Бевме на контрола на големата и препишаа инхалации со ипратропиум, немам до сега правено со ова инхалации освен со кортаир, нема спуштено на плуќа ама да се инхалирала за да и се разредел секретот, што значи повеќе ќе кашлат, а предходно ко бевме на контрола беше друга доктрока ми рече ако правам инхалации ќе и спуштам на плуќа, јас стварно не знам што да правам и во што да верувам
Ипратом (веројатно е истото) со ќерка ми користевме кога имаше пневмонија и после тоа по насока од доктор со бронхит кога беше. Баш кога ќе ми речеле има спуштено на гради, ни давале инхалации, со Вентолин или Ипратом.
Дали Мене ми е страв дека прв пат го давам а треба од вечерва да почнам да не испадне нешто сепак лек е
Ние го користиме. Подобро тоа него вентолин. Од вентолинот моето доби голема тахикардија, беше како во струја вклучен, не застана во едно место. Плус Вентолин му препишале голема доза... мораа со една инекција урбазон да го боцнат да се смири ситуацијата. Го сменивме со Ипратом и е многу подобра опција. Не се плаши нема да ти спушти на плуќа, тоа баш го даваат да не прогресира болеста. Сигурно со причина ви го препишале. Имам колешка што и седи 3 месеци на кортико инхалации за да не и спушти на плуќа. Не знам кој доктор рекол дека инхалација ќе спушти на плуќа.
Мајки здраво Од петок попладне детево ми се пожали на главоболка,до вечерта крена тт 38.1 сам ја спушти до 37 со нешто без сируп сабајлето веќе,немаше 36.6. Во меѓувреме го однесов на доктор, вирусна инфекција ми рече. Меѓутоа сеуште се жали на главата,д-р симптоми нема освен малце засипнат нос. Сега пак го носев на доктор исто ми рекоја од вирусот е до Среда ќе му помине. Утре треба да правиме крвна слика со црп. Не интересира дали има ваков вирус со главоболка и еден ден тт? До сега не се пожалил на глава 4 години и 9 месеци е .
Да има некој таков мутав вирус. Моево дете минатата недела два дена се жалеше на болка во глава и стомак. Немаше температура или јас не фатив да му измерам во моментот кога имал. Пред неколку дека пак се пожали. Неколку дена после школо заспиваше (што е за него чудно бидејќи денски дремки нема од негови две и пол години).
Една докторка така ми рече дека од инхалации ќе спушти на плуќа вчера на контрола ко бевме друга докторка ни даде инхалации, вчера и напрајв инхалација ми вика срцето ми чука силно, ајде ја легнав малку за пет мин стана и си легна дури на полноќ, сабајле пак и напрајв не се пожали ништо ама јас пукнав од страв
Мами, синко 17 месеци се изгоре на дланчето на шпоретот. Тие што имаат искуство, со што сте третирале?
Дермазон маст. И ако имаш нешто ладно стави му на рачето да не го боли. Некое парче од замрзнувач замотај во крпче и стави му на рачето. Сигурно го боли многу. И дај му парацетамол пола доза. Дека тешко ќе биде спиењето вечерва. Многу меурчиња му се кренале, ќе го боли. Дали го стави под чешма кога се изгори? Мораш да го ладиш, ќе му ја олесни болката.
Еве сега пак не е легната се гледа дека не ја држи место,не знам што да правам да и ја прекинам инхалацијата, мене вака ова ме плаши
Си спие мирно цела ноќ, не покажува дека го боли, нема температура. Не го најдов дермазинот ми рекоа дека е дефицитарен па не ставив ништо, не знам можеби згрешив. Некоја заменска турска крема му дале на мм во аптека ама не му ставив, мисла ми беше.
и моето се има "залепено" на шпорет исто дланката лом како на сликата. Кантарионово масло и маст од невен домашно направен нас ни помогна
Здраво. Детето пак ми кашла, нњ е сува кашлица но една недела ја лекувавме со Cortair наутро и навечер и сега со синомарин и плус вентолин ни дадоа. Друго ништо. А нема подобрување, крвна слика викааг супер е не е за антибиотик а тоа кашла ли кашла. Ке одам на второ мислење утре а искуство ваше со упорна кашлица? Ширупче некое или шо знам..
Дали е можно 10 денада пие оспен за гнојна ангина и на деветиот ден да ми крене пак температура а покриен со антибиотик? Вечерта почна да крева тем висока до 39 и преку ден пак и сопругот го однел за к.слика.. леукоцити покачени и црп 50 на неполни 12 саати од температурата. Матичната му рекла личи на бактерија и даде панцеф да продолжиме..синоќа една доза, денес пак една доза..денес е пак цел ден со тем.висока..кога да очекувам да почне да не крева веќе..и кажете некој лек, незнам некоја препорака, оти веќе скренав од овие разболувања
Да, убаво е сирупчето, густо е како мед. Помага, го омекнува грлото и олеснува кашлицата, ама не ја смирува, барем кај син ми. Ако ти е над 3 години детето, лижавчињата од Dr. Theiss пробај ги, кај син ми ептен смируваат кашлање. Спојлер