Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. mandarinkafinka

    mandarinkafinka Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Благодарам од срце, бев кај пунктот за вакцини секако брвме на систематски, пошто е ептен мала гребнатина кажаа само дека немаме гајле за тетанус има заштита до 5 години со редовнава вакцинација...
     
  2. mandarinkafinka

    mandarinkafinka Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Пробај дај и виранто, помага при први знаци на настинка... бар ако дадеш во првите часови после појава на растечен нос
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    И дадов виранто првиот пат кога и се растече носето, поминавме без тт само со растечено носе, мене чудно ми падна по два дена од ко престана носот да и тече почна пак,денес ја однесов да и земат брис од нос и грло, па ќе видиме петок на резултатот да не има нешто
     
  4. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Амоксиклав антибиотик се раствара со превриена вода од чешма?
     
  5. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.487
    Пол:
    Женски
    моите двете се имаат набодено на шајка со стапалото. Малиот беше со нова шајка а големиот убаво нагазил на рѓосана. Двајцата вакцинирани. Големиот ја третираа раната на хирургија и пиеше антибиотик а малиот ништо.
     
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    40.567
    Пол:
    Женски
    Јас знам со дестилирана. Можеш обична што е за пеглање да земеш
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Го пратив мм во аптека, заврши работа. Фала Ано.
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    26.678
    Пол:
    Женски
    Точно 13 дена големата ми е со тт на секој втор ден, кашлање без престан и секрет. Прво бевме на матичен, ништо не е вирус ќе помине, после 5 дена почна да качува повеќе од 39 и го исповрати шлајмот на 4 пати, омалаксана беше скроз и бевме на доктор, баш пишав дека не спушта одма тт. После 1 ден клапнав јас со скроз исти симптоми, мајка ми и татко ми, сега мм. Тт и помина немаше 3 дена, сношти пак. Од градинка денес не известија дека повеќе од пола деца се со инфлуанца, они се вакцинирани и као намалуваат на симптоми ама вчера јас се тестирав негативна бев. Овс веќе не ми е нормално
    Сте имале ли инфлуенца да ми кажите како сте поминале?
     
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.518
    Допаѓања:
    11.665
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e пиши овде
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.711
    Допаѓања:
    38.615
    Пол:
    Женски
    Симптомите одеднаш се појавија.
    Здрав си и одеднаш болен.
    Освен што се појавија одеднаш, беа и многу јаки.
    Се во исто време, боли грло, главоболка, смрзнуваше и омалксуваш на кревет и се те боли. Апетит нула.

    Короната ја поминав со послаби симптоми од грипот.

    Температурата ни два дена не траеше кај нас, и до 39 беше ама кога смрзнуваш мислиш готово ќе се заледиш.

    Само ибупрофен пиевме и по еднаш парацетамол.

    Кога излеговме да прошетаме, демек здрави, малиов омалаксан, блед, температура. Па пак го оставив само да лежи и спие и пак е ок.

    Јас исто на работа одам болна (дека два пати годинава лажев заради друг дека сум болна и пишав боледување) и еве ме сега скршена се ме боли, немам сила да се помрднам.

    Вашево не би требало да е инфлуенца, личи како да има нешто што не е откриено.
    Воспаление на уво можеби?

    Помага само лежење и спиење како што сфатив од нашево искуство. И кога мислиш дека си оздравел сепак да продолжиш да лежиш уште неколку дена па и повеќе.
     
