И ние бевме така со стрептококата и сега ни дадоа антибиотик превентивна доза секој дрн пир и ок сме, консултирајте се со лекар
Мајки хаос сум, големата ќерка 5 години пред три дена растечено носе без тт, добар апетит, сега почна да кашлат суво и направив инхалација само со физиолошки почна повеќе да кашлат, бебето 7 месеци сега почна да киват и да тече носето, не знам големата дали да ја носам сега на доктор да ја наслушаат се плашам од пнеумонија, еднаш имаше примаше урбазони и десет дена инфузии а се плашам и за бебето не знам кој правец да го фатам
Моето прв пат после Амоксиклав исфрли вака, исто може ид комбинација со вирусот беше тогаш. После пак примаше амоксиклав(втор пат) и немаше проблем. Може и последица од висока тт, не се сеќирај.
После само две дози од 2.5мл аериус скроз се повлече. Си го допи антибиотикот и секако бевме на уште една контрола. Докторот повторно рече дека не е воопшто сериозно. Да, имаше осип, не премногу изразен и скроз рамен беше не како подуен. Сега си е добар нема скроз ништо веќе 2 дена.
Може и после 2 години, во тој случај само една доза ставаат. За големиот не беше уште воведена во календар. После две години по препорака на матичен ја ставивме без проблем. Во ј.с. го боцкаа.
На 18 треба да го носам Козле кај др. Петранка, а после неколку дена и кај др.Искра во Ремедика . До сега не убедуваат дека е на алергиска база , па да видиме што ќе кажат . Обавезно ќе си прашам за стрептокока, не сме примиле ни MRP , ни ревакцина DTaP поради бактерии ,опструкции ...
Нека проверат алергии. Малиот мој правеше опструкции 3 пати во 5 месеци (ова за пневмонии кажувам, два пати лежевме во козле), плус често правеше и бронхит. Сега е на пумпица и спреј во нос и да не го подречам добро се држи.
Најдобро на доктор да ги носиш и двете, ќе ти даде соодветна терапија. За големото дете можеш ова да му го направиш помага многу за кашлица и грло. Стави во ѓезве шеќер околу 1-2 лажици и мешај да се стопи треба да стане кафеав и да мириса убаво, гледај црн да не ти стане, после колку една чаша од оние големите за кафе (во кафе што се паѓаат), незнам колку е грамжа, млеко, полека сипувај и мешај да се стопи шеќерот и стави негро бонбонче внатре да се стопи чекај да почне да врие и тргај. Може и да врие ама ќе се направи како корка во млекото не верувам дека ќе сака да пие така, ќе треба да го цедиш. После нека биде топло кога го пие ама не претопло да не се изгори. Количински колку и колку пати да му даваш пошто е дете, давај му толку колку што на ден пие млеко и конзумира шеќер, можеш и во помали чаши 2-3 пати...
Блокмакс доза според кг како идеше ? Според упатство е според возраст ама во систина пред неколку месеци кога бевме ни кажаа дека премалку е 2.5 и затоа не симнувал. Се мислам дека 4мл ни дафоа тогаш. Сега е 11.5 месеци и 10.5-11 кг
За жал да. И јас го носам кај Петранка. Она до крај се обидуваше да не е на пумпица, ама после последната пневмонија едноставно сите беа сложни дека мора. Кај него е алергија на мувла и полен од трева. Покажа и на млеко одреден степен на тест преку крв во биотек и беше на немлечна исхрана 4 месеци. Во септември повторивме кожни и тестирање со оптеретување му правеа и полека ги вративме млечните затоа што на кожните не покажа реакција и другиот тест помина ок.
Здраво мајки, кажете ми што можам да дадам на малото, две и пол години е. Цел ден не сакаше да јаде, но немаше ништо, до пред малку. Откако заспа се буди цело време, едвај глас пушта и едвај голта. Најверојатно грло ја боли. Од лек за грло немам ништо. Дали има нешто домашно што можам да ѝ дадам за да ѝ олесни?
Здраво, малиот константно е со растечен нос и тоа стварно грди мрсули, секојпат на брисеви излегува бактерија. Се е испробано од антибиотици, на ништо не делува. Педијатарот вели додека не стекне имунитет вака ќе било, но детево се мачи, со месеци е вака. Иако, фала богу не спушта на плуќа, нема температура и сл, но истоштувачки е да дува нос на 15 мин. Некое чаре, алтернатива?