Ако ти даде атб давај и не се мисли. Ради тоа недавање при воспаление на уво заглавивме со 300 компликации и сега сме на втор антибиотик и уште не може да се оправиме.
Не и е увото не ја боли повеќе, правевме крвна слика беше во ред ама црп високо 105 не и даде атб ќе сме почекале до петок па пак да испитаме црп, некој грип има и многу кашла на докторката и е страв да не и се спушти на плуќа.
пред точно недела дена кревавме мн висока тт над 39 , завршивме на детско ни дадоа инекција сњ смири тт едно 10 сати и пак нс ново .. После тоа почнавме со антибиотик амоксиклав и супер бевме до денес когс еве пак кренавме тт инаку бевме со потечени крајници пред гнојна ангина …често од тоа си патиме Сега што ? покриемо сме со терапија ,антибиотик … ств нз што веке
Тоа што детето пие антибиотик нема влијание на крвната слика. Има само на антибиограм. Ако ти пиеш антибиотик ич нема врска со крвната слика на детето (ова пошто пиша во множина дека пиете антибиотик може само да биде дека ја префрлате инфекцијата од мајка на дете и обратно).
Молам некоја будна поискусна мама да ми пише. Син ми 17 месеци од завчера е со температура но не беше над 38. Заспа ноќта и спиеше до 6 утрото. Кога се разбуди му измерив неколку пати и варираше од 37,5 до 38,4 па дадов ефералган. Во текот на денот се движеше од 36,8 до 37,5. Не дадов ништо и си заспа. Сега пред 15тина мин се разбуди, му измерив 37,5. Дали е во ред да не давам ефералган? Некако мисла ми е, а знам дека не е многу висока температурата. Цело време му варира но не е над 38. Што да правам?
До 38.5 ако детето не се жали на болки и не е малаксано не се дава ништо за спуштање температура. Ако твоето јаде и пие тогаш терај без спуштање температура бидејќи и температурата е корисна за борба со вируси.
Мами од што може да е ова? Немаше ништо пред недела дена и се активираше , ја мачкам со невен крема и се смири по некое време пак се активира некој лек? Па секако на доктор но сега се празници тука и неможам до понеделник ништо.
Не....само контролирање и смирување на црвенилото....најубаво консултација со дерматолог/педијатар, на различни деца влијаат различни креми/методи на појавување и лекување. Син ми има од 4 месеци, сега ќе прави 5 години, со текот на годините научивме да го менаџираме
На моето близначе исто минатата година се појави овој месец но на вратот но само од себе помина сега овде на нозете од пред недела дена и искрено се прашувам од што е каде грешам...
Мачкај крема ла рош за атопична кожа, многу помага. Можно е да е алергија, пад на имунитет или слично. Имаа моите на неколку наврати кога беа мали и фала богу се среди
Тие што ваделе заби со тон мрсули до кога трае тоа? Ние сме 17м и тек сега прво запче Еве неколку дена огромна количина безбоен секрет, носот чешма. Болен не е, не бил..ни темп ни кашлица ништо. Го однесов денес, ми рекоа да продолжам со синомарин 2 пати на ден со носко да влечам, да мачкам Експулмо на гради малце и септаназал за деца 5 дена бидејќи иако не е болен, ств има премногу секрет..2 пати бил болен до сега волку мрсули немал
Спрејче Назонекс дали сте купувале брзо и од каде? Денес ни го препишаа ама во аптека ми рекоа дефицитарен бил го немало ни за нарачка.