Мојата беше со исти симптоми. Изгоре од Т 4-5 дена, потоа имаше осип по тело и по цело лице. Првиот ден беше поинтензивен од вториот ден всќе почнаа да се губат. Нека не се плаши, нормална појава е..
Вака сега , јас сакам да пишам нешто во врска за ќерка ми. Некаде 20ти јули почна да поткашлува само преку ден без никакви др симптоми. Не обврнувавме внимание , по една недела видов дека не престанѕва кашлицата, почнав да и давам еден сируп мукосолвант (ambroxoli hydrochloridum) ми го препорачаа во аптека). Ние сме сега на одмор со ќерка ми кај моите во Мк и од кога дојде продолжи со кашлањето , на 2.8 качи температура 37.5, и давав блокмакс плус почна со антибиотик аугментин. Не и пројде кашлицата , во меѓувреме го испи антибиотикот и ја однесов на лекар. И даде да прави инхалации два пати дневно 5 дена со две различни лекови, плус еднаш на ден со синомарин. Кашлицата се смири, не кашла интензивно меѓутоа при искашлувањето се забележува дека има секрет. Навечер си спие мирно. Пред 2 дена правеше к.слика , се е мирно , крвната слика одлична. Денес ја однесов пак на лекар и ми рече да и правам инхалации со вентолин , е ми спомна дека може да и направи тахикардии, отежнато дишење. Ми препишаа и антибиотик кларитомицин , тој ќе и го давам од утре. За ова инхалацииве се плашам. И давав АЦЦ и денес кога стана се исфрли по нозете по бутовите, големи пликови , алергија. И дадов аериус и ништо друго денес. Имате ли вакво искуство? Прв пат спушта вака надоле , ми рекоа почетна пнеумонија , ама некако не ми е во верба ,поради тоа што нема ништо друго. Не знам веќе што да правам
многу лекови и се собраа и вероватно затоа е осипот. Ако спуштила на плуќа или фатила пнеумонија/ бронхопнеумонија ќе има длабока кашлица и температура повеќе дена. Не и давај толку антибиотици. Па уште штом крвната слика е добра.... Од каде почетна пневмонија не сум доктор ама чудно ми е мислам дека може и со ренгенска снимка да се види дали има нешто на плуќа зашто сестрами ко фати пнеумонија гореше од тт и правеше ренген снимка.
Моето имаше пневмонија без температура.Вирусна. @koritsaki направи пнеумослајд, обично кога има кашлица која трае препораката е таа. И антибиотик зошто?Правевте ли брисеви? Многу некако антибиотици
Брис не, само крвна слика. Знаеш за пнеумослајд изгледа никој не ја праќа од докториве зошто знаат дека нема осигурување, ама ако треба на приватно ќе платиме сега тоа е , здравјето е најважно
Ели ме претркала. Моите пред неколку месеци спуштија без температура. Кларитромицинот и сумамедот- ова во случај да не може да го поднесе првиот антибиотик, се најдобри за инфекции на дишни патишта, но јас би ти препорачала да направите прво пнеумослајд, за да не го пие за џабе антибиотикот ако нема ништо. Инаку крвната слика може да биде одлична, а на пнеумослајдот да покаже дека има нешто. Од лично искуство кога имав микоплазма пневмонија. Ако тие резултати се добри, тогаш можно е да има алергија на нешто, па ќе ви дадат антихистаминик. За вентолинот, двете ќерки правеа инхалации со него, но немаа такви контраиндикации. Знам дека упатството е страшно , но почни ако ти препишал доктор, тој многу ќе ѝ помогне.
Однеси ја кај Паскалов(ако сте во Ск), објасни му каква е состојбата ќе те прими и нема ни да ти наплати. И следи ја дали од аериусот ќе има некое подобрување. Ако има тогаш ништо чудно да и е од алергија..
@koritsaki ако не се лажам во Авицена прават пнеумослајд, дека спомна и за приватно. Ѕирни на нивната страна на фб, а и контакт телефони ќе најдеш, да не луташ за џабе. Нема правило со пронхопневмонија за тт, осип, интензитет на кашлица, се зависи од имунитетот на детето и дали е вирусна или не знам каква. Синми на 1,5 год ни тт ни ништо, закачи вирусна. Бевме хоспитализирани, се среди со линдацин. Не паничи за вентолинот, не читај упатства
@koritsaki Гого на одмор е од пред некој ден, ама може Виктор да го ѕирне. Да, нема да те вратат, иако во случајов ќе бидеш "падобранец".
