За влажна кашлица кој сируп ми го препорачувате сега во јануари ќе прави 3 год. Има секрет од носот и позадински мрсули инхалирам со пулмикорт така ми рече матичната ама уште кашла па си викам и сируп да и дадам само незнам кој.
За овој шо пишевме претходната страна можи и за сува и за влажна кашлица, ама мало е детето па најдобро е со доктор да се консултираш. Со помин пранаром се вика сирупот инаку
Пишува дека може да се користи над три години, така што мислам дека можеш. А од други сирупи, за влажна кашлица сум давала од бел слез за искашлување. Ама тоа во консултација со доктор, на своја рака не.
Јас ќе побудалам бебето е скоро месец дена со растечено носе затната е скроз нема кашлица, на плуќа е чисто, брис чист температура нема, бебето е 7 месеци и има 7 заби, сега и долу вади две двојки дали е од тоа, јас веќе не знам каде да ја носам, и поголемата имам пишано и предходно носето и тече, за неа дадоа инхалации ама и таа ги вади шеските, уште ми остана за алергии да ги испитам, не верувам да е вирус 1 месец
За затнат нос и сува кашлица , инхалации да правам ли со физиолошки до Понеделник додека отидеме на лекар ?
Инхалации на своја рака никогаш не сум правела, особено не за затнат нос. Прскам мералис, септаназал или оперил.
Само многу течности пиење и чистење носето, не знам ама мене ни еден доктор не ми рекол дека сируп е добро и помага освем овие две работи и секако влажен воздух, проветрување често простории. Иначе кашчица може да трае до месец дена
За да се третира антибиотски moraxella во нос кои симптоми треба да ги имаме? Носот му е полн веќе четири дена, влечеме до носко и ставаме Мералис и диво оригано (по препорака на педијатар), на брисеви излезе бактеријава во нос. Педијатарот рече нема потреба антибиотик, немал симптоми. И не ми текна да прашам кои треба да му се симптомите? Освен проблемиве со носот стварно нема ништо друго, нема температура, расположен е, јаде… се е океј. Ама сепак бидејќи сме во јасли 2 недели скоро да препрашам
Ќе се третира бактеријата ако развие симптоми на болест, значи температура, да спушти на плуќа или воспаление на уши и сл. Чим нема ништо од тоа не третираат со антибиотик.
I nie ja imavme ama ne ni rece da ja tretirame pedijatarot posto nemase drugi simptomi: temperatura, malaksanost, namalen apetit. Prskav sprej i cistev mrsuli. Sekogas ke imaat nekoja bakterija
Сабајлево качи сигурно и над 38.5 па и дадов Блокмакс дупла доза и спушти. После дејството од 8 сати пак крена, пак и дадов Блокмакс ама не спушта сега, само лежи. Што можам сега да дадам? Никакви други симптоми нема.
Ќерка ми веќе една недела е настината има мрсули и шлајм инхалирав со пулмикорт и помалу кашлаше но мрсулите и останаа и престанав со пулмикорт инхалирав со синомарин, вчера и завчера имаше температура до 38 и сама и паѓаше денес се пожали на увото и бевме на лекар ни даде капки и пак да инхалирам со пулмикорт и ако почнува да крева температура утре да ја носам пак на доктор. Денес имаше 38.5 дадов блокмакс сега пак има после 6 часа пак 38.5 дали утре докторката ќе и препише антибиотик ми е прашањето?
Види со блокмакс ако е против воспалителен сируп давај на 8 часа, за 2 дена ако не и мине тогаш ќе треба антибиотик
за воспалени уши сум давала 3 дена по 3 пати на ден блокмакс, од 5 пати само еднаш има завршено со антибиотик за ушињата. Ларингит има што инхалирате со кортико?
Ама утре ми рече да одам ако крева температура да не сум чекала плус сопругот ме пукна да ојме тој едвај чека атб да и дает.