој спомна. Тоа можеш да му даваш за да не му се гади. Битно да не му даваш одеднаш многу течност, туку лажичка по лажичка и само сува диетална храна додека се смири.
Јас решив проблем со хлорамфеникол. Исто некаде 2.5 години имаше, ја лижеше устата, таа ќе распука, после со раце и лом. 2 дена хлорамфеникол и толку престана да ја лиже, горчливо е а нема штета и престана и да ја чепка после мачкање гадно и беше.
Majki na deca vo gradinka, dali i vasite decinja se razboluvaa prvata god vo gradinka , od oktomvri sme trgnati glava ne krenavme od virusi i bakterii, znaci edno po drugo kako voz eve denes i tt krena 38.5 poludev veke
2ипол саати температурава не мрда од 38. Ни горе, ни долу. Разладував, туширав, лесна облека, супа, малку касна, си пие вода, веќе падна во расположение. Зошто не мрда тт? Што да правам? Е за загрижување? Единствена промена, образите беа жар црвени и еве веќе избледеа, тт не мрда никако.
Моето знае некогаш ни да не симнува под 38 без разлика на сируп, ама качува восока и 38 ако има мене ми е ок и сметам дека спуштил. А други симптоми? Инаку дадете ми совет дали да давам ант или не. Детето е месец дена со затнат нос и повремено сува кашлица, пред 7 дена на лекар го видоа ништо немаше рекоа инхалација со фузолошки и сируп за алергија да видат да не е од тоа, не помина само повеќе се влоши, три дена е полн секрет зелен, значи чешма, кашла влажно по цела ноќ. Тт не качи до сега, денес го виде матичната вели грлото е многу црвено, ушето и има секрет и во грлото се слева го гледам дури, јас сметам нема потреба за брис сигурна сум дека е бактерија, еве амоксиклав да пие, го зедов ант ама без крвна слика и брис некако не ми се дава. Мада искрено матичната скоро секогаш погодила дијагноза и никогаш не лечи со антибиотик ако види дека нема потреба, ама прв пат без кс ми дава ант и сега не знам. А он три дена кашла по цела ноќ и се жали на грлото не е спиен воопшто… Другарка ми ме напна зошто да давам антибиотик сигурна била дека е вирус, она се со хомеопатски лекови лечи дете, јас искрено не верувам во такви лекчиња, мислам верувам дека може да потпомогнат во лечење ама не и да лечат.
Направи брис за да знаеш кој антибиотик, не е секоја бактерија сензитивна на секој антибиотик. Да не те плашам, поубаво направи, на колешка така на плуќа и симна и лежеа во Козле.
Јас пред да дадам антибиотик си правам сама кс и брис и да не ми речат, поучена од искуство. Барем од кс резултат имаш ист ден, ќе видиш кај сте што сте..
Кашла. Вирус е. 5 дена како се оправивме сите бевме партал, од саботата почна пак да поткашлува и еве со благо покачена тт е денеска. Моиве и со опструкции па не качуваат тт, стварно ретко и ваква ситуација сум немала каде не мрда тт. Иначе на доктор што си ја знае работата не му треба крвна слика за да процени дали е за антибиотик или не. Моиве кашлаа како кучиња, страшно, ми рекоа вирус е, стварно помина по некој ден. Следен пат кога кашлаа беа со опструкција и добија антибиотик. Чим е со инфекција во уво давај антибиотик не се мисли. Иначе јас баш ради тоа не инхалирам никогаш. Не можам да проценам дали е вирус или бактерија, ако е бактерија со инхалирање само може секаде да се пренесе. И ако е бактерија, а трае долго и многу веројатно е, тогаш е за антибиотик. Јас исто не давам антибиотик освен ако мора. Давај пробиотик и многу зеленчук ако јаде.
Да мајка, едно веќе порасна така, еве го прваче, сега имам бебе, кога ќе помислам дека пак низ истото треба да поминуваме, ми се темни да ти кажам. Тргна на година и пол во градинка, два денови одеше, после недела, две дома. И се така во круг. Ми викаа дека до три години ќе се смени, ама кај нас потраја подолго. Почнав да давам матичен млеч после втората година, штом го прекинев после некој ден пак беше со температура, мрсули, но фала му на Бог секогаш лесно поминувал, без спуштање на бели дробови и сл. Јас кај него забележав огромна разлика т.е. подобрување околу петата година. Но има и деца што побрзо ојачале, се надевам дека ќе ја имаш таа среќа помало да стане отпорно на тие работи. Јас се тешев со тоа дека подобро помало да ги помине тие работи, отколку кога ќе тргне во училиште (кога не би го носела во градинка).
За црвено грло и толку мн секрет, секогаш се дава антибиотик, може и гнојна ангина да фати ако така оставиш, се мачи детето само така. Како рекла др така прави, не слушај други.
Нормално да, 10 пати годината било нормално да се разболуваат децата, кај првото дете после 3 год проретчија разболувањата, во градинка одеше од 2 год, во 3тата и 4тата година само еден антибиотик испи, потоа на неполни 5 год сипаниците ги помина заедно со бебето братче кое беше само 2 и пол месеци. Од тогаш ништо, некои слаби настинки со нос смрчење, лагингит 2 пати кој поминува со инхалации и лоратадин сируп. Ќе прави 7 год. Малото лошо тргна в градинка, на 14 месеци, после само 3 недели завршивме в болница со пнеумонија, после неа само по 2 недели тешка дехидратација од дијареа од Аденовирус. Така после пауза имаше, пролетва тргна пак в градинка и пак си почна со тт со све па од септември сега е дома пак. Здрав дома Господ напомош од утре сакам пак да оди в градинка, страв ме фаќа. Иначе е 2 год и 3 месеци.
Nie zarabotivme sipanici , sea i jas gi nemam prelezano pa panika me faka. Inace stvarno ne treba da se banja bebe dodeka mu iskacaat ili gluposti se toa ?
Првите дена не ги капев и јас, ама нз мислам нема врска, големиот тогаш беше скоро 5 год многу полошо помина од бебето 2 и пол месеци, тоа имаше 20-30 сипаници, дека мало неможеше ни да се чеша, а големиот секаде имаше осип, буквално секаде....ама и тоа помина, со помин и со лесно..
Глупости се, само да не ги триеш посебно не со крпа при бришење. Моите поминаа прелесно, со по 5-6 сипаници
Ти ако имаш симтоми одма на ифективно, пази за себе си многу, возрасни потешко поминуваат. Бањањето глупости, неколку пати на ден ја туширав малава со хиперманган да и олесни. Толку е една недела излегува осипот, уште една да заздрават и да се исушат.
Мајки што можам да направам за малце да ја ублажиме кашлицава? Се скапа детево од кашлање.. Педијатарот ни рече да инхалираме со кортаир на 12ч ама не може ни да спие како што треба и у спиење кашла. Тт нема,не е омалаксан ама многу кашла и носот му е затнат. 3 години има.