@koritsaki Секаде прават пнеумослајд, мислам дека и на микро и во институт за јавно здравје да одиш и да побараш на приватно да испитаат, ќе испитаат. Само таму на приватно ќе ти испадне поскапо, отколку да испиташ во Авицена, Синлаб или други лаборатории. Барем јас кога испитував 350ден. беше партиципација, а мислам дека вкупната цена изнесуваше 3500ден. на микро, во Авицена е 2500ден.
Зошто подобранец? За дете ако треба и марсовец ќе бидам само да е добро. Тешко е а поготово кога не си во своја земја. И Виктор е одличен, ќе добие второ мислење и барем ќе праша дали има потреба од пнеумослајд.
Оди на клиника. Преглед е 750 ден приватно на клиника да платиш а во Систина 2000. Претпоставувам и со испитувањата им се цените разлика и најбитно нема да гледат да ти земат пари само. Со лесно
Сакав да кажам дека Гого и Виктор се богови во секој поглед и нема да ја вратат, што не е случај со сите лекари педијатри.
@chocolade само што го испи аериусот сабајлето и помина и цел ден еве не и се јави пак алергија. Не и давам веќе АЦЦ , претпоставувам од тоа е. А викам ајде ќе отидам кај тројца различни доктори , да ми кажат мислења. Сите различно кажуваат. Едната вика не и давај такви јаки работи за инхалација (атровин и пулмикорт она досега вдишуваше) а и за вентолинот истото мислење го има. Другата (што ми ги препиша) вика давај и се тоа. Третата вика почни антибиотик. Плус ете брат ми е лекар - не е педијатар , работи специјализира друго и има познавање од некои општи работи сепак не е негова специјалноста педијатрија, и на него му беше шубе за вентолинот.. И сега сите ме ставија во мисла.. па викам вас да ве прашам на крај краева за совет. Баш ќе се распрашам и за пнеумослајдот. Фала ви за советите и за препораките за доктори, ќе ги имам на ум
Малата ми е со тт 38.3 од попладнево. Чепче ефералган во 6 ставив, симна тогаш за тогаш, пред малку мерам пак 38.3, ја туширав со млака речиси ладна вода, ставив чепче пак, мерам тт пак исто стои. Многу брзо дише плус Имам само уште еден ефералган дома. Ноќта е долга, како да ја минеме? Аларми на два часа направив ама ако не ги осетам? Да ја разладувам ли со намокрени крпи вода? Или оцет? Само по памперс е, климата пуштена, а дете гори....
ќе спушти полека, така е и подобро, давај течности имаш чепче за во 6 да дадеш и на лекар таман од сабајле, само смирено, не мачкај со ништо, можеш чорапчиња со оцет и кукурузно брашно,мојата само од тоа симнуваше се додека не почнав блокмакс да давам
Брзо дише, затоа што има температура. Рачињата и стапалата, ладни ѝ се или топли? Ако ѝ се топли, значи нема да дига повеќе од тоа. Исто би ти препорачала да ставиш аларм на 1 саат, не на два, затоа што знаат наеднаш да дигнат висока температура. Ќе бидеш утре крш и ненаспана, ама посигурно ти е така. Прати ја ноќта, ако се буди, дај ѝ да цица, или да пие вода за да се хидрира. Можеш да ја разладуваш со водени крпи, исто можеш и чорапчиња намокрени во оцет. Побрзо да поминува.
Топли и се и рацете и стапалата. Тт се качи на 39. За 2 часа дигнала пак, чепчето во 12 не и спушти воопшто. Туширав, стаив последно чепче. Стаив оцет на чорапчиња се откорна од плачки. Чекам да заспие па да и ги облечам пак. Потонав во сон, и сеа од страв не спијам.Преморена сум и ќе задремам, а 39 ме паничи..
@koritsaki и да не е осигурана тука не може да ве вратат, ќе ве третираат како приватни пациенти ќе платите нешто повеќе само. Ако не сакаат да и направат пнеумослајд пробај и во приватниве, и во Систина прават. Може и во Козле да одиш, кога е веќе пнеумониа во прашање таму се најстручни според мене. И ако така вече подолго време кашла кога ќе се смири актуелнава состојба направи и алерго тестови. Со вентолин инхалации имам правено и кај двајцата, по препорака на доктор нормално, поради пнеумониа, одредено време дозирано според возраст. Се надевам дека бргу ќе помине