  11. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Да, сите дома имаме поминато, трае една недела заедно со температура, 2-3 дена јака температура, па 2-3 дена без температура па после уште ден два пак температура и толку.
    Болки во грло, растеле нос, кашлицата сама која трае цел месец и нешто.
    Болки во цело тело, многу јака главоболка кај мене 2 дена, кај маж ми 5 дена која не минеше со ниту еден ап. Со еден збор - КАТАСТРОФА од вирус. Грип е ама и грипот вирус е.
    Со помин
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    26.678
    Пол:
    Женски
    Епа мм има болки во грло и главоболка, јас два дена коса ми се кубаше од што болката не можев да ја издржам, исто симотоми имаме се како што опиша сите 5 души алии вчера мојот тест беше негативен ( после 3-4 ден од првите симптоми). Како што кажав децава се вакцинирани, денес бевме пак на доктор крвната слика и е во ред, на гради нема ништо, уши исто и грло во ред ( 12ти ден) нејзе не и зедоја брис. Битно се и е во ред, само треба трпение и повеќе одмор изгледа.
    Чим крене уши ќе почне да игра трча и после тоа клопче е ама не знам не сваќа.
    Јас сум човек што за мои 28г дали 10 пати сум била болна ама ова како сега не го имам доживеано.
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Многу заебан вирус е, полош и од короната.
    Ќе мине. Трпение
     
  14. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.019
    И кај нас инфлуенцата беше со висока температура 4 дена, па 2 дена ништо, па после уште 2 дена температура. Препотување во спиење, треска, главоболки омалаксаност, ова кај возрасните. Јас исто 3 пати сум била болна во животот ама ова беше страшно, завршив на инфузија за да можам да живнам да си го чувам детето. Не дека многу помогна. Кај нас на малата набрзо и помина и најмалку се жалеше од сите :D со лесно, штом сите испитувања се во ред, држете се уште малку, ќе помине.
     
  15. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете некој суплемент што да земам малава е скоро 9м и од ноќеска затнато и е носето свири со носето и се слуша дека има секрет а и подкашлува што да земам за носето како и за кашлицата мерев тт нема 36.6 е
     
  16. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Малата на што се жалеше највеќе? Колку дена имаше тт?? Син ми,од вчера се пожали на главоболка. До вечерта покачи 38.1тт го однесов на доктор ми рече вирусна инфекција. Сам ја спушти тт,до 37 со нешто сега мерам 36.6,ама ме загрижува пак се пожалува на главата. Вчера вечерта беше ептен омалаксан, денеска подобар е. Терапија немаме освен аериус,бидејќи се накашла неколку пати како зарипнато
     
  17. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Ние сме само со спрејче аква марис, подкашлуват од секретот навечер ставај кромид во собата подобро ќе диши и ќе спие, мене двете деца ми беа со затнато носе 10 дена па два дена подобри и еве сега пак се затнати не знам кој правец да го фатам, што вирус ќе беше ова
     
    На Butterfly009 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.019
    Малечка беше, лани имавме инфлуенца, на година и некој месец. Беше генерално омалаксана, уморна, поспана, расплакана, не јадеше, не пиеше, среќа цицаше и на тоа бевме неколку дена. Можно е и глава да ја болело, ама не знаеше да каже. Мислам дека е нормално до некаде со вирус и температура да болат и мускули и глава, особено ако не пие доволно течности. Форсирај повеќе водичка, па и електролити може, ќе помине.
    Едит. Температура имаше 6 дена вкупно, ама со пауза. 4 дена качуваше цело време на 8 саати со лек. Па 2 дена немаше температура живна малце, па после уште 2 дена само навечер. Таков бил грипот и во амбуланта така ми кажаа, иако се надевав дека не се во право дека ќе се врати температурата откако тргна на подобро. :D
     
  19. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    828
    Пол:
    Женски
    Мајки на кое вашете дете имало бронхит, денес му е 7ми ден и на контрола ми рекоа се е ок ама од вчера вади гуси мрсули и полн е со шлајм на гради. Дали е ова нормално и е нормален процес на заздравување? Во петокот и пишав на матичната ми рече не треба пак да го однесам дека во четвртокот бил на контрола.
    Утре треба да ги прекинеме инхалациите. Антибиотикот треба за 3 дена да го завршиме.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.162
    Допаѓања:
    204.846
    Пол:
    Женски
    Нормално е, секретот се разводнува и се исфрла, може и да се раскашла повеќе и да исфрла шлајм.